K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,4%
  • Boks

    Гласови: 70 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 194 32,8%
  • Muay Thai

    Гласови: 45 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 76 12,8%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,0%

  • Вкупно гласачи
    592
Имам доста заборавено да бидам искрен, по 15-20 години се поминати од настаниве...

Имаше Федор и километража во моментот кога се бореше против Вердум. Федор најголем дел од кариерата помина во Прајд, други беа правилата, а поважно и далеку поисцрпувачки беа рундите. Таму се бореа во три рунди, првата беше 10 минути, втората и третата по 5.

Да, многу време е поминато од тогаш. Федор беше во најдобрите години од 2000 до 2005 отприлика, и беше непобедлив. За мене засекогаш ќе остане најголем на сите времиња, заедно со GSP. Но без разлика на годините и километражата, Федор би го добил Вердум во 9 од 10 борби. Тогаш се погоди така, како што вели GSP, you zig when you should zag, и толку требаше. :)

Инаку борба на prime Федор притив prime Кејн би било нешто спектакуларно, но нивните primes не се поклопуваат. Со цела почит спрема Аспинал, Џонс, Миочич, Переира и останатите, нема повеќе борци како Федор и Кејн, па и Мирко.
 
За многумина тоа значи помалку вештина, повеќе сила и пресија. Тоа сигурно не важи за Кејн
Баш за Кејн важи.
Кејн не беше некој страшен технички страјкер, повеќе се ослонуваше на притисокот и пресингот отколку на техниката во ударите.
Врв во техника на страјкинг - Адесања, Силва, МекГрегор (ваљда редоследно).

Кејн примаше доста удари од сите, но имаше јака вилица да ги крепи па неговата пресија беше таа која кршеше противници.
Кондицијата под број 1, издржливоста под број 2 му беа најјаките страни. Тоа е клучно мислам за да еден борец стигне до тронот и да го задржи подолго време. Џабе бате 10/10 техника ако при првиот контакт ти прави шат-даун системот.
Тоа го видовме и во борбава Топуриа - Холовеј. Топуриа беше на неколку пати здраво закачен од Макџ, еднаш со лакт па потоа со директ или оверхенд, и ништо, ликот не паѓа!
 
Не зафркавај, Кејн имаше одлична техника на удари, само што се паѓаше во сенка споредено со неговата кондиција и издржливост кои беа во прв план. За другото си во право, за успех во ММА крепењето удари е една од клучните работи. Џабе техника, џабе се ако имаш стаклена брада.
 
Мојот најoмилен борец ма сите времиња, со спектакуларна техника на high kicks, и со фантастично движење. Исто беше многу карактеристичен неговиот став, нешто помеѓу фудо дачи и киба дачи со спуштен гард. Ако за некој ми е криво што не зеде титула тоа е Стивен Томпсон. Две борби имаше против истиот противник, првата заврши нерешено, втората мислам дека беше split decision.

Последно уредено:

Топ 5 завршетоци на сите времиња.

Од стилови, ги одвојувам: Федор, Бас, Коутур, Пехера, Витор, Прохаска во борбата со Оздемир, Енди Хуг и многу што ги имам заборавено.
 
Грам шанса нема овој против Переира. Нула шанси.

А кој има, ако не тој? Не викам дека е нешто прејак, ама и другиве борци сите ги истепа, или да ги сврти уште еднаш ко на флипер?
 
А кој има, ако не тој? Не викам дека е нешто прејак, ама и другиве борци сите ги истепа, или да ги сврти уште еднаш ко на флипер?
Во моментов никој, може уште по една тура ќотек да им удри. :D
 
Се надевам дека ке излезе конечно на двобој против Миочиќ.

FB_IMG_1730966581581.jpg
 
Најјакиот ќотек во MMA историјата. За тие што не знаат, или не следеле, Semmy Schilt e еден од најдобрите HW кик-боксери во историјата, ако не и најдобриот. Единствен што ги има освоено K1 и Glory титулите... Харитонов е сè уште активен во некои послаби организации, а пред 3-4 години беше во ростерот на Bellator.

Интересна анализа.

Со музика од S.T.A.L.K.E.R. излегува Сегеј :) Сега проверив, последната борба на човеков му е во мај оваа година... зараза е спортов. Жива легенда!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom