Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
Имам јадено од апче и не ме бендиса,а за Палма прашав оти ми е преку пат,а и ми ја фалеа дека има разновидност и добар квалитет.
 
Не солено сирење за чиз кејк ?
 
Убаво ти вика членот над мене.... слатки барај во Апче или во Канела... ем добар избор, ем добар вкус, ем добри цени :)

А кај има во Канела да седниш? Колку што знам само за нарачки се примат досега бар така имам порачувано.
 
А кај има во Канела да седниш? Колку што знам само за нарачки се примат досега бар така имам порачувано.
Нема да седнеш, тоа е исклучително ако ти се за носење, но затоа вкусот е незаменлив :)
 
Нема да седнеш, тоа е исклучително ако ти се за носење, но затоа вкусот е незаменлив :)

Само торти имам од таму пробано, колачи не. Мене Романса последниве години ми е многу подобра од Канела, посебно Гријаж и Влашката торта се врв, имаат и колачи како од тортата направено, мераци.
 
Само торти имам од таму пробано, колачи не. Мене Романса последниве години ми е многу подобра од Канела, посебно Гријаж и Влашката торта се врв, имаат и колачи како од тортата направено, мераци.
Колачите од Канела да знаете се премногу вкусни... речиси се е крем, фил... :)
 
Каде можам да најдам шампињони конзервирани?
 
(ова го постирав у темата "општи муабети", ама ај и тука да си ја пробам среќата)

Два дена акам низ градов пробувајќи да најдам специјална продавница со работи потребни за правење/декорирање на торти и колачи, ама без успех.

Поточно ми треба "израмнувач на торти" (анг. cake leveler), за да ја исечам тортата на два рамни дела или на врвот да ја израмнам, и е попрецизно од нож. Се надевам некој знае :) Еве ви слика како изгледа
levelingthecake.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom