ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Абе кинезите за нив се премија. Ако ништо друго, барем се климатизирани и тоа до ниво на кое ти станува дури и ладно понекогаш. Плус, си се качиш горе, си седнеш и не се замараш со никој, не се буткаш со старцине во вторник/петок.
 
Некогаш е толку ладно во автобусиве што мислам дека во месара сум влегол... Ама се е ок додека не заборават да го пуштат ладењето.
 
Еден чичко шофер у 41,си застанува на Веро,и еден дедо му вика:,,Мајсторе,овој оди за драчево?" овој па глупиов му вика:,,Не,за Зелениково" :tapp:
 
Прееска се враќав со Лаз 57-ца, сите прозори и врати беа отворени оти климата не работеше ама зошто отворени кога ветре не дуваше оти Лаз-от лазеше со 20 ретко 30 на саат. Како да испушташе душа. Башка и средната врата не работеше.
Немогуќе

Сега пошто се прават улиците 57-ци само Лазови има. :facepalm: Многу се неквалитетни, уште година дена ако издржат добро е после секој втор ден ќе бидат на сервис.
 
Денес ми влезе контрола во 65ка, мамата нивна од кај се појавија ни ги видов ни ги приметив, ми бараа карта ја немав и им ја дадов слободната и ми рекоа не важела (оган да ги изгори да цркнат), и ми ја земаа слободната и ми рекоа да платам 200денара казна...Ако може некој да ми каже кај да идам да платам и што ке биде ако не платам, дека ми имаат и податоци и се?
--- надополнето: 5 јули 2012 во 19:59 ---
 
Јас постојано се возам со бр.57 и постојано афтобус е полн...постојано...и тоа ме нервира многу,кога и да се качам е полн афтобусот...а највеќе баш ќе седнам и ќе ме гледа некоја баба 2-3 мин и на крај ќе ми рече ае стани...и тоа мн ме нервира...
 
Вака сеа, пред некој ден ме фати контрола у бус немав извадено карта и им ја покажав слободната а таа важела до 20ти и ми ја земаа, немав пари у мене да им платам на лице место и ми рекоа да одам на благајна да платам, Но не планирам да им платам дека беа многу груби спрема мене ми се собраа 3ца ми викаа се дереа, Што ке биде ако не отидам да платам казна може ли да ме дадат на суд? а што и ако не одговорам на судската покана дека не ни планирам ни да плаќам ни да одам на суд, ај ве молам некој одговор
 
А колку треба да платиш? Не знам дали вреди за одредена сума да си правиш дополнителни проблеми?
 
Не плаќај.Тешко да запнат со суд за таква сума, ако веќе е ова не ја примај поканата, не си ти/не си дома итн.Врати со иста мера.
 
Како што прочитав на ЈСП страната, ако не платиш на лице место 200 денари ке треба да платиш на благајна 1000ка
 
И не, мислам дека ЈСП не се занимава со судови (бар немам слушнато до сега нешто такво). Во најлош случај, нема никогаш да ти ја вратат слободната или пак нема да можеш да извадиш нова т.е. да ја завериш постоечката.
 
И не, мислам дека ЈСП не се занимава со судови (бар немам слушнато до сега нешто такво). Во најлош случај, нема никогаш да ти ја вратат слободната или пак нема да можеш да извадиш нова.
Ми е гајле за слободната, само да не ми праат некои проблеми, ма ке идам до крај ако сакаат нека ме даат на суд не идам
 
Ми е гајле за слободната, само да не ми праат некои проблеми, ма ке идам до крај ако сакаат нека ме даат на суд не идам
Кај имаш гратис слободна и покрај неа веројатно никогаш не си платил денар на ЈСП, правиш проблем за 200 денари :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom