Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
,веруваш дека лично го слушнав ЉуБчо кога рече дека следниот конгрес ќе го одржиме во Солун?И што постигнавме со таквите изјави и со омилените карти на Македонија?
Зборам за радикален став кон националната недоследност, односно казни и рестрикции за пројавување на истата.
Таквото нешто е единствен пат кон хомоген народ, а преку него држава.
Се на се, очигледно е дека поимањата за тоталитарна, авторитарна и демократска држава ви се малку помешани.
Сад е друго сад нема некое доминатно мнозинство и сад едноставно ги асимилира тие луѓе со тоа што им го понудува да си остварат американскиот сон :tv:Споменуваш етничка подвоеност...И Македонците и Албанците живеат во Македонија. Поради тоа, не треба да се толерира кога одат против нејзините интереси.
Земи ги САД, на пример...Една од државите со најголем етинчки диверзитет. Зарем тие толерираат кога било кој оди против интересите на државата и нацијата?
.
ABC, i ovaa tie vistina kako i pomiruvanjeto na Golubovski i Lj.Georgievski na kongresot vo Prilep. Na odrzuvanje na kongres vo Solun povika vo svojot pozdraven govor delegatot od Egejska Makedonija.
Сум пропуштил одговор:
Абе сега за национализам можеш на друг да му кажуваш оти јас многу добро го познавам уште од 83 како дете,ако си бил роден тогаш,кога на еден ѕид во Прилеп осамна графитот -Македонија на Македонците-.
Јас овде ти зборувам за територијални претензии изразени преку национализмот кој е лесно да го спроведуваш во оваа Македонија ама премногу е лошо за сите Македонци,затоа што им помага на Грците да не држат во оваа вукојебина како во ГЕТО.Прашај како било тоа да го правиш во 83та,во поранешна Југославија.Информирај се зошто за 23 букви напишани на ѕид се добиваа и по 12 години затвор,па можеби малку ќе ти се разјасни што е тоа национализам.
А бе брат нема веќе Југославија бе, си умре и таа, по желба на големите сили. Ова е 21 век и ова е Македонија овде, слобода за национализам , патриотизам и за излагање на свои лични мислења во јавност или приватност , кој како милува. Сега учиме кои сме и што сме, сега ја градиме Македонија а не Братството и Единството на Тито, секоја чест и нему, ние сме прва генерација после онаа на Гоце Делчев и другите војводи која се бори за Македонија слободна и единствена, само на еден малку покултурен и полесен начин.
Спрема мене, едно е јасно, не можеме од државата да очекуваме да зацрта национална доктрина. Мултиетничка по устав, со повеќе конститутивни етноси, самата помисла да ја изедначиме државната и националната стратегија би била пропаст сама по себе.
Сигурен си,или така ти се чини?Зар не ја гледаш Југославија на секој чекор,со секое споменување на нашето име во светот,при секој позначаен светски натпревар и во скоро секоја дебата низ ЕУ?Ова е Македонија и 21век,ама ако досега не сте научиле кој сте и што сте,џабе ви е национализмот.Буш отепа еден Хусеин,ама друг Хусеин од пред некој ден го смени Буш и стана председател на САД,светот се менува ама на друго место,ние се враќаме премногу назад во историјата и сакаме да издвоиме само она што нам ни одговара од историјата.Мислиш ли дека Александар бил националист кога во својата војска поставувал и Грци за генерали од оние кој сакале да го следат во космополитскиот марш,или веруваш дека Гоце со пушка го терале да се запише во Солунската гимназија каде имал и Турци за учители,оти Солун бил под Турска власт во тоа време?А слободата за национализам е скоро еднаква на анархија па општо не е никаде прифатена во светот,особено во една ваква мултиетничка држава каква што е Македонија таквата идеа може да биде погубна.Пак ќе ти повторам ако не си разбрал,можеш да си бидеш националист колку што ти душа сака но немој никогаш тоа толку јавно да го презентираш и кога треба и кога не треба,особено доколку си свесен дека тоа ќе им наштети на сите други окулу тебе.Приказните за конгреси во Солун или Македонија до Индија се само мал валкан декор кон сите нас во состојби каква што е оваа,без перспектива и бледа иднина на генерациите кој доаѓаат.Разбирам да си ја сакаш земјата со своето вековно име како и сопствениот народ,но немој никогаш да се преценуваш “напален“ од пораките на актуелните владини спотчиња.
П.С.:-Ова вака добронамерно,ако си разбрал што сакам да ти кажам за доброто на сите во Македонија.
Спрема мене, едно е јасно, не можеме од државата да очекуваме да зацрта национална доктрина. Мултиетничка по устав, со повеќе конститутивни етноси, самата помисла да ја изедначиме државната и националната стратегија би била пропаст сама по себе.
Повеќе од еден ли го користат твојот аccount? Или ти имаш повеќе од еден во главата ?Можеме,само доколку ги истераме Албанците(практично и реално невозможно),или барем да ги кандисаме да станат Албански Македонци што би било малку повозможно.![]()
Можеме,само доколку ги истераме Албанците(практично и реално невозможно),или барем да ги кандисаме да станат Албански Македонци што би било малку повозможно.![]()
Повеќе од еден ли го користат твојот аccount? Или ти имаш повеќе од еден во главата ?
Нема потреба од бркање нема потреба од кандисуење, има начини да се зацрта и без тоа.
Сите други начини ќе бидат само залажување и одолговлекување на Македонската голгота,сепак мислам дека оној вториот начин е возможен и единствен,а и голем број Албанци го согледуваат тоа како реалност.
Етничките тензии се подгреани како никогаш досега и мислам во моментов дека можат да се изедначат со 2 св. војна. Албанците се далеку да го сватат тоа. Но не само тоа, прашање е колку мултиетничка држава би можела да се бори за правата на еден народ надвор од својата територија. Доколку се створи некоја доктрина, која пред се би била за дефинирање на Македонија како национална држава, а не граѓанска и доколку во тоа успее, тогаш може да се изедначи со државната.
Вака како што стојат работите, ние сме само заложници на туѓа агенда внатре во државата. Колку и да сакаме да видиме поинаку, тоа не е ништо друго освен самозалажување. Македонците дефакто се без матична држава. Последно што остана е името, а и тоа сакаат да ни го земат. Но сепак не верувам дека Македонската национална борба ќе згасне тукутака, национализмот во Македонија бележи се поголем пораст и тоа најголемата причина за тоа е токму негирањето. Антимакедонската борба, било да се работи за присвојувачка или територијална, создаде контраефект. Македонците полека стануваат свесни за својот идентитет. Сеуште немаат вистински насоки, но прашање е само на време кога тие насоки ќе се добијат. А едно е сигурно, тие насоки нема да ги добиеме од државата, не ги добивме 20 години, на погрешно место ги бараме. Македонската национална доктрина може да се изгради само во едно недржавно тело, комитет, кое нема да се ограничи да границите на Р.Македонија, ќе се самофинансира за да не запаѓа под туѓи влијанија, и кое со правилна организација и строга контрола може да направи многу повеќе за Македонците, отколку било какво друго државно тело или тело во рамките на една држава.
Можеби не сме сеуште созреани за такво нешто, можеби и несакаме да прифатиме дека и покрај тоа што го носи името Р.Македонија, таа не е наша матица, ни уставно ни фактички. Но ќе дојде времето кога тоа ќе го сватиме.