12212112
17.04.2024
- Член од
- 25 октомври 2023
- Мислења
- 210
- Поени од реакции
- 218
Македонската ММА Федерација (Уште еден профил на The Strongest) си ги турка само своите борци. Ниту една објава за другите учесници од државава. Можеби и самите учесници не сакаат да бидат објавувани или клубовите им немаат склучено некаков договор со федерацијата, ама знаејќи повеќе гласини за The Strongest, чисто се сомневам дека станува збор за ваква варијанта. Ден претходно имаше борби и во Белград, каде што наше момче од Македонија освои прво мест - молк од федерацијата. Една објава барем да направеа дека победиле, не мора да снимаат документарци за тоа како се подготвуваат за борба. Изгледа претставниците на еден клуб во државава се битни. Ќе кажам и дека Марко и Даниела се млади и можат да направат многу повеќе од другиве македонски претставници, но и ова да се земе во предвид не им помага многу...
Исто така имам уште една шпекулација. Кога Даниела направи армбар, јас не го видов противникот да тапне и да се предаде. Е сега снимкава што ја пренесуваа беше од лош агол, а откако заврши борбата дадоа уште една снимка каде што не видов противникот да тапне. Секако, судијата може да се загрижи доколку изгледа опасно, но да ја прекине борбата? Противникот на Даниела, од што забележав, изгледаше разочарано, но немаше револт.
Даниела треба да се натпреварува во Грузија за две недели. Не ми се пишува повеќе, чисто да знаете што забелешки фатив.