ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Погнасни и понекултурни створења од нашиве диносауруси не сум видел, дури и кога работев со комуналци! Срамота!!! Зарем биваше во цел свет студентите да се на прво место, а кај нас на последно за да можат овие стари кретени да се изживуваат врз сите нас?!
Не е убаво да им посакам лоши работи, ама како старееш така стануваш се понеподнослив, а нашиве се пример за тоа.
 
Затоа ко ќе се возиш во вторник и петок во ЈСП, облекувај се вака:
Па да видиш тогаш како ќе бегаат пенизонериве...

Џабе е и така да се облечеш кога носат лук и праз со нив и овој од тоа би избегал:pos:
 
Џабе е и така да се облечеш кога носат лук и праз со нив и овој од тоа би избегал:pos:
Грешка си, вампири бегаат од лук :) Смртта не бега, ко ќе иди... иди!
Баш би сакал онака преправен да го потчукнам некое деде по рамо и да му речам: ајде, одиме... тргнувај!
 
Пензионерите се повампируваат во вторник и петок

Стари, изнемоштени, подзгрбавени бавни, овие епитети најчесто се употребуваат кога се зборува за пензионерите. Сепак овие описи не важат во вторник и петок кога пензионерите стануваат најбрзото „животно“ кое трча по слободното столче во бесплатниот автобус. :pos:

Димитар Тануров

Превземено од ИдиВиди:
http://www.idividi.com.mk/kolumna/735590/index.html


.

СРАМОТА

„ЈАК„ е текстот каде ги споредува со брзи животни-а, посебно насловот.:mad:
не очекувам ама баш ништо добро од таквите „персони„кои немаат НИКАКВА почит кон повозрасните луѓе, И ДА , СОСЕМА нормално е дека старите неможат да бидат така мобилни како и младите- закон на времето - но, да се има бар малку почит кон нив не ќе да е на одмет
 
Секој вторник и петок во Скопје, на радост на сите љубители на зомби-филмовите, слободно можете да го гледате (а и да учествувате, како статисти - а ако ве бива и во некоја акциона улога, Bear Grylls од Ultimate Survival веќе го најави своето гостување) во снимањето на македонски римејк на Day of the Dead во режија на ЈСП. Со оглед на неисцрпниот буџет, филмот може да добие и неколку продолженија, а зошто не и серија или да прерасне во реално шоу, кои би се емитувале во живо на некој од каналите на државниот сервис. Продуцент е Владата на РМ. Супер идеја за привлекување туристи. Уште да ги убедиме старциве малце да се нашминкаат... Или нема потреба, арни се и вака?
 
Како поминува времето почнувам да верувам дека ова со бесплатното возење можеби не било за гласови туку за да се започне омраза кон старите.
 
Само мене ми мирисаат чудно двокатниве???

Не, не, мирисаат корнат. Баш мирисот на правомукалка го имаат. Поготово па коа беше топлото мирисаа ко некој внатре да се убил од испуштање гасови.
 
Море последно време цепам само со приватни.Ем поевтино е за 10 денари,односно 20 во два правци зошто не верувам дека некој оди само во еден,ем нема да ги гледам пензионерите со нивните туршии,кромиди и тако даље.
 
многу ме нервира што кога ке дојде вторник или петок овие вампириве ко да не се возеле во бус.побрзи се и од болт за да фатат место
 
Малце оф топик, кој автобус поминува кај село Бунарџик?
 
Во вторник и петок се вистинска напаст, навидум кротки и неподвижни, трчаат како 20 годишници за да не го испуштат автобусот. Влегуваат внатре и прашуваат „кој број е автобусов?“. Намеруваат жртви за станување од столчина, а целата гужва, студ, топлина што и да е е засенета од мирисот на нивните намирници. Ако ти се посреќи ќе ти ги тупнат и в скут затоа што нема кај да ги остават од шо се пренатоварени. Сеа чекам само да спаднат температуриве и да има голомразица, па тогаш да видам како ќе излегуваат.
Ама она место до парното им е омилено :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom