Да, многу време е поминато од тогаш. Федор беше во најдобрите години од 2000 до 2005 отприлика, и беше непобедлив. За мене засекогаш ќе остане најголем на сите времиња, заедно со GSP. Но без разлика на годините и километражата, Федор би го добил Вердум во 9 од 10 борби. Тогаш се погоди така, како што вели GSP, you zig when you should zag, и толку требаше.Имам доста заборавено да бидам искрен, по 15-20 години се поминати од настаниве...
Имаше Федор и километража во моментот кога се бореше против Вердум. Федор најголем дел од кариерата помина во Прајд, други беа правилата, а поважно и далеку поисцрпувачки беа рундите. Таму се бореа во три рунди, првата беше 10 минути, втората и третата по 5.
Инаку борба на prime Федор притив prime Кејн би било нешто спектакуларно, но нивните primes не се поклопуваат. Со цела почит спрема Аспинал, Џонс, Миочич, Переира и останатите, нема повеќе борци како Федор и Кејн, па и Мирко.