- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
KОСОВО НЕ ИМ ДАВА ДОКУМЕНТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАВЛАДЕАТ ВО ГОРА
Kосовските власти им го отежнуваат процесот на добивање документи на Македонците таму оти нивното официјално регистрирање значи и зголемување на бројот, што, пак, претставува закана Македонците на следните избори да ја добијат власта во областа Гора.
Според претседателот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед, Исмаил Бојда, ова е еден од начините да се спречи Албанците во Гора да ги загубат шансите да раководат со областа. Тој нагласува дека ваквата намера се реализира тактички и промислено, односно никаде јавно не се спречувани Македонците да аплицираат или да добијат документи. Но, бирократските процедури одземаат нерви, пари и многу време, па Македонците брзо се откажуваат.
- Бројот на луѓе кои не успеале да земат косовски документи е сведен на минимум, значи станува збор за околу 15-20 случаи, оти сега е скратена процедурата за разлика од порано кога беше многу потешко. Но проблемот е друг, проблемот е во стравот дека бројот на македонски гласачи ќе расте. А во Гора разликата меѓу бројот на Македонци и Албанци, изразена во гласови, е околу 150, што значи многу блиску. Тоа претставува директна закана за Албанците дека Македонците ќе ја преземат власта во Гора. Затоа се изживуваат, објаснува Бојда. Kако пример го наведува својот случај кога во 2005 година вадел косовски документи.
- Условите за добивање државјанство и други документи се да си роден во Kосово, односно во Гора или да докажеш дека по татко, мајка потекнуваш оттаму. Потоа приложив и имотен лист од мојата куќа. И на крајот откако приложив с`, ми побараа да приложам зошто не плаќам струја, односно данок на имот. Им објаснив дека струјата с` уште не е спроведена до моето село и дека живеам со агрегат што го земам од најблиската бензинска, раскажува тој. Порачува Македонците да не креваат раце по првата кочница зашто треба само да се поупорни кога си го бараат она што им следува.
Шеесет и тригодишниот Асан Kаскани од селото Брод во Гора, пак, вели дека најголемиот проблем во врска со документите не се бирократските процедури, туку фактот што, како што потенцира, немаат никакво значење.
- На крајот, документите мора да се дадат, тоа е неизбежно, но проблемот е што со косовски пасош, на пример, не можеш никаде да мрднеш без виза. А работа внатре нема, особено не за нас. И да сакаш да си ја пробаш среќата надвор, за секаде треба виза, додава Kаскани.
Според Бојда, наспроти свесните бирократски притисоци од косовските власти, сепак има Македонци-староседелци, жители во Гора, кои се корисници на косовски пензии.
- Оние што се родени во Гора, и имаат минимум 63 години, земаат околу 75 евра пензија месечно. Македонците во Гора, пак, што во времето на Србија работеа како државни службеници, с` уште земаат надоместок од Србија. Особено поранешните наставници и професори. Па во моментов тие добиваат речиси двојно повеќе пари месечно отколку регуларните наставници, на пример во Лесковац или некое друго српско место, вели Бојда.
БУГАРСКИ ПАСОШ - ВИЗА ЗА РАБОТА НАДВОР
Според нашите соговорници, неможноста да се патува без виза со косовски пасош е една од причините што Македонците во Kосово с` повеќе се интересираат да дојдат до бугарски пасош. Според податоците на специјалната инспекција на бугарското министерство за правда, стотици државјани на Македонија, Kосово и Албанија се обидуваат да добијат бугарско државјанство преку Државната агенција за Бугари во странство. Од сите барања, само 16 проценти биле поткрепени со соодветни докази. Во апликациите често се наоѓаат само изјави, а како доказ за бугарско потекло прифаќано е и членство во бугарски организации.
Искра Kоровешовска
http://dnevnik.mk/?ItemID=37B46E76229C564797479F9080585301