Петок во автобусине на станицана кај зелено пазарче почнува наеднаш да труе на кромиди,лукови,празови,патлиџани, и уште незнам си таму колку намирници и мирудии што ги има на пазарон, плус зачинето со миризбата на полураспаднатине старци, некој неумиени бездомници. Автобусон крца, мислиш конзерва под притисок на оган, почнува дури да се дуе, у тој моменат велгува старец облечен во сако со мало бело пудличе со него, фино лепо си се сместува на едно седиште и пудличето на соседното седиште,втф о.О ? Се буташ некако низ троа мишки препотени,мрсноќи,секакви гадови,усмрдени,неизмиени, за некако одвај да дојдеш до вратата и одозгора на се шоферот не застанува него вози за следна станица зашто автобусот е препун а на автобускана многу луѓе. УБИТАЧНО!