ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека одат по автобуси од потреба, него од шо се аздисани, и ништо да не им` треба беспари чим е, оди вози се од еден до друг крај, све од познаници да се пројде од 8 до 00 на гости. Праз, кромид и лук парти 2 пати неделно, плус колективни обвинувачко-намќорски погледи свуда, демек не си станал. Јас и пред да е бесплатно станував на постар народ и без да ми се каже, така шо цепидлачење не поднесувам.

Мене еднаш возачот ми се раздра зашто ми била свиткана ивицата од картата. И ја откина он и ми ја џитна назад. Ја останав онака на место, трепнав 2 пати колку да се исконтролирам и правец позади да чадам дури не се симнав.
 
Добро, што им направија на пензионерите бесплатно - им направија. Прво само еден ден, во петок, ај после и вторник. Е ајде де, нека е така....
Па сега од 1ви септемви сакале секој ден да им е бесплатно.
Уште подобро за нас. Барем нема да има толку гужва на вторник и петок.
 
Уште подобро за нас. Барем нема да има толку гужва на вторник и петок.

Море кога ќе набијат кондиција секој ден ќе се возат :icon_mrgr:
 
Море кога ќе набијат кондиција секој ден ќе се возат :icon_mrgr:
На почеток да. Ќе им биде забавно, интересно, ама набргу ќе им стане досадно. Стар човек спореди го со мало дете. :)
Се` му е интересно, ама бргу му станува и досадно, па така ќе се растерети гужвата што ја има секој вторник и секој петок.
 
Море кога ќе набијат кондиција секој ден ќе се возат :icon_mrgr:
Taкa e, ќе аздисаат :) Не се рекло дека се како мали деца, немаат мерка, ќе одат било каде, во секое време, ако е без пари. Малку поинакво гледиште од она на Watchlist. Добро би било наместо бесплатно возење да добијат постојан значаен попуст, 10 денари да речеме.
Можеби гужвите ќе се намалат...
 
Абе нека им е бесплатно, не ми смета тоа што не плаќаат нели, туку тоа возикање, шеткарење, безделничење... :cenzura:
А кога ќе слушнам некоја теткица што седи: „Оф леле ама е жешко.. ту бе ама се напикаа гужва се стори... леле не можам да дишам...“ и тука ми паѓа во трансови. Кај се вози гага, кај седи па уште се буни што сме се качиле во бус... :eek:
А, а, а, да ви кажам една случка... Се враќам од школо и во автобусот гужва - пука, едвај се движеше, крцкаше целиот. Човек до човек стоевме, како сардинчиња наредени, ни рака да кренеш, ни кога да мрднеш, нит да дишеш...
И сега сите места зафатени, де стар, де млад, само едно место никој не седи. Под ова никој не седи - мислам никој жив човек не седи, ама седиштето зафатено. Една теткица си ја ставила торбата на седиштето, а таа си стои над него. Луѓево ја гледат онака со „What the f**k?“ - поглед. (се извинувам:cenzura:) Еден дури ја праша зашто не седи. Не и се седело ама торбата и била тешка па не сакала да седне и си ја ставила торбата. Божееееееееееее.... [човеше.што.се.крсти]
 
Едно прашање, оти мислам дека ова е единствена тема за ЈСП, за автобусот што иде до Средно Водно важат обични билети и слободна за гратски линии или има посебен ценовник?
 
Една теткица си ја ставила торбата на седиштето, а таа си стои над него.
Аааа па ова да ми се деси(условите да се ко што ги кажуваш, гужва итн) и да сум многу нервозен, ќе и ја фрлам торбата и ќе си седнам без око да ми трепне.
Ако сум малце нервозен ќе си седнам и ќе ја држам во скут :D

Едно прашање, оти мислам дека ова е единствена тема за ЈСП, за автобусот што иде до Средно Водно важат обични билети и слободна за гратски линии или има посебен ценовник?
цената е иста, 30 денари
дали важат обични билети и слободна не би можел со сигурност да ти кажам ама 90% да.
 
Мене еднаш возачот ми се раздра зашто ми била свиткана ивицата од картата. И ја откина он и ми ја џитна назад. Ја останав онака на место, трепнав 2 пати колку да се исконтролирам и правец позади да чадам дури не се симнав.

Еден другар еднаш со карта испрана у машина напраена лом сакаше да ја куцне и возачов му вика дај ќе ти ја искинам. Овој му се инаети вика не бе ке ја куцнам у апаратот. Ја бута унатре и пола ја вади пола остана у апаратот. Им го расипа апаратот и после до крај на смена со расипан апарат си возел чоекот. Затоа не требало толку да се изнервираш така што постапил. Можда не требал да ти се развика ама кога имаш дефектна карта подобро дај му ја да ти ја скине.
 
Аааа па ова да ми се деси(условите да се ко што ги кажуваш, гужва итн) и да сум многу нервозен, ќе и ја фрлам торбата и ќе си седнам без око да ми трепне.
Ако сум малце нервозен ќе си седнам и ќе ја држам во скут :D

Па да ти кажам многу луѓе почнаа да реагираат, и стари и млади, почнаа да и зборуваат нешто „како не ти е срам!“. И не знам што се случи, јас на следната станица се симнав, али тешко верувам дека ја тргнала торбата. :ROFLMAO:
 
Да не има некој костим од Смртта !?

IC55640.jpg


Сакам да ги изненадам сограѓаните во вторник и петок во бус. ;)
 
Не најдов некоја прикладна тема за ЈСП, па затоа тука ќе ве прашам..од Ѓорче до Автокоманда кој број на бус иде, и од Автокоманда до автобуска кој број на бус иде?
 
Никако не ми е јасно, кој кур седнуваат на надворешната страна од седиштата кога има 2 и тоа второто стои празно ?
Ебати неписмениот народ треба да го пречекоруваш него/неа за да седнеш ..
 
Никако не ми е јасно, кој кур седнуваат на надворешната страна од седиштата кога има 2 и тоа второто стои празно ?
Ебати неписмениот народ треба да го пречекоруваш него/неа за да седнеш ..

+1 за ова. Не само стариве, општо, народов или е ептен прост или има стварно некоја причина. Замисли некое дете со ранец да те пречекорува и ранецот у фаца :tapp: Увек седнувам до прозор ако има место ама ретко гледам кој прави така, стварно не знам зошто.
--- надополнето: Jul 20, 2011 12:55 PM ---
Не најдов некоја прикладна тема за ЈСП, па затоа тука ќе ве прашам..од Ѓорче до Автокоманда кој број на бус иде, и од Автокоманда до автобуска кој број на бус иде?

2ка за првото а за второво врска немам, не сум идела никогаш :)
 
+1 за ова. Не само стариве, општо, народов или е ептен прост или има стварно некоја причина. Замисли некое дете со ранец да те пречекорува и ранецот у фаца :tapp: Увек седнувам до прозор ако има место ама ретко гледам кој прави така, стварно не знам зошто.

Понекад и оправдано е. Од пустиот страв, да не се насобере неверојатна гужва, па да си останеш на столчето до прозорот уште две три станици подолу од кај што планираш да слезеш.
Многу заглавен изгледаш ако седнеш кај прозорот, кога има некој непокретен до тебе со 14 торби и 2 пакети. А просто стојат уште 67 луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom