ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Каква пријава за дискриминација лежи тука, да се пуши „службеното лице“.

Нема да може, овој влезе без карта (разбирливо бездомник е), па тоа ќе биде дел од одбраната на службеников.
 
Нема да може, овој влезе без карта (разбирливо бездомник е), па тоа ќе биде дел од одбраната на службеников.

Полицаец нема никакво право да му побара билет. Да бил контролор, секако дека ќе можел да го симне од бус. Затоа викам, не е симнат поради тоа што нема билет (џандарот ич не треба да го боли дали имал или не во случајов) туку поради тоа што смрдел.
 
Moжеби си во право, но прво кај нас никој нема да се зафати за тужба против џандаров, особено не бездомникот (ќе се качи во друг автобус), и да се зафати некој случајот ќе се батали со опомена до џандаров, нема да се замараат за вакво дело.
Тоа што го пиша ти можеби би функционирало во друга држава :)
 
Кога се мачам за да излезам од автобусот, а останатите те гледаат -.- и не мрдаат за да поминеш.
 
Ден:Четврток Место:Рекорд Час:00:25

Автобусот пристига со број 57 на автобуската постројка и иде вообичаената практика пола вадат билети пола се шверцаат.
Денес е поинаков ден,шоферот застанува на страната на законот (законот на јсп) и упорен е со тоа секој да плати билет.Секој срамежливо се враќа и плаќа освен еден дечко и една девојка од 16 години.Шоферот го гаси автобусот и се расправа дека ако не платат или не излезат не поаѓа.Извици ау ау и дечково и девојкава се силат ама не плаќаат.Шоферот излага надвор (блефира) вади мобилниот и наводно вика некоја служба?Излагаат децава му покажуваат среден прст и му се дерат нешто.Поаѓа и на секоја автобуска се пробува да не се плати ама упорниот шофер решен е секој да даде 40 денара.Три станици пред Чаир се качуваат двајца дечки и им вика да платат карта а овој му вика дека има контрола па нека ги казни.Расправање и малиот го прашува дали мисли да помине покрај Бутел?Наводно ќе го правеле БУМБАР.Го вика другар му да влезе на некој јазик што не е македонски (од двојазичните) и му плати 40 другарот негов не плаќа.На наредната се качи уште еден нивни другар,на него не му ни побара карта.Не се ни обиде.ОПЕРАЦИЈА НЕУСПЕШНА.
 
obicno soferite se pi4inja i cekaat kontrolata da gi resi krsitelite na zakonot, me zacude so pricava
И мене ме зачуди што му требаше моментов,башка навечер нема контрола па никогаш не се замарале кој влага шверц кој не,дали не му беше денот или им е кажано дека мора да ја теераат правдата до крај од сега па натака ќе мора да видиме.
 
obicno soferite se pi4inja i cekaat kontrolata da gi resi krsitelite na zakonot, me zacude so pricava

Не е работата дали е пиче или не. Него му е работа да ози и да ти даде карта АКО му побараш односно платиш. Не е негово да те брка од бус, да ти вика, да се расправа на таа тема. Овој нешто се наапал. Имаше еден возеше 2ка додека бев средно, тепаше се и сешто со шипка, мамицата им ја расплакуваше и на едни и други (мислам на едно и двојазични). После мислам дека на 57ца го префрлија. Може станува збор за истиот, само омекнал :D
 
Ме нервираат вратине во автобусине, отвори затвори ќе те соберат за рака во гужвине :@
 
Ме нервираат вратине во автобусине, отвори затвори ќе те соберат за рака во гужвине :mad:
Не би требало имаат на самите сензор и би требало автоматски да се отвори зборам за новиве автобуси Лиаз и Јутонг автобусите а тие Санос не.
 
Не би требало имаат на самите сензор и би требало автоматски да се отвори зборам за новиве автобуси Лиаз и Јутонг автобусите а тие Санос не.
Да имаа сензори и мирисни ароми ќе шприцаа во гужвите од стари неизбањати лица и кромиди и ќебапи за ручек.
Нема врска за сензорите ни украинките ни кинеските автобуси.
 
кој ташак им е со климана што не ја палат :tapp:
 
Да имаа сензори и мирисни ароми ќе шприцаа во гужвите од стари неизбањати лица и кромиди и ќебапи за ручек.
Нема врска за сензорите ни украинките ни кинеските автобуси.
И јас викам тоа, се е шкарт :)

кој ташак им е со климана што не ја палат :tapp:
Пред некое време во 5 на 40 степени цел автобус го молеше клима да пушти, а тој рецка не мава, се спржив :@
Срамота што на ова време не пуштаат клима.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom