K-15 мора да се исплати !

така е коа не читате ЗРО :icon_lol:

@Branchez , би требало да важи ако има на тој начин 6 месеца пред да стапат измените, ама којзнае колкава интервенција ќе има за да се постигнат тие надоместоци. Плус и фирмите имаа некои побарувања да одлучуваат сами дали ќе исплаќаат к15, оправдано со моменталната ситуација.
Читаме ЗРО. :D Али за К-15 конкретно не сум упатен, посебно со ова новиве ствари. Сега прочитав...и не знам што да кажам...

Абе што очекувате од ССМ, 25 години се потрчкало на власта.
 
Вие па секоја година сакате К-15 :D

Шала на страна како економски најпросперитетната и прва во Европа по раст на БДП земја, со милијарди нови инвестиции и работни места да нема економијата пари за К-15? Џе је логика?

@bitushanec ги оправи палмите, опрај им ја и овде на дечкиве темава. Работај нешто не дреми така.
 
Сега истите што лани викаа јака муда к-15 и онака не го делат или не треба да се дели к-15 ќе ги читаме како викаат у срамота к-15 укинале. Конструктивно нема што.[DOUBLEPOST=1433492925][/DOUBLEPOST]
Не дека приватните ќе дадат к-15, барем јас не се надевам дека ќе добијам.
Тоа е целта да ги испоказнат фирмите за да соберат пари за к-15 на гласачкотот тело.
Чисто информативно, зема к-15? И дали твојата фирма беше казнета во случај да не си земал? Колку фирми беа казнети т.е. испразнети од овој потег? Дали беше придобиено гласачкото тело? Твое размислување...
 
Чисто информативно, зема к-15? И дали твојата фирма беше казнета во случај да не си земал? Колку фирми беа казнети т.е. испразнети од овој потег? Дали беше придобиено гласачкото тело? Твое размислување...

Ако си ја следел темата ќе видеше дека регрес за годишен одмор земав пред Нова година.

Колку фирми беа казнети т.е. испразнети од овој потег?

Ќе мора во инспекторат да се обратиш, мада тешко и они да знаат.

Дали беше придобиено гласачкото тело? Твое размислување...

Па не баш, ама затоа буџетот беше подзакрпен со неколку милиони евра на име персонален данок.
 
Сега истите што лани викаа јака муда к-15 и онака не го делат или не треба да се дели к-15 ќе ги читаме како викаат у срамота к-15 укинале. Конструктивно нема што.
А лани демек го делеа бе :facepalm:
Испран мозок тоа ти е. Да, имаше фирми шо поделија к-15 (да се такви 10 максимум), но другите шо делеа К-15 дремеа пред банкомати со вработените за да им вратат уплата за К-15 или па им намалуваа плата за да им исплатат :tapp:
Ама проста раја верува до смрт на пweмиеwoт и неговите лажни ветувања за подобар живот и подобро утре.
 
Малку претенциозен наслов, ама најверојатно е вистина дека толку ќе биде од задолжителното К-15.
Синдикатот на работници нормално не најде за сходно барем со соопштение до медиуми да ги информира работниците.


КРАТКО ТРАЕШЕ: К15 од денеска заминува во историјата?

Сојузот на синдикати, Организацијата на работодавачи и стопанските комори, денеска ќе преговараат дали исплатата да биде на доброволна основа.
Неофицијално помеѓу трите страни е постигната начелна согласност, според која исплатата на регресот ќе се регулира на гранково ниво, односно компаниите кои не се членови на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќаат регрес. Сепак доколку компанијата има пари и ако работодавачот сака може на своите да го исплати регресот на вработените. Овие предлози ќе бидат пoсочени на денешниот состанок на кој треба да се почнат преговори за промена на општиот колективен договор за приватниот сектор.
Првично укинување на исплатата на К15 побараа од Организацијата на работодавачи,кои посочија дека за ваквиот предлог добиле позитивно мислење и од синдикатот. По нив укинување на исплатата на К15 побараа и стопанските комори, кои пак посочија дека за да ја запазат законската обврска биле принудени да земаат и кредит.
 
К-15 ќе се исплаќа според можностите на компанијата

Приватните компании и натаму ќе го исплаќаат регресот за годишен одмор на вработените, но тој може да биде и понизок од 8.500 денари. Ваквите измени следуваат поради влошената економска и финансиска состојба кај одделни компании

НЕМА МИНИМАЛЕН ЛИМИТ ЗА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

Обврската на работодавците за исплата на К-15 останува, но не е утврден минимален износ колку треба да изнесува. Тоа значи дека регресот за годишен одмор останува, но не е задолжителна висината од околу 8.500 денари, колку што беше обврската за исплата во минатата година. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавци по повеќе средби ја потпишаа спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Измените следуваат поради влошената економска и финансиска состојба и тешкотиите во работењето кај одделни компании.

СИГУРНОСТ НА
РАБОТНИТЕ МЕСТА


Како што соопштуваат од ССМ, приватните компании и натаму ќе го исплаќаат регресот за годишен одмор на вработените, но со можност тој да биде и понизок од утврдениот износ од најмалку 40 отсто од просечната месечна нето-плата по работник исплатена во последните три месеци.
- Ценејќи ги економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиската и должничката криза и тешкотиите кај одделни работодавци, а за да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавецот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел. Кај работодавците во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците - наведуваат од Сојузот на синдикати.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

Социјалните партнери се договорија да се продолжи и важноста на колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството уште за две години.
- Социјалните партнери по речиси двомесечни преговарања и на овој начин ја покажаа вредноста на социјалниот дијалог, определбата да нема кратење на работничките права, но и грижата да не дојде до нарушување на нормалниот процес на производство и губење на работни места - се вели во соопштението.

Лани компаниите имаа законска обврска за исплаќање К-15, при што сите компании мораа да дадат регрес за годишен одмор, по што следуваа и казни за работодавците што не ја почитуваа оваа обврска. Доколку компанијата не постапи според решението на инспекторот, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице кај работодавецот.
Соочени со економската ситуација и неможноста за исплата на К-15, некои компании за да не плаќаат високи казни им одбиваа на вработените од месечната плата. Имаше случаи и каде што откако работодавецот ќе им исплати К-15, работниците му го враќаа.
Кон крајот на 2014 година, Сојузот на синдикати соопшти дека 90 отсто од компаниите од приватниот сектор им исплатиле К-15 на вработените, а право на регрес за годишен одмор имаа околу 300 илјади работници.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71515955526&id=10&prilog=0&setIzdanie=23518
 
Сега сите фирми ќе исплатат К-15, ама во висина од 1 денар.:LOL:
Јоој мајко Македонијо :pos:
 
Ќе си глеаме на јутуб к-15 годинава шо кур...
 
Нека го вратат како што беше: ...фирмата МОЖЕ да исплати...но не мора. Која фирма ќе исплати, ќе има задоволни вработени. Која нема, вработените ќе и бегаат. Еднаш нека почне да функционира пазар на труд како што треба.
 
Дали доколку ја напуштиш работата во Декември, а си работел 6 месеци, те следува к15?
И дали според законот на лице кое е на породилно ја следува к15 од фирмата?
Ако е некој поупатен нека одговори. Благодарам однапред!

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Ако си работел 6 месеци да, те следува, а за породилно најверојатно и за нејзе следува.
 
6 месеци до 30 ноември или до 31 декември се смета? Јас работев оваа година во јануари и февруари со договоркај еден работодавач, потоа од март до јуни не одев на работа, па од јули се вработив кај друг работодавач и еве заклучно со декември јас ке бидам 6 месеци на работа. Дали исполнувам услови за К-15? :D
 
Шест полни месеци кај истиот работодавец - што е нејасно? :)

Секако дека не исполнуваш услови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom