Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Црна Гора поточно во Игало со другари/ки(ако бил некој нека каже како е) а после планирам еден мал во Охрид нормално ако ми останат пари од ЦГ што стварно не верувам).:pipi:
 
Имам понуди за Охрид викенди, за Црна Гора, за Хрватска и за Бугарија, значи цело друштво се кани на 2-3 одмора да идеме, но ова лето размислувам за една моја долгодишна зелба, сакам сам да одам негде, и размислувам почеток или средина на Август да се распрашам по агенцииве,за некоја Европска турнеја, но значи сакам сам, без да знам никој никого, и што и како , се качуваш во Автобус и тргаш, авантура која не се заборава, почнуваш од 0 , се запознаваш , комуницираш , забавуваш , делиш искуства со сосема непознати трети лица, па ќе видиме
 
Црна Гора или Албанија, малце во Тирана на шетање и малце во Драч.Moже до Охрид неколку дена иако дел од одморот го поминав.Секој ден ќе капиме на езеро само да се среди времево 5 дена врне...
 
Сакам мини тур со воз низ Македонијава... ранец,нешто кеш, фотоапарат и момчето ми...
Септември може едно феминорелаксирање надвор од Мк, или Маврово.
Како и да е... Плановите се тука, реализациите ќе ги дочекувам.
 
Или Будва или Крф, па ќе видиме.
 
Никаде дома, нема пари за леб а не пак за одмор!
 
Охрид или Струга [најверојатно е двете на неколку дена] ама дури некаде за 2 месеца.:( Таму некаде при крај,средина на август почнува мојот одмор.:)
 
Планирам за Грција. Парајлија или Олимпик Бич.. 50-50 се шансите
 
Би сакала да одиме во Дојран. Поврзана сум со местото. Викаат дека водата била надојдена, па сигурно уште поубаво е. I love Dojran! Дај Боже таму да одиме..
 
не мрдам од охрид :) рај ке биде :)
 
Дајте линкови од туристичките агенции тука кај нас?:smir:
 
Охрид, како што стојат работите. Инаку, колку што можев да видам/прочитам деновиве, од странскиве дестинации, Грција ми се виде како најевтина од сите можни варијанти, а каде што Турците, лупнале цени до небо.

Така да секој по своја желба и услови. Ја не би во Грција, ни за џабе. :wink:
 
Oхрид-претерано набилдани цени како хрватско приморје, премногу луѓе...
Струга-грд град, премногу запустен, неубава инфраструктура, неуреден, плажите полни со некултурни косовари...
Дојран-еееех помина време од кога бев таму, памтам како заглавував во калта и се боревме со водни змии цело време...
Преспа-можеби најдобро што нудат нашиве езера, само што ќе немате ноќен живот ко во Охрид...

Албанија...Плажите пренатрупани, секој што му текнало изградил хотел, освен ако не сте во убав и среден хотел на јавните плажи ќе најдете од лушпи од банана и јајца до цели камиони со отпад.Водата нечиста често луѓеето во недостаток од јавни вецеа се кењаат во вода...Совет, ако сте решиле Албанија пробајте кон југ,што поблизу до Грција, поголема култура, тропски и прекрасни плажи, уредени градчиња.Последно време и тамо екстремно набилдани цени така да не ја препорачувам Албанија на никого.Со 200 евра повеќе ќе тргнете 100 км погоре до Црна Гора...Мислам ноу комент...Од прекрасни плажи, ноќен живот, расположени Црногорки и Србинки, ќе се преродиш повторно.Хрватска и Грција се веќе луксус а за Турција , Египет не можам да коментирам не сум бил...Се надевам сите ќе имате убав одмор, само ве молам не идете во Грција:helou:
 
Албанија...Плажите пренатрупани, секој што му текнало изградил хотел, освен ако не сте во убав и среден хотел на јавните плажи ќе најдете од лушпи од банана и јајца до цели камиони со отпад.Водата нечиста често луѓеето во недостаток од јавни вецеа се кењаат во вода...Совет, ако сте решиле Албанија пробајте кон југ,што поблизу до Грција, поголема култура, тропски и прекрасни плажи, уредени градчиња.Последно време и тамо екстремно набилдани цени така да не ја препорачувам Албанија на никого.


Истиот совет и од мене.
Ја веќе еднаш се заебав и то лани.Бев во местото пред Драч.Најпрво од се патот е невидена катастрофа.110 км се возат негде за 4 саати.Вечност ќе ви се види.А до Валона и Саранда каде што многу идат наши тоа и е дупло повеќе.За смештај е добро али таму каде што бев за другото срање.Патот во градот е катастрофа центар труе на ѓубре,секој ден снемува струја водата е ептен нечиста.А во Драч колку што некој ми кажа има само 3 семафори?
Значи се на се во наредни 10 години не стапнувам таму.
 
Vacation with the folks...OMFG...:vozbud:
Кафе татино на утро...
Пченка на плажа..
Kaрти на зајдисонце...
Сладолед навечер...

Среќа...
Family time...so needed!!
Некаде...појма неам..важно ли е? Не...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom