K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,4%
  • Boks

    Гласови: 70 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 194 32,8%
  • Muay Thai

    Гласови: 45 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 76 12,8%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,0%

  • Вкупно гласачи
    592
Одамна го зборам тој fantasy fight Тони против Масвидал, ама во која категорија?
Ако во овој момент Масвидал ја сака оваа борба, тогаш логично би било 155.
Не знам околу желбата на Тони да се качи на 170... не верувам.
Борба во 155 би било борба за титула во овој случај, 170 не. :)
 
Dana White pak uveruva deka Khabib vs Tony kje se odrzi. Ako uspee ova da go naprai, sekoja cest.
 
Не можам да верувам во ова што го вели Вајт. Незнам дали постои стејт во Америка кој може да дозволи спортски настан на сред ваква пандемија. Знам дека се планира без публика но сепак си бара организација а што е проблематично бара медицинска асистенција на лице место кое што не знам дали може да се дозволи во овој миг. Али ај да видиме...
 
Некни имаше борба без публика во Бразил, меин ивент Оливеира - Ли...
Проблемот е во тоа што Хабиб е под локдаун во Русија.
 
Друг проблем е и што ќе загубат многу пари ако направат без публика да биде таков настан...
 
Тешко да се одржи ова,а ако се одржи би требало како замена да ги стават или Гејчи или Масвидал само во која категорија...
 
Друг проблем е и што ќе загубат многу пари ако направат без публика да биде таков настан...
Апсолутно, загубата е голема. А и каде не е моментално...
Ќе се фокусираат само на ppv и тоа е тоа.
Или како што го викаат Хабиб и Ромеро... "пеперу" :ROFLMAO:
 
Не можам да верувам во ова што го вели Вајт. Незнам дали постои стејт во Америка кој може да дозволи спортски настан на сред ваква пандемија. Знам дека се планира без публика но сепак си бара организација а што е проблематично бара медицинска асистенција на лице место кое што не знам дали може да се дозволи во овој миг. Али ај да видиме...
Секако не беше планирано во Америка. Во Абу Даби било планирано да се одржи, и ќе се одржело да не биле проблемиве околу локдаунот на Хабиб во Русија.
Не знам како планира да го изнесе од таму, ама ваљда има некој план. Дали со приватен авион со веќе тестирани пилоти и цел тим на Хабиб кој ќе патува.. Нз стварно.
Ама дека има план има, нема да тресе глупости дека ќе се одржи мечот за да го откаже на крај. Едноставно никаква корист нема ако констатно го збори тоа, а сам знае дека нема да се одржи.
Автоматски споено мислење:

Друг проблем е и што ќе загубат многу пари ако направат без публика да биде таков настан...
Тоа дека е без публика се знае од пред 3 недели, не е ако, туку дефинитивно е без публика. Имаат анализи дека ќе има најголем ppv во историјата, дури и поголем од Хабиб - Конор, а таму лежи најголемиот % од парите во боречкиве спортови.
 
Ама дека има план има, нема да тресе глупости дека ќе се одржи мечот за да го откаже на крај. Едноставно никаква корист нема ако констатно го збори тоа, а сам знае дека нема да се одржи.
Не знам со колкав интензитет го следиш спортов :) но знам дека Вајт не познава граници кога се пари во прашање. И тоа дека не се срами баш да ја крие вистината од новинари. :)

Имаше теории во кои се зборуваше за тоа како Вајт знаел дека (пр.) некој борец не постигнал тежина уште пред официјално да го стават на вага, но не ја откажал борбата за во последен момент да уфрли друг борец со цел да го спаси ивентот. Сличен пример ако не се лажам имаше и за допинг случај...
 
Да ама тука не може да има последен момент на откажување. Ќе се знае 2,3 дена претходно, дали Хабиб патува или не.
Ништо не спасува со ваква манипулација, не може од меч за појас да направи обичен меч со уфрлање на друг борец, и да се надева дека ќе спаси нешто.
Тој случај од порано што го збориш и така и вака ќарувал нешто, овој ивент без Хабиб ќе биде огромен минус, ако веќе го нема него ќе го откаже ко последниот ивент. Нема логика во малтретирање на сите до Абу Даби, а финансиска загуба.
 
Некни имаше борба без публика во Бразил, меин ивент Оливеира - Ли...
Проблемот е во тоа што Хабиб е под локдаун во Русија.
Оливеира vs Ли беше пред две недели, работите се сменија многу од тогаш на глобално ниво, и два UFC настани откажани.

@MacedoniaTimeless Брат, Вајт е познат по тоа што цело време трола по медиуми :ROFLMAO:
Воопшто не е човек од доверба, како сите промотери во овој спорт, али ај да видиме.
 
92227010_2868531596516105_2364882840845287424_o.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom