ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.030
Не. :) Што пишува?
Насликани се случувањата во петок во автобусите на ЈСП:D
Тројца старци со торби го опкружиле еден ученик со ранец, и едниот од старциве го фатил за врат учеников и му вика ЧИНАМ, ПЕТОК Е?! :pos::pos:
Многу е профи нацртани:D
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Баш сеа коа се враќав од факс пробував да го видам,ама не успеав ме опкружија старците :) Ај ако не ти е тешко коа ке поминуваш од таму сликај го и стај го овде :D
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Само мене ми мирисаат чудно двокатниве???
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
зависи у која смисла чудно... ако мислиш на кебапи лук кромид праз и слично онда не си само ти
Во смисла кога дома смукам со правосмукалка излага еден мирис на прав од неа и го мразам,така и во нив ми мириса исто.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Во смисла кога дома смукам со правосмукалка излага еден мирис на прав од неа и го мразам,така и во нив ми мириса исто.
^
True story :)




Денес се расправав со вратата до бит пазар, после се дишеше. На една баба вратата и ја фати раката и блокираше патот за излез. Коа почнаа сите да се бутаат за да излезат таа другата баба малечка ја избуткаа надвор. Комедии. Првата па вика кажете му на шоферот да ја затвори вратата да ја извадам раката, шоферот абер нема. Ама ако им е. Ваљда ќе научат нешто од ова. И уште јадат гомна како ние учениците сме правеле гужва, безобразни сме биле, сме требале да го чекаме наредниот автобус они да можеле комотно да се возат. Ми идеше сосе ќеси да ги избацам надвор.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.982
Поени од реакции
74.030
Баш сеа коа се враќав од факс пробував да го видам,ама не успеав ме опкружија старците :) Ај ако не ти е тешко коа ке поминуваш од таму сликај го и стај го овде :D
Абе не ми е тешко да го асликам на мобилен, ама после немам со што да го префрлам на компјутеров...:)
Така да, ако чека некој автобус таму, нека го сликне и нека ја стави сликата :)
Се вечерно време го гледам графитот, и тек вчера забележав дека уствари не е нацртан на ѕидот туку на нешто како платно или хамер (трескам безвезе неможев да видам убаво) и после е залепено на ѕидот...
Од дождов и снегов може лесно да отиде курбан, а и старциве ќе го искинат :icon_lol:
Иначе се наоѓа на ѕидот на таа зградата лево од автобуската кај зелено пазарче (лево ако гледаш од спротивната страна на улицата :D), одма до тие трафиките од лотарија на Македонија :)
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Ме уби мирисот на лук на дедото шо седна до мене, среќа следната станица ми беше крајна цел. Како сабајле немаше подзаврнато и подмрзнато, рајат че се возевме:)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Пензионерите се повампируваат во вторник и петок

Стари, изнемоштени, подзгрбавени бавни, овие епитети најчесто се употребуваат кога се зборува за пензионерите. Сепак овие описи не важат во вторник и петок кога пензионерите стануваат најбрзото „животно“ кое трча по слободното столче во бесплатниот автобус. :pos:

Гужвите и турканиците, во автобусите, особено во утринските часови (кога сите одат на работа, училиште или факултет) и попладне кога сите се враќаат, како воопшто да не им пречат на пензионерите. Од кревки лица, кои сме навиканите да ги гледаме, стануваат супер енергични и силни, како да ги удрила специјална светлина и ги направила како познатата Супер бабичка од култната детска британска серија „Supergran“. Тогаш овие стари кротки лица стануваат зајадливи, саркастични и на моменти безобразни. Имајќи предвид дека некои од нив излегуваат само колку да не седат дома и за да се шетаат со автобус само затоа што е бесплатно, човек почнува да мисли дека можеби намерно излегуваат во овие термини, за да ги нервираат останатите кои во утринскиот шпиц одат на работа или пак во попладневниот, после напорниот работен или училиштен ден гледаат некако да се довлечкаат до дома.

- Ќе лежам некој вторник или петок некој пензионер! Кај стануеш да седне, па уште ти вика арно ти текна!... Мирис на пот, лук, зелено пазарче и нафталин, тоа е мирисот на скопските автобуси во вторник и петок... Ако не се изгужваат во шпицот исто како да не излегле, тоа е како да биле во празно диско... Абе ги разбирам дома немаат со кого да се расправаат и да мрчат, па мора по автобуси да се празнат… Пензионерите се повампируваат во вторник и петок – те начекуваат во автобус и ти ја пијат крвта на памукче, вака отприлика се коментарите на моите пријатели кои се вторнични и петочни жртви на ЈСП.

Изминатите неколку години речиси секој година имавме некакви избори, парламентарни, претседателски, локални... имајќи предвид дека пензионерите претставуваат голем дел од гласачкото тело, воведувањето на бесплатните автобуски денови беше супер предизборна акција, но не така добро осмислена. ЈСП прво ги изгуби парите на пензионерите, а сега почнува да ги губи и оние од тинејџерите, бидејќи сега со наполнети 16 години ќе можат да земат возачка дозвола. Во обид да ја санираат загубата, а без притоа да ги изгубат гласачите пензионери, ЈСП излезе со предлог кој наводно има за цел да ги смири тензиите и незадоволството во автобусите. Претпријатието месецов предложи да се укинат бесплатните пензионерски денови, а наместо тоа пензионерите да вадат годишна карта од 1.200 денари, која ќе ја отплаќаат на две рати. Секако дека ова наиде на негодување кај пензионерите.

- Таман ни дадоа нешто бесплатно, сега сакаат да ни го земат... Утепани сме со пензиите, сите пари ни одат на лекови и сметки, одвај преживуваме, а сега и автобусот ли да го плаќаме, вака реагираа пензионерите.

За волја на вистината, пензионерите одвај преживуваат имајќи предвид дека сите цени растат, а пензиите се ниски. Но, откако еднаш ќе се даде едно право, после неговото одземање се начекува на нож.

Сепак да бидеме реални предлогот на ЈСП не е така лош, дури и преблаг. За пример ќе ја земам Прага, каде пензионерите плаќаат една третина од вредноста на целодневниот билет. Доколку сакаме да се стави крај на автобуските тензии, а воедно да се намалат загубите на ЈСП нека се воведат целодневни билети за пензионери, кои ќе чинат колку сегашната цена на билетот за едно возење. Ваквата цена на билетот нема да се одрази на буџетот на пензионерите, а ќе придонесе за намалување на гужвите и непријатните ситуации. Можеби следниот пат пред да се донесе некој избрзана предизборна одлука, подобро ќе размислат за последиците од истата.

Димитар Тануров

Превземено од ИдиВиди:
http://www.idividi.com.mk/kolumna/735590/index.html
Уште една доза сеир на сметка на пензионерите...
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Пензионери што ќе и правиш !
Цел ден си имам работа со мојата баба !
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Затоа ко ќе се возиш во вторник и петок во ЈСП, облекувај се вака:



Па да видиш тогаш како ќе бегаат пенизонериве...
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Во вторник и петок се вистинска напаст, навидум кротки и неподвижни, трчаат како 20 годишници за да не го испуштат автобусот. Влегуваат внатре и прашуваат „кој број е автобусов?“. Намеруваат жртви за станување од столчина, а целата гужва, студ, топлина што и да е е засенета од мирисот на нивните намирници. Ако ти се посреќи ќе ти ги тупнат и в скут затоа што нема кај да ги остават од шо се пренатоварени. Сеа чекам само да спаднат температуриве и да има голомразица, па тогаш да видам како ќе излегуваат.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Сите во оваа држава имаат проблеми со сметки и лекови но никој нема такви бенефиции како нив,ако гледаме на тој начин тогаш социјалните случаи треба овој приоритет да го добијат а не пензионерите.Во четвртокот кога одев накај факс влегоа двајца во Карпош 4 и како си што си каде си маубетат.Овој му вика еве денес бесплатно ни е ќе одам во месара во Кисела Вода а и да прошетам дома не се седи.Одвратно делува кога некој се качува внатре со праз,со тањири пифтија цел автобус смрди гнасно.98% од нив ги користат тие два дена за зезање нека не ми кажува некој дека тоа е оправадано.Со ништо не се заслужни да им се доделуваат гратис денови.Точно е тоа дека прават хаос низ автобус ако седиш крив си и некултурен зашто не им станеш,ако стоиш пак си крив оваа младинава само да се акала некаде неможеле да се возат на мира они.Ова е само една лоша популистичка мерка која дава контра ефект.Во оној момент кога сакаа да им ја одземат оваа бенефиција ,здруженијата на пензионери им се заканија со негласање и овие видоа дека добар дел на гласови ќе изгубат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom