ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
И 11-ка е фино. Ако се погоди возачот и на црвено ќе тера. :pos:
Ако подобро размислам, и 21 и 21А не се лоши, празни, порано имаше еден шофер ќелав, си свирка си пее, мислиш сам е човекот внатре (до некаде и да). Штета, сега го преместуваат само, иначе убаво од сабајле денот да ти почне со „пеач“ е убава работа.

Посебно и приватна 12-ка и тие не чекаат. :pos: А ако кренеш рака ќе те соберат без разлика колку гужва има позади, како такси. :icon_mrgr:
Па и ти сега, немој да мешаш приватници со ЈСП. Ако гледаме така, приватнициве се бетер.
 
15A за колку време стига од Ново лисиче (од тргнување) до центар - градска или рекорд? :)
 
Па и ти сега, немој да мешаш приватници со ЈСП. Ако гледаме така, приватнициве се бетер.

Моја грешка де. Ако е стар автобус ич не се замараат мислам ни дали ќе удрат некаде овие од ЈСП. :pos: Порано кога ги земаа новите како возеа пажливо, се плашеа и да нагазат. Ах сечања, со балони кога ги пуштаа по прв пат...:vozbud:

15A за колку време стига од Ново лисиче (од тргнување) до центар - градска или рекорд? :)

Нормално е 35 мин. А ако нема многу гужва околу 25 мин.
 
Може некој да ми каже кај се наоѓа "нас. Колонија бб" и со кој автобус можам да стигнам до таму од транспортен центар ?
 
Може некој да ми каже кај се наоѓа "нас. Колонија бб" и со кој автобус можам да стигнам до таму од транспортен центар ?

Колонија Идризово? Според нивниот веб-сајт, 54.
 
Не знам само "нас. Колонија бб Скопје, центар за обука МВР" пишуваше, за колку време приближно можам да стигнам ?
затворот идризово е тоа.
--- надополнето: 5 декември 2013 во 18:52 ---
53, 63, кај транспортен центар прашај си еден куп автобуси идат во тој правец
 
А ако задоцни и ќе му скинат од плата тоа не е важно, важно „децава без родители“ (ова ми го има кажано шофер додека ми се жалеше од нив, се скинав од смеење) може да се влечкаат.

Во контекс на ова деца без родители
Линија 19-ка на станицата кај Градежен факултет во петок се качува пензионер со оние количките што ги влечат со торби па дури и вреќи од пазар до дома. По правилата за возење во ЈСП од пред некое време јавно е истакнато дека такво нешто не смее да се внесува али пензионерот си влегува на средна врата и си застанува и шоферот му вика " Ало момче не можеш со тоа да влезеш" и овој не реагира мисли на некој друг му вика а во меѓувреме кој слушна си се поднасмевна. Викна уште 2-3 пати шоферот и му текна дека на него му вика и си излезе
 
Бидејќи во двокатниве или во украинките се качуваат од позади „децава“ и ако се погодам да бидам наку*чен (а најчесто сум кога ги гледам), јас ги бркам и се карам. Другариве се страмат, ама мислам дека и на нив им е преку таквото од „децава“.
 
Значи,без разлика дали е вторник,петок,понеделник или среда,24ка нема шанси да биде празна или полупразна,внатре лугето едвај дишат..Сликава е од вчера на зелено пазарче ,погледнете што се влегува во 24ка:
DSC_0584.jpg

И уште нешто,кој се вози во 24 често знае,има еден човек кој е сигурно со посебни потреби,човекот е постар и ги замара лугето,им аплаудира,им се лигави ги чепка,тропа по џамовите..Треба службите да реагираат тука..
 
Јас гледам луѓе на автобуската а автобусот е празен. Барем горе не седи никој.
 
погледнете што се влегува во 24ка.
Другар, сум рекол, мислам дека ниту една линија не може да се мери со 9ка, и евентуално со 19ка.
Сите диви животињи (кои шетаат по мостот на цивилизацијата), урлаат, си пукаат петарди внатре, врати не пуштаат. Минатата недела 10на минути седеше 9ката (г.б. 1101), шоферот вика полиција ќе ви викнам, пуштете вратата, има друга кола позади, за 5 минути ќе дојде, не бре, они запнале да влезат. Е кога го исклучи скрос автобусот, чекаше уште малку и очигледно „цивилизираниве“ сфатија и си се симнаа, па веднаш тргна. На 9ка исто така, не го памнам гаражниот број, откорната е кваката од кабината на возачот.
Тоа што си играат огномет, тоа е веќе нормално, едни фрлаат, други им аплаудираат и им честитаат.
Во 24ка барем се културни луѓево, ваму се се` дивјаци!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom