Јохан се врати дома! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не мешајте баби и жаби. Љубе беше глуп а овој не ми делува како глуп. Љубе сега можеше негде во некоја канцеларија во странство да си го лади ама сакаше изгледа претседател да биди. А и ќе беше можеби потака ама тој преку леб погача побара и си доби - стап!
 
Ова се партиски пресметки или твои лични видувања?
Да знам шо да кажам.
Мои лични предвидувања за тоа што ќе се случи со Јохан откако ќе се врати и што се случи со Љубе. За партиските пресметки валда ќе читаме во некои мемоари на Никола, кога ќе замине во пензија. :) Инаку, мое лично видување е дека и Љубе и Јохан требаше/треба да и останат лојални на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи и едниот и другиот и должат на партијата. И едниот и другиот не му должат ништо на народот. Баш обратно.
 
Кон партијата. Кон народот е лојален исто толку колку што народот беше лојален кон него. ;) Стоеше под команда на Трајковски, Љубе немаше никаква врска со Јохан. Нормално дека не го говореа додека беше во Хаг. Груевски успеа да ја надмине личната суета, да премине преку судирот и да не му наштети никако на Љубе додека овој беше во Хаг. Дури и беше помаган финансиски. Љубе откако се врати од Хаг, не успеа да си ја контролира суетата ни 3 месеци.

Ај не ме зафркавај, па на човекот тука му отвараат теми, го гледаат како „герој“ и не бил популарен меѓу народот?!Јас би рекол дека е друга работата.
Добро е што барем кажуваш искрено дека е лојален кон партијата.Тоа ми се допаѓа.Сериозно ова.
Суети или не, Љубе додека беше во Хаг заедно со Јохан беа гледани како богови....сликата драстично се промени кога се врати Љубе, откако основа партија, дури и се откри како он перел пари и со валкани пари си ја финансирал кампањата.Замисли ако Јохан се сврти против партијата што сè нема да биде откриено за него?Или пак тогаш Соња ќе запее на Груевски да не му додева?
Во Хаг не го говореа зошто Љубе не ни се изјаснуваше нешто против неговата партија, откако се врати сè му пронајдоа, недостасуваше уште да откријат дека криел диносаурус во неговиот подрум.
Сите овие „играчишта“ имаат направено валкани пари, а Јохан ќе си остане лојален спрема партијата и тоа е точно, но многу ми е жал кога овдека овие луѓе го слават како херој, кога всушност воопшто не е херој.
--- надополнето: 22 март 2013 во 20:46 ---
не знаев дека толку сте се секирале за мене

Сега бркај работа, држи си мандала таму, и самиот напиша дека си бил преокупиран.
 
Alex The_Great: Ти беше да го пречекаш Љубе, дигаше галама по форуми колку е чесен па коа ти мавнаа заушка одма го прогласи за предавник.
Ја не знам како очекуеш некој да те сфати сериозно. Коа си лижеш кај шо ќе си пљукнеш. И ти најде да оценуеш кој е предавник а кој патриот? :eek:
Или ова по дифолт од партија ве учат чим некој не носи портокалови наочари тој е предавник :tapp:
 
Брати Јохан ќе го снајде истото што и брати Љубе, а очигледно е дека ке го фати еуфорија од целата ситуација и едноставно ќе посака да биде високо горе до фараонот, нормално на овие ќе им запречи тоа и ќе го шутнат, он така несреќен ке си формира свој огранок и ќе почне да рчка кај шо нетреба и на крај се знае ударната завршница ја има фараонот грујо има да го фрли заедно до Љубе .....:)
 
Јохан го има тој луксуз да учи од туѓите грешки.

Ќе видиме дали научил нешто ама мислам дека научил. :coffee:
 
Јохан го има тој луксуз да учи од туѓите грешки. Ќе видиме дали научил нешто ама мислам дека научил :coffee:
епа види сеа сите ние имаме луксузи и поуки разно разни но сепак грешиме , тоа е човечкото одвнатре што не тера нас , а мислам и дека и ќе манипулираат со него ....
Што направи оваа влада за него ништо , тој си го одлежа она за кое беше осуден и сеа ке ми се к..пецаат некои дека се заслужни за тоа ...
Дај боже да биде се ок ама овде тешко :cautious:
 
Виде и сам што му се случи на Љубе не вервам да се будалее.

Ќе си седи мирен.
 
Нека се врати, нека си живее во мир и спокој со певаљаката и децата НО после оноа писмо што го прати во кое се посра на народот што од него направи маченик, нека не помислува да се прикажува како некој си херој.

Кур ме боли ако спасувал врат, ако свесно превземаш улога на херој и дозволуваш цела владина гарнитура на таа твоја улога да се шлепа, да млати поени и да го лаже народот кој ти ете толку го сакаш, ист предавник си како и нив.

Неговите соборци умреа, а оваа ситна душа за да скрати два месеца затвор мораше да им се посере на нивниот спомен и дело.
Хероите се над дневната политика, оваа гнида е како “жртви на транзицијата’’ и сличните луѓе-плакати.
 
Кажав веќе еднаш на темава, поарно за Јохан да си седи мирен и да си го живее животот. Може да напише некој меомари, ќе биде на ТВ емисии и сл. Но не знам каков карактер да е, политиката е заебана работа, никогаш не знаеш кога ќе наебеш. Ако има долг кон сегашната владеачка гарнитура нека го испоштува што нема да оди контра нив, но не треба да се стави во целосна нивна служба, од две причини. Прво, ништо не е вечно па ни оваа гарнитура, и второ ставен во служба само на една партија никогаш не би останал со ореолот кој го има сега како осуденик за Македонија.
 
-Македонија земјо најмила, Македонци мои, пријатели мои...Огромна чест и задоволство ми е да ви соопштам дека конечно пристигна одлука за моето ослободување. Се враќам во Македонија, во мојата земја библиска...МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАЌАМ, напиша Тарчуловски на својот Фејсбук профил.
Судот во Хаг го прифатил барањето на одбраната на Тарчуловски по што во текот на денот се одвива писмена комуникација со германските власти кои треба да го пуштат на слобода македонскиот бранител.
Јохан беше осуден на 12 годишна казна затвор во 2001 година.

fb.jpg

ЈОХАН ЈОХАН ЈОХАААААААН!!!!!
 
Храбар беше и издрѓа Јохан. Задоволството на него и неговата фамилија не се мери со ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom