ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓенца, има директна линија према Матка од железничка? Поназад мислам @Ilumious имаше пишано дека од Дексион има некоја, ама мрцварење е многу дотаму у пм 6 автобуса треба да сменам ...
Има директно, 60ка. Најди на ЈСП возен ред, приградски линии, за да видиш кои времиња :)
 
Луѓенца, има директна линија према Матка од железничка? Поназад мислам @Ilumious имаше пишано дека од Дексион има некоја, ама мрцварење е многу дотаму у пм 6 автобуса треба да сменам ...

едит : Најдов, 60-ка од Транспортен идела директ за Матка ...
60ka ide :)
 
Луѓенца, има директна линија према Матка од железничка? Поназад мислам @Ilumious имаше пишано дека од Дексион има некоја, ама мрцварење е многу дотаму у пм 6 автобуса треба да сменам ...
Има друже, 60-ка е директна линија од Матка до железничка. Тоа што тебе ти треба е автобусот кој оди до Горна Матка, внимавај бидејќи не одат сите до таму.
Минатиот пат 60-ка воопшто не можеше да дојде до горе бидејќи имаше премногу луѓе на Матка кои имаа паркирано коли на патот. За викенди малце потешко дека ќе ти дојде автобус.
Имаш 12-ка што поминува во Глумово, ама за викенди не оди. Понатаму можеш да фатиш и 56-ка која тргнува од Бојане.
На крај краева за помалку од еден час пешачење ќе стигнеш до Сарај и ќе можеш да фатиш 2-ка :D
 
За викенд претпоставував дека има гужва, затоа сакам да идам преку недела :)
Фала на инфото :D
 
За викенд претпоставував дека има гужва, затоа сакам да идам преку недела :)
Фала на инфото :D
Пензионери идат често вторник и петок, можеш со нив :D Паметно што идеш на работен ден. 60кава како такси е, одма стигаш :D
 
Од Аеродром до Рамстор иде некој автобус?
 
Ќе застанеш на Рекорд и по улица Македонија ќе испаднеш кај стара Железничка а тука ти е и Рамстор. Освен ако немаш 70+ години и не можеш да одиш, не гледам како дистанцава би била проблем.
 
Од Нова година поскап превоз, од 1 август паметна наплата во ЈСП
„Не е исклучена можноста од 1 јануари да поскапи градскиот превоз, како во ЈСП, така и во приватните автобуси“, призна вчера градоначалникот Коце Трајановски на промоцијата на т.н. паметна наплата во јавниот превоз. Тој информираше дека есенва Советот на Град Скопје ќе ја разгледува висината на цената на јавниот превоз, при што ќе треба да утврди единствен тарифен систем кој ќе важи и за ЈСП и за приватниците...
Паралелно со новиот начин на плаќање, од 1 јануари парите од наплатата на превозот со „паметните“ билети ќе ги собира Град Скопје, а потоа превозниците ќе добиваат од едно евро за секој извозен километар. Така, сметаат надлежните, приватниците ќе имаат мотив да возат во кој било период од денот, а не како досега да се случува во шпицот да има премногу, а во вечерните часови мал број возила.
Извор

Се надевам дека од целава работа нема да добиеме само поскапување на билетите.
 
и после ќе јадат гомна у скопје било загадено имало многу возила, па ќе има кога карта во два правци ме чини исто колку и горивото што ќе го платам. И не знам како приватнициве не се бунат на ова, сеа нема ни дел од тие пари што ги вадеа да ги земаат.
 
Последно уредено:
Само во Македонија: Бензинот/дизелот поевтинува а превозот поскапува (превозот мислам на градски и на меѓуградски)...
 
Причина плус зошто да ги мразиш пензионерите :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom