Каде е националната доктрина?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Ја за една буква еден шамар, а и незнаев што значи, детиште бев а у кругче :)
 
,веруваш дека лично го слушнав ЉуБчо кога рече дека следниот конгрес ќе го одржиме во Солун?И што постигнавме со таквите изјави и со омилените карти на Македонија?

ABC, i ovaa tie vistina kako i pomiruvanjeto na Golubovski i Lj.Georgievski na kongresot vo Prilep. Na odrzuvanje na kongres vo Solun povika vo svojot pozdraven govor delegatot od Egejska Makedonija.
 
Зборам за радикален став кон националната недоследност, односно казни и рестрикции за пројавување на истата.
Таквото нешто е единствен пат кон хомоген народ, а преку него држава.

Се на се, очигледно е дека поимањата за тоталитарна, авторитарна и демократска држава ви се малку помешани.

Хомоген народ ...тоа умре во минатиот век како прво држава која наметнува со сила да не противиме на нејзината каква и да било политика кон другите држави и светот и ако се изјаснуваме против неа да следуваат санкции за мене е тоталитарна држава

Како второ ада да те прашам жити се ако утре имаш потреба да се тестираш за не знам каква и да било болест(не дај боже да мораш)..а ако се иселат скоро сите кои се од моја струка (бидејќи сите тука што дошле на овој факултет се имаат изјаснето дека се анационални и сакаат да си одат од тука)како ти ќе го направиш тестот која ќе го направи кој ќе ги поучува нашите македонци да ги вршат тие тестови?

Споменуваш етничка подвоеност...И Македонците и Албанците живеат во Македонија. Поради тоа, не треба да се толерира кога одат против нејзините интереси.
Земи ги САД, на пример...Една од државите со најголем етинчки диверзитет. Зарем тие толерираат кога било кој оди против интересите на државата и нацијата?
.
Сад е друго сад нема некое доминатно мнозинство и сад едноставно ги асимилира тие луѓе со тоа што им го понудува да си остварат американскиот сон :tv:

А македонија на економски и социјален план не може да понуди ама баш ништо во споредба со сад(иако си има свои убавини)

сад и македонија се две различни поими Сад има моќ македонија е само пионче на мапата на европа
Македонија е мала земја која е претворена во гето а со американ пассапорт го имаш пола свет на дланка
 
CESTO PATI SE POSTAVUVA PRASHANJE DALI SME DORASNATI DA IMAME SVOJA DRZJAVA.:toe:
 
ABC, i ovaa tie vistina kako i pomiruvanjeto na Golubovski i Lj.Georgievski na kongresot vo Prilep. Na odrzuvanje na kongres vo Solun povika vo svojot pozdraven govor delegatot od Egejska Makedonija.

Голубовски и Георгиевски не беа скарани на оснивачкото собрание во Прилеп,туку Голубовски ги смири Змејковски и Георгивески на споменатото собрание кога ги натера братски да се прегрнат пред нас само 30тина присутни,оти други немаа мадиња ни да се приберат до домот на културата Марко Цепенков во Прилеп кој беше опколен со полиција како да дошол ТИТО,се следеше се па буквално и кој влегува и кој излегува од салата за на мочање..
Додека при крајот на првиот таканаречен “Оснивачки Конгрес“ кој исто така се одржа во Прилеп,ЉуБчо јавно и на говорница пред мои очи и уши,ги изговори зборовите:-Следниот конгрес да го одржиме во Солун,снимаа најмалку 5 камери,можеш да си побараш и снимка од настанот,дали тоа беше емоционално,како резултат на поздравниот говор од Егејскиот делегат,не би можел да тврдам,како што тврдам дека зборовите ги изговори ЉуБчо,овојпат салата беше прилично полна иако конгресот беше на маргините од своето 2-дневно траење.:toe:
 
Сум пропуштил одговор:

Абе сега за национализам можеш на друг да му кажуваш оти јас многу добро го познавам уште од 83 како дете,ако си бил роден тогаш,кога на еден ѕид во Прилеп осамна графитот -Македонија на Македонците-.
Јас овде ти зборувам за територијални претензии изразени преку национализмот кој е лесно да го спроведуваш во оваа Македонија ама премногу е лошо за сите Македонци,затоа што им помага на Грците да не држат во оваа вукојебина како во ГЕТО.Прашај како било тоа да го правиш во 83та,во поранешна Југославија.Информирај се зошто за 23 букви напишани на ѕид се добиваа и по 12 години затвор,па можеби малку ќе ти се разјасни што е тоа национализам.

А бе брат нема веќе Југославија бе, си умре и таа, по желба на големите сили. Ова е 21 век и ова е Македонија овде, слобода за национализам , патриотизам и за излагање на свои лични мислења во јавност или приватност , кој како милува. Сега учиме кои сме и што сме, сега ја градиме Македонија а не Братството и Единството на Тито, секоја чест и нему, ние сме прва генерација после онаа на Гоце Делчев и другите војводи која се бори за Македонија слободна и единствена, само на еден малку покултурен и полесен начин.
 
Сигурен си,или така ти се чини?Зар не ја гледаш Југославија на секој чекор,со секое споменување на нашето име во светот,при секој позначаен светски натпревар и во скоро секоја дебата низ ЕУ?Ова е Македонија и 21век,ама ако досега не сте научиле кој сте и што сте,џабе ви е национализмот.Буш отепа еден Хусеин,ама друг Хусеин од пред некој ден го смени Буш и стана председател на САД,светот се менува ама на друго место,ние се враќаме премногу назад во историјата и сакаме да издвоиме само она што нам ни одговара од историјата.Мислиш ли дека Александар бил националист кога во својата војска поставувал и Грци за генерали од оние кој сакале да го следат во космополитскиот марш,или веруваш дека Гоце со пушка го терале да се запише во Солунската гимназија каде имал и Турци за учители,оти Солун бил под Турска власт во тоа време?А слободата за национализам е скоро еднаква на анархија па општо не е никаде прифатена во светот,особено во една ваква мултиетничка држава каква што е Македонија таквата идеа може да биде погубна.Пак ќе ти повторам ако не си разбрал,можеш да си бидеш националист колку што ти душа сака но немој никогаш тоа толку јавно да го презентираш и кога треба и кога не треба,особено доколку си свесен дека тоа ќе им наштети на сите други окулу тебе.Приказните за конгреси во Солун или Македонија до Индија се само мал валкан декор кон сите нас во состојби каква што е оваа,без перспектива и бледа иднина на генерациите кој доаѓаат.Разбирам да си ја сакаш земјата со своето вековно име како и сопствениот народ,но немој никогаш да се преценуваш “напален“ од пораките на актуелните владини спотчиња.
П.С.:-Ова вака добронамерно,ако си разбрал што сакам да ти кажам за доброто на сите во Македонија.
 
Спрема мене, едно е јасно, не можеме од државата да очекуваме да зацрта национална доктрина. Мултиетничка по устав, со повеќе конститутивни етноси, самата помисла да ја изедначиме државната и националната стратегија би била пропаст сама по себе.
 
Можеме,само доколку ги истераме Албанците(практично и реално невозможно),или барем да ги кандисаме да станат Албански Македонци што би било малку повозможно.:toe:
 
Повеќе од еден ли го користат твојот аccount? Или ти имаш повеќе од еден во главата ?
 
Нема потреба од бркање нема потреба од кандисуење, има начини да се зацрта и без тоа.
 
Се гледа дека си почетник,како што ти пишува и под аватарот.:toe:

Нема потреба од бркање нема потреба од кандисуење, има начини да се зацрта и без тоа.

Сите други начини ќе бидат само залажување и одолговлекување на Македонската голгота,сепак мислам дека оној вториот начин е возможен и единствен,а и голем број Албанци го согледуваат тоа како реалност.
 
Етничките тензии се подгреани како никогаш досега и мислам во моментов дека можат да се изедначат со 2 св. војна. Албанците се далеку да го сватат тоа. Но не само тоа, прашање е колку мултиетничка држава би можела да се бори за правата на еден народ надвор од својата територија. Доколку се створи некоја доктрина, која пред се би била за дефинирање на Македонија како национална држава, а не граѓанска и доколку во тоа успее, тогаш може да се изедначи со државната.

Вака како што стојат работите, ние сме само заложници на туѓа агенда внатре во државата. Колку и да сакаме да видиме поинаку, тоа не е ништо друго освен самозалажување. Македонците дефакто се без матична држава. Последно што остана е името, а и тоа сакаат да ни го земат. Но сепак не верувам дека Македонската национална борба ќе згасне тукутака, национализмот во Македонија бележи се поголем пораст и тоа најголемата причина за тоа е токму негирањето. Антимакедонската борба, било да се работи за присвојувачка или територијална, создаде контраефект. Македонците полека стануваат свесни за својот идентитет. Сеуште немаат вистински насоки, но прашање е само на време кога тие насоки ќе се добијат. А едно е сигурно, тие насоки нема да ги добиеме од државата, не ги добивме 20 години, на погрешно место ги бараме. Македонската национална доктрина може да се изгради само во едно недржавно тело, комитет, кое нема да се ограничи да границите на Р.Македонија, ќе се самофинансира за да не запаѓа под туѓи влијанија, и кое со правилна организација и строга контрола може да направи многу повеќе за Македонците, отколку било какво друго државно тело или тело во рамките на една држава.

