Јеховини сведоци

  • Креатор на темата Креатор на темата зунза
  • Време на започнување Време на започнување
Апсолутно се согласувам. Ако ги споредиме Јеховините сведоци и православните, Јеховините сведоци се десетици пати поблиску до Библијата - и по своите верувања и по својата пракса.


Хммм...Веројатно се имаат залепено за по еден примерок од Писмото па оттаму и нивната физичка блискост со истото.

Верувањата им се нехристијански.
Праксата им е одбојна, дури и за атеистите.

За православниот Свет, јеховистите се само јудејска секта.
 
Апсолутно се согласувам. Ако ги споредиме Јеховините сведоци и православните, Јеховините сведоци се десетици пати поблиску до Библијата - и по своите верувања и по својата пракса.
[FONT=&quot]http://www.veronauka.tripod.com/[/FONT]
[FONT=&quot]
www.veronauka.tripod.com[/FONT]

Еве уште еден сектантски (адвентистички - читај: безбожен) трик: „Двајца се караат - третиот користи“. Можно е, и вие, да сте повеќе пати поблиску до Библијата (како што милувате на кажете) - но сте далеку од Христа - каква ви е добивката???
 
[FONT=&quot]www.veronauka.tripod.com[/FONT]

Еве уште еден сектантски (адвентистички - читај: безбожен) трик: „Двајца се караат - третиот користи“. Можно е, и вие, да сте повеќе пати поблиску до Библијата (како што милувате на кажете) - но сте далеку од Христа - каква ви е добивката???
koj Hrista be, toj bil Isus mesiah a vie ste prva sekta...
 
Исус, бил, Е и ќе биде:
- Творец на Вселената („...преку Кого се станало..„)
- Син Божји
- Син човечки
- Месија (пратеник-спасител)
- помазаник
- Цар
- Бог
- Господ
- Учител
- спасител
- Седржител...
 
MIKI1, Јеховините Сведоци се сложуваат со целата таа листа, освен со тоа дека Исус е Бог и Седржател.
Но што е со иконите, поклонувањето пред иконите, свеќите, бројаниците, светите водички, крштевањето на бебиња, моштите, митарствата, молењето кон починати луѓе чии души се на небото, славењето на овие луѓе, молењето кон Марија, славењето на Марија, обожавањето на Марија и нејзиното титулирање како: Богородица, Пресвета, Пречиста, Безгрешна, Владичица, Најголема, Спасителка, Војвотка, Несогорлива капина, Водителка на сите христијани, Владетелка на светот и Господарка на сите итн итн...

Имајќи ги овие работи на ум, кој е поблиску до Христовото христијанство, православците или Јеховините Сведоци?
 
Исус, бил, Е и ќе биде:
- Творец на Вселената („...преку Кого се станало..„)
- Син Божји
- Син човечки
- Месија (пратеник-спасител)
- помазаник
- Цар
- Бог
- Господ
- Учител
- спасител
- Седржител...

Greska si malku, Isus ne e ni Tvorec na vselenata, ni bog, a so drugite stavki se soglasuvam. pozdrav!:nenene:
 
MIKI1, Јеховините Сведоци се сложуваат со целата таа листа, освен со тоа дека Исус е Бог и Седржател.
Но што е со иконите, поклонувањето пред иконите, свеќите, бројаниците, светите водички, крштевањето на бебиња, моштите, митарствата, молењето кон починати луѓе чии души се на небото, славењето на овие луѓе, молењето кон Марија, славењето на Марија, обожавањето на Марија и нејзиното титулирање како: Богородица, Пресвета, Пречиста, Безгрешна, Владичица, Најголема, Спасителка, Војвотка, Несогорлива капина, Водителка на сите христијани, Владетелка на светот и Господарка на сите итн итн...

Имајќи ги овие работи на ум, кој е поблиску до Христовото христијанство, православците или Јеховините Сведоци?

Имајќи го сето тоа на ум, немам дилема околу мојата веросиповест. Во спротивно, ќе отидев кај „јеховистите„.

Greska si malku, Isus ne e ni Tvorec na vselenata, ni bog, a so drugite stavki se soglasuvam. pozdrav!:nenene:

Биди и ти поздравен и продолжи со своите ставови.
 
прашање

А дали можеш тоа МИКИ 1 што го велиш дека е Исус, и библиски да го докажеш, посебно ме интересира стих кој би укажал дека Исус бил Бог.
чекам одговор.
 
А дали можеш тоа МИКИ 1 што го велиш дека е Исус, и библиски да го докажеш, посебно ме интересира стих кој би укажал дека Исус бил Бог.
чекам одговор.
Кога Исус бил искушуван и лукавиот му рекол пишано е ќе им заповеда на ангелите и ќе те носат за да не се сопнеѓ на ниедно камче поклони ми се и се ќе ти дадам така некако беше.
И исус му вели поклонувај му се само на Господ твојот Бог.
Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и мој Бог!”
Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога,
Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог
