Каде на 1ви Мај?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

Каде на 1ви Мај?

  • Вкупно гласачи
    100
  • Гласањето е завршено на .
Ќе има нешто протести?
Каде?

Во Скопје има секоја година. Не минатата, годината пред тоа имаше дојдено луѓе од Грција и Бугарија да протестираат со нас. Имам пишувано повеќе на соодветна тема, да не одам оф топик. Ако сакаш дополнителни информации, можам да ти дадам преку пп.
 
Глупо ми е на групно место каде што се собираат повеќе луѓе... Повеќе сакам осамено место + одбрано друштво :)
Заебете го значењето на денот и уживајте утре. И онака во оваа држава многу работи изгубиле смисла. Препуштете се на земјината тежа со пиво во рацете и скара до вас :cool:
 
Во Скопје има секоја година. Не минатата, годината пред тоа имаше дојдено луѓе од Грција и Бугарија да протестираат со нас. Имам пишувано повеќе на соодветна тема, да не одам оф топик. Ако сакаш дополнителни информации, можам да ти дадам преку пп.
Дај информација за сите. Во ниеден весник немаше ниту една информација.
 
ах, што ми требаше да ја видам темава па пак да "хејтам", а не сакам да бидам "хејтер".

Први мај, прв ден од мај, ден на трудот и НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА РАЈАТА, ЗА ПРАВАТА НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА.

СРАМОТА Е ДА СЕ ПРАЗНУВА И ДА СЕ ПЕЧАТ СКАРИ.

Тоа ТИТО на времето го измислил, да се слави и да се пее, сите да бидат задоволни, а сега вемеро ја продолжува традицијата.

На некоја телевизија случајно загледав дел од анкета, прашуваат госпоѓа у години:
- Како сте задоволни со вашето работно место?
- Јас сум под Заводот, ама сум презадоволна од се`. :facepalm:

**Не ја читав темата, не ни планирам да ја читам, одете кај сакате, за мене секој ден е ист, ќе работам и утре колку можам, толку, се додека можам. :плука:

мене не ми е срам :)

Според мене треба масовно (кој е во можност се разбира) да излезат и да прават скара луѓето да се радуваат и да уживаат во природа на утрешниот сончев ден.
Некој ќе рече па можат секој ден да го прават тоа.. да можат ама ете на никој не му текнува а први мај си е први мај.

Луѓето треба малку да се опуштат и да заборават на секојдневните обврски, грижи, турски серии, вести и слични напнати работи.

за првото болдирано што има лошо во тоа да се празнува и пее?
за второто болдирано - Жената многу ја поштувам за коментарот, цел народ само се лигави и се нешто се жали, ако не е вработена не значи дека сама не знае да се снајде и дека треба да очајува и да не празнува први мај. и пак доаѓам до тоа .. "крива ви е државата што не знаете да се снајдете и да уживате во животот" . За сите нас дува ист ветер.

и.. да не заборавам да кажам утре ќе одиме кај другарка во викендица во Кучково :)
 
Од Саботата сум на Велешко езеро, денеска само што дојдов да си ги “исправам“ коските еден ден на мек кревет а не на шаторско крило на земја :D Утре сабајле пак тргам на истото место, инаку слабо народ годинава.. утре ќе видиме баш.
 
мене не ми е срам :)

Според мене треба масовно (кој е во можност се разбира) да излезат и да прават скара луѓето да се радуваат и да уживаат во природа на утрешниот сончев ден.
Некој ќе рече па можат секој ден да го прават тоа.. да можат ама ете на никој не му текнува а први мај си е први мај.

Луѓето треба малку да се опуштат и да заборават на секојдневните обврски, грижи, турски серии, вести и слични напнати работи.

за првото болдирано што има лошо во тоа да се празнува и пее?
за второто болдирано - Жената многу ја поштувам за коментарот, цел народ само се лигави и се нешто се жали, ако не е вработена не значи дека сама не знае да се снајде и дека треба да очајува и да не празнува први мај. и пак доаѓам до тоа .. "крива ви е државата што не знаете да се снајдете и да уживате во животот" . За сите нас дува ист ветер.

и.. да не заборавам да кажам утре ќе одиме кај другарка во викендица во Кучково :)
ок.

за мене пак ќе остане први мај како ден кога низ цел свет се искажува незадоволството на работничката класа, а за вас задоволството нека остане.

Дека на сета мака која сум ја поминал, застанувам да се потсетам на неправилностите со кои сум се соочувал и се соочувам.

Први мај - ден на трудот. А не први мај - ден на скарата.
 
Последниве години,воа скопјанишчаа го окупираа велешко езеро ебаго..
ојте си на плажата,коце шо ви ја напраи ебаго :icon_lol:
за шо ја праеше он :pos:
 
Голем број специјалци на Скопска Црна Гора за први мај

policija1234.gif
Покрај засиленото присуство на полицијата во градот Скопје, за време на првомајските празници, МВР планирало зголемено ангажирање на свои припадници во реонот на селото Кучково и Скопска Црна Гора, објавува "Фокус", повикувајќи се на свој извор.
Се шпекулира дека минатата недела гранична патрола била запрена од унифомирани вооружени лица во реонот на селото Гошинце. Случајот бил пријавен во полиција и потоа трагата се губи, открива "Фокус".
 
Идете пак по такви напуштени места, Смиљковско пред 2 недели се деси, мене ми е страв ко прво, али ајт.

Цел свет протестира, Македончето јаде скара на први и после ќе немало, епа ќе нема секако. Анфем, сподели на темава или прати ми и на мене по ПП тоа што имаш.
 
Еј, врска ти нема ова, гледај зошто:
Протестот доаѓа на крајот на организација, не на почеток.
Кај нас нема организација никаква, синдикат - политички,
студентски сојуз - политички, ниедна владина никогаш не рекла збор за правата на работниците, ги донесоа до степен да бидат среќни со 8000 денара месечно, ако не си меѓу 30% невработени. Најтрагично е што мислат дека така треба, а земаат 8000 месечно и се среќни.. тоа е.
Нема разлика од сега до времето кога имало окови на нозе.. исто е.

Ова за МВР.. баш интересно!

Како така МВР зголемило присуство на границата со протекторатот Косовез ? Изгледа МВР се националисти.. сакаат војна.. не ја прочитале темата Еден за еден до последен.. или како и да беше.. срам да им е!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom