ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Ми пречи тоа што кога е катарза, потенцирам - пазарни денови, на драгиве господа од ЈСП никако да им текне дека тоа се денови кога не треба да прават компромис со пуштање на автобуси. Ама не, зошто, кога може и вака како сардини во Аушвиц да се мкнеме. Мислам, сериозно, што може да ни бидне од едно паѓање на земја, или губење на некој екстремитет? Скраја да е.
 
Еј ова со градски не било ништо да патуваш со пензионери, патувајте 500 километра со нив да видите како е. :facepalm: Бетер него мали деца, јас да сум туристички водич например и да ми се наклесаат тура да водам старци некаде цел автобус или ќе ги истресам нив некаде или сама ќе се истресам, такси ќе возам поарно. Ќе пишам повеќе утре други ден :facepalm:
хахахах, кај ја отера сега работава. али ќе ти се придружам. (y)
замисли да патуваш скопје-минхен со луѓе кои се бањаат еднаш месечно:place:, четка за заби не виделе уште од времето на одисеј, а културата ја заборавиле во фиока, се дерат и довикуваат, бараат ваква или онаква музика,а од уста излага неподнослива реа. ....... аууууууу, колку е само тоа лошо искуство. а ДА, ќе заборавев да спомнам, кондури обавезно се вадат:гомце: а кога ќе дојдеш на австриско-германска граница (рано наутро), и ќе отидеш до тоалет, ги гледаш како се чудат на чешмите кои немаат ни рачка ни славина за да пуштиш вода. :facepalm: “што е тоа сензор? се јаде или пие?“
го чекам твојот пост (y)
 
Моментот кога во преполн 41 со пензионери, шоферот ќе го утне патот :pos::pos:
Како испорипаа наеднаш сите од местата, ќе го потепаа шоферот, сум се помочал од смеа. И одма тука се отворија дискусии и секакви можни сценарија. Штета што при крај на возењето се случи тоа, баш ме занимаше какви сцени ќе развиеаа старите умови. :)
 
Слушалки и те како помагаат при пензионерски денови. Плус ако начекам слободно место, си вадам книга и не ги ни гледам ни слушам, па ако сакаат и нека се потепаат.

Инаку, на два пати патував летово од Скопје до Манхајм, каде имаше и пензионери и друга збирштина на луѓе. Во такви автобуси е далеку позабавно отколку во градски :)
 
ona koga sedis se vrtat okolu tebe i te kolnat vo sebe, te gledaat kako hieni koi mu se navrtele na plenot da go rasparcat, i odednas ti pravat sad face ili ti davaat malecka nasmevka i te zamoluvaat fino da stanes i ako ne sakas ne se povekje fini :(
 
хахахах, кај ја отера сега работава. али ќе ти се придружам. (y)
замисли да патуваш скопје-минхен со луѓе кои се бањаат еднаш месечно:place:, четка за заби не виделе уште од времето на одисеј, а културата ја заборавиле во фиока, се дерат и довикуваат, бараат ваква или онаква музика,а од уста излага неподнослива реа. ....... аууууууу, колку е само тоа лошо искуство. а ДА, ќе заборавев да спомнам, кондури обавезно се вадат:гомце: а кога ќе дојдеш на австриско-германска граница (рано наутро), и ќе отидеш до тоалет, ги гледаш како се чудат на чешмите кои немаат ни рачка ни славина за да пуштиш вода. :facepalm: “што е тоа сензор? се јаде или пие?“
го чекам твојот пост (y)
Немале четки за заби у времето на Одисеј :)
 
Моментот кога во преполн 41 со пензионери, шоферот ќе го утне патот :pos::pos:
Како испорипаа наеднаш сите од местата, ќе го потепаа шоферот, сум се помочал од смеа. И одма тука се отворија дискусии и секакви можни сценарија. Штета што при крај на возењето се случи тоа, баш ме занимаше какви сцени ќе развиеаа старите умови. :)

Појако е кога наеднаш ќе закочи и сите ќе скокнат од седиштата. Пензионерките веднаш почнаа со паника и филмови дека уште рано сабајле ќе загинеле на прав пат. :pos:
 
19-ка кромидарник! Се качив од Чаир и мирисот на кромид се осеќаше до Карпош 4 :pos:
Што им е финтата со албанците на станица не спаѓаат како сите патници, туку по 3 метри им текне да тропаат како луди на вратата за да излезат. :tapp:
Ме нервира кога некој албанец ќе се качи и кога ќе му каже на шоферот да го почека бидејќи требало да дојде и некој негов пријател. Го чекаа 2 мин и овој се налути и излезе од автобусот почна да свири, да мава раце и дојдоа заедно со една вреќа грав. :pos:
 
Seljacana backo, ne se vozi so seljacki avtobusi.
 
Друштво, барам објаснување од вас за:
1. Според кој член(ови) и од кој Закон(и) ЈСП поставува дисплеји на два или повеќе јазици, кога се знае дека официјален јазик во Република Македонија според Уставот (како највисока правна рамка) е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК?! Ова е случај на линиите 2 и 9, а ова за мене не е прифатливо, лично за мене, но и за мнозина други!
2. Зошто кога има контроли на линија 9 (конкретно), контролорите најчесто говорат различен јазик од официјалниот, односно со тие што се разбираат ги пуштаат и покрај тоа што немаат билети, додека со останатите кои говорат официјален јазик (Македонски) им вршат притисок и тортура?!
Фала
 
Според рамковен договор, којшто целосно е имплементиран во нашиот устав. За двојазичноста на ЈСП прочитај повеќе тука, зошто и како дојде до тоа.

2. Зошто кога има контроли на линија 9 (конкретно), контролорите најчесто говорат различен јазик од официјалниот, односно со тие што се разбираат ги пуштаат и покрај тоа што немаат билети, додека со останатите кои говорат официјален јазик (Македонски) им вршат притисок и тортура?!
Фала
Затоа што сме апартхејд држава и косоварски вазали . Welcome to reality
 
Кога ја отворив темава ми текна на една случка. Пред околу една недела се возев до 22 државна и еден чоек си пееше молитви. Ама тие молитвиве беа за 22ка нешто пееше од Карпош до не знам каде со 22ка да се помолиме на господа, па после Господи помилуј.:unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom