Вкусови се во прашање, а за да оцени некој вкус и да држи вода мора да е експерт, ова што го прави Кајгана со рецензиите не треба да се сфати како сериозно пошто исто е како јас да одам и да правам рецензии...
Е сега според мене нема добар бургер во Скопје, затоа што за мене е битен сосот и сакам различни вкусови, слатко, кисело, луто, краставичка да се осети, лепчето да биде крцкаво и да не доминира.
Не сакам да биде натепано и тешко како плескавица, сланина, пршута, печурки, јајце на око бургер. АМА знам дека Македонче тоа сака, сака да има многу тешки работи во еден бургер и цената да биде што е можно поевтина, она да се натепаш од јадење да не можеш да дишеш...
Плескавица како плескавица од квалитетно јунешко, жили не смее да има, да се стави малку мед и сенф на крцкаво лепче, да се наредат кисели краставички, стави плескавица со кашкавал стопен, сецкан ајсберг со жолт сос за салати на база на јогурт е, кромид свеж, тенко парче домат и чили сос. Али тоа е мој вкус а за вкусови не се дискутира...