Можеби не сме сеуште созреани за такво нешто, можеби и несакаме да прифатиме дека и покрај тоа што го носи името Р.Македонија, таа не е наша матица, ни уставно ни фактички. Но ќе дојде времето кога тоа ќе го сватиме.
 
Види Јамајка пријателе,запомни го ова што ќе го кажам оти не го кажувам многу често вака јавно.(тоа важи и за другите кој сигурно и помно читаат,убеден сум во тоа):

Ние Македонците сме како ЕЖОВИ,колку повеќе не газат толку повеќе “боцкаме“,тоа е нашиот систем на опстанок со милениуми,вака како Македонци.А како најважно е тоа што старите ежови боцкаат и кога се мртви,опстојуваат чекајќи да пораснат малите,како природен процес кој трае милиони години.

Национална доктрина не се прави врз екстремна националистичка агенда,тоа воопшто не функционира посебно во една мултиетничка средина или држава како што е нашава.Верувај дека е полесно да ги едуцираме и “освестиме“ Албанците па и другите етникуми во Македонија дека им е подобро да останат Албански,Турски,Српски,или Бугарски Македонци одколку да им ги подгреваме надежите дека ќе им биде подобро да бидат Албанци,Турци,Срби,Бугари во Македонија кој зад себе имаат посилни матични држави што секогаш ќе ги штитат нивните интереси,многу подобро одколку домицилната Македонија.
Проблемот за создавање национална стратегија го проучувам последниве 25 години и го барам начинот како е најдобро да го изведеме тоа,за на крајот да констатирам дека единствено решение ни е да создадеме услови во кој секоја од заедниците подеднакво ќе ја гледа својата шанса за просперитет дури и подобар од оној кој би им понудила нивната матична држава која не им е и не им била домицилна барем последните неколку генерации,па и на оваа последната би рекол наша современа генерација.Да бидам малку поексплицитен дека и јас како помлад се занимавав со националистички погледи и сваќања за животот,па и ден денес не гледам ништо лошо во тоа,но само до одредена граница.Национализмот е добра основа но само за оној кој може да го контролира до одредена граница кај себе,зошто сето над границите е деструкција и води кон самоуништување.
-Да се создадеде еден национален комитет кој ќе биде независен и над-државен е добра идеја,но само доколку тој истиот не забега во премногу шовинистички и екстремно-националистички идеи што може да доведе до деструктивни резултати по самата нација која го формирала,во случајот Македонската.Таквиот совет или комитет би бил од корист само доколку има добри корелации и контакти со представници на другите националности што живеат во Македонија зошто во спротивно премногу е опасно да биде прогласен како “јаболко на раздорот“.Туку многу се расприкажав ќе земе некој па ќе докторира врз основа на моиве постови на Кајгана ебаго,па ќе треба за председател да го кандидираат.:smir:
 
Ти повеќе го преферираш „националниот“ модел на САД, само колку е тој можен во наши услови. Кога зборам национален комитет, не мислам на некоја екстремистичка организација која за било што ќе се фаќа за оружје. Сметам дека оружјето е крајно средство кое мора да се користи само во одбрана, секоја друга употреба на оружје може да биде фатална. Затоа викам за да националната стратегија се претвори во државна, мора прво таа да опстои. Државата нема начин на освестување на етникумите во Р.Македонија, нема ни желба.

Секој обид за контрола и забрана на национализмот завршува фатално и контрапродуктивно, најдобро решение е тој национализам да се канализира и да се употреби со вистински инструменти и во вистинска насока. Треба да ни стане јасно дека секое повикуваање на уништување на некоја нација води кон надминување на национализмот, пошто национализмот живее со разликите и секое уништување на тие разлики би водело кон интернационализам.

Освојувањето со оружје, не дало ни одблиску добри резултати како што дало културното освојување. Ретко кој може вистински да ја согледа идејата на Гоце Делчев и ретко кој може да ги види корените на истата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom