Jordan Peterson

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.560
Ајде да подискутираме за еден од најдобрите автори во последната деценија.
Неговиот бестселер "12 rules for life" го читам моментално и морам да признаам дека е една од најдобрите книги што сум ги прочитал после долго долго време. Слична на "A Guide to the Good Life: The Ancient Art of Stoic Joy", ама не баш. Џордан е здив од свеж воздух во светот на модерното издаваштво.

Авторот објаснува дека книгата е напишана како реакција и воедно дава одговор на модерното секуларно, претежно младо западно општество кое отргнувајќи се од христијанските приказни и морал, а водено од еден крут редукционистичко материјален светоглед, се повеќе и повеќе западнува во депресија и општа анкциозност за светот околу него и за прашањата од индивидуална природа што науката не може да ги одговори

Лично премногу ми се допаѓа книгата.
Џордан пишува во еден концизен професорски, а сепак расказен стил и се поставува како алтернатива на таткото кој никогаш не ти ги пренел најважните лекции во животот.
Така барем јас го чувствувам.

Дали некој друг ги има читано неговите дела?
Ајде да развиеме дискусија, што ви се допаѓа, што мислите за него.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Цар <3. Непревазиѓена концизност и доловување на поента, си везе ко Сингерица машина. Ни Господ нема онолкава трпеливост при дебата со грешниците и ѓаолите.

Го хејтаат МОФовци, феминисти, невладини и остали атеобудисти што би рекол Суси, што имаат attention span како прваче и ниту го слушаат до крај ниту се потрудуваат да го разберат. Баш би сакал да се појави некој таков овде, па да си продискутираме.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.734
Поени од реакции
4.485
Интересна персона. Не се согласувам со се што вели, но поголемиот дел вреди да се слушне.

П.С Ја немам читано книгата само youtube говори имам гледано и би ги препорачал.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Манипулатор, често користи псевдо-научни методи или аргументи кои доаѓаат од ваквите методи.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
3.560
Манипулатор, често користи псевдо-научни методи или аргументи кои доаѓаат од ваквите методи.
A za sto da koristi naucni metodi?
I ne razbiram zosto manipulator. 12 rules for life rezonira vo umovite na iljadnici sto se pronaogjaat vo napisanoto. Kade e tuka manipulacijata?
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
530
Поени од реакции
1.096
Јордан е нацист и фашист.[DOUBLEPOST=1528766792][/DOUBLEPOST]
Мора да се победи хаосот со некој систем!!!
И тебе да ти се види на сон црковна катедрала над која лебдиш, ќе разбереш дека мора да се воведе ред!
Само терај ти така. Ни требаат Јордановци да ја спасиме западнава цивилизација повеќе од било кога.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Јордан е нацист и фашист.[DOUBLEPOST=1528766792][/DOUBLEPOST]
Само терај ти така. Ни требаат Јордановци да ја спасиме западнава цивилизација повеќе од било кога.
Од што да ја спасиме западната цивилизација? Од своите нус продукти? :(
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.414
Поени од реакции
87.005
Чим ги живцира либералите, феминистките, SJW и BLM, ондак вреди човекот :icon_mrgr:

Шала на страна, првпат го запознав кога даваше интервју на некоја америчка тв, и буквално ја остави без зборови таа ќушката што го интервјуираше. Смирен човек, не избрзува со одговорите, и нема шанси да го испровоцираш.

Респект (y)
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Гледав неколку видеа на youtube и имам поделено мислење за него, некои ставови се доста добри и може да се извлече добра порака од нив, од друга страна човекот е малку премногу убеден во своите гледишта и независност на мисла што не остава простор да ги согледа работите од друг агол освен научно докажаниот.
Пример кога вика треба да бидеш опасен(dangerous) е премногу суперфишал место да едуцира како човекот да постигне самодоверба и да изгради вредности.
Најмногу корист најдов кога разговар за депресија бидејќи лично он долго време страда од тоа и е на терапија и има доста добри и корисни пораки за оваа ментална болест, другите работи му се повеќе интуиција и нешто наука што не резонира во душевниот свет.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
A za sto da koristi naucni metodi?
I ne razbiram zosto manipulator. 12 rules for life rezonira vo umovite na iljadnici sto se pronaogjaat vo napisanoto. Kade e tuka manipulacijata?
Арно велиш, научниците користат научни методи а шарлатаните извртуваат информации и презентираат теории на заговор.

Тоа со лобстерот му е ептен јако :pos:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.478
Поени од реакции
41.956
Арно велиш, научниците користат научни методи а шарлатаните извртуваат информации и презентираат теории на заговор.

Тоа со лобстерот му е ептен јако :pos:
Тоа што либералите у џеб ги става не ти се свиѓа?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Арно велиш, научниците користат научни методи а шарлатаните извртуваат информации и презентираат теории на заговор.

Тоа со лобстерот му е ептен јако :pos:
Пошто нели тој не е научник, професор и истражувач него шарлатан.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Тоа што либералите у џеб ги става не ти се свиѓа?
Има многу други што ги ставаат либералте в џеб, милион пати подобри и постабилни. Психички пред се.[DOUBLEPOST=1528824527][/DOUBLEPOST]
Пошто нели тој не е научник, професор и истражувач него шарлатан.
Па тоа е најинтересното, професор на универизтет да прави такви пропусти. Намерни или ненамерни, шарлатан е.



Мислам, ако овие слики се доказ дека дрвените култури знаеле т.е. претставувале ДНК тогаш, ништо чудно да го видиме во некоја епизода на Ancient Aliens.

Многу добро пакува некој христијански фундаментализам преку некои си псевдо научни теории.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Има многу други што ги ставаат либералте в џеб, милион пати подобри и постабилни. Психички пред се.[DOUBLEPOST=1528824527][/DOUBLEPOST]

Па тоа е најинтересното, професор на универизтет да прави такви пропусти. Намерни или ненамерни, шарлатан е.



Мислам, ако овие слики се доказ дека дрвените култури знаеле т.е. претставувале ДНК тогаш, ништо чудно да го видиме во некоја епизода на Ancient Aliens.
А, чекај, докажал некој дека се глупости или само се тврди? Јастозите имаат хиерархија и реагираат на своето место во пирамидата преку серотонин. Исто и со луѓето. Не гледам скандал овде.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А, чекај, докажал некој дека се глупости или само се тврди? Јастозите имаат хиерархија и реагираат на своето место во пирамидата преку серотонин. Исто и со луѓето. Не гледам скандал овде.
:pos:
Вели дека хиерархијата не е социјален конструкт, тврдење врз основа на; негови факти (намерно извртени) околу серетонин (само еден од многуте неуротрансмитери, кој го има и кај видови кои немаат хиерархија), не се тестрирани/демонстрирани, огромни грешки (или пак извртување на факти) во полето на еволуционата биологија (околу заедничкиот предок меѓу нас и лобстери мобстери му се јадело изгледа), башка споредува два, посебни вида, тотално ги занемарува соцјалните динамики кај луѓето/цивилизацијата (деца што учеле социологија у 2ра средно нема да пишуваат вакви глупости).

Целата "теорија", т.е. изјава вриска псевдо наука.

Ти сега кажи ми; ова е доказ дека нашите предци (дедовци и лобстери) знаеле дека постои и како изгледа ДНК ?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom