ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
"Денеска под мотото „Избери образование. Промени го својот став“ превозот ќе биде бесплатен за сите што во автобус читаат книга, а контролорите на ЈСП ќе доделуваат бесплатни билети на сите што читаат за време на возењето."
Ова повеќе ми личи на книгата ќе се перцепира како гага слободна. Ако не ти бараат билет, тогаш ќе биде гага, но ако треба да покажеш билет и те наградат со нов тогаш ок е замислата. Само треба да биде убаво напишано некаде, за да не има забуни, ама јас мислев вака, онака, бидејќи за гага возење некои знаат да дигнат бунт.
 
Има автобус што поминува околу ГТЦ, а застанува негде во близина на Томато продукција - ул.Скупи бр.3?
 
Пред oкoлу 1 месец се вoзев прв пaт вo Автoбус нa ЈСП (не сум oд Скoпје) и кaртaтa сум јa стaвил oбрaтнo и ми титнa aпaрaтoт aмa кaртaтa oстaнa непoништенa. Зa oвa вooпштo не бев свесен. И зa мaлер влезе кoнтрoлa и му јa пoкaжaв и му oбјaснив се кaкo беше и декa не сум oд Ск aмa џaбе ме пишa сo oбрaзлoжение: Акo ствaрнo прв пaт ќе ме внесaт вo системoт нa кaзни тoгaш СИГУРНO немa дa стaсa кaзнaтa згoлеменa штo е aкo не јa плaтaм тaa oд 1000.
Е сеa ствaрнo имa месец и немa ништo стигнaтo сaмo ме интересирa некoј сo сличнo искуствo дa спoдели.
 
Со мобилен има некој плаќано и како оди процедурата?
 
Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија.

Ај од 2017 нека го направат бесплатно за сите:-)
 
Фуфа ама редно беше. Сега со пензионерине ќе биде како во the mosh pit :D
Мислиш има студенти што стануваат во 5 насабајле и сакаат да прават гужва у автобус ?
Инаку супер е идејата
 
Еее, ама затоа тие што не се ни средношколци, ни студенти, ни пензионери ќе плаќаат тродупло.:notworthy: Само на ноќниот билет не е покачена цената, а билетот за 10 возења ќе трае 15 дена. Бујрум, новите цени.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=43F429916D74914C9038CADE6472CE64
 
Ај од 2017 нека го направат бесплатно за сите:)

Еве веќе почнаа со реформите... 60 за едно возење, а во случај ако треба на некое одредено место да стигнам со два автобуси, ќе ме кошта 120 денари...

Мрш
 
Еве веќе почнаа со реформите... 60 за едно возење, а во случај ако треба на некое одредено место да стигнам со два автобуси, ќе ме кошта 120 денари...

Мрш
И дa се врaтиш нaзaд рaчунaј. 240 вкупнo.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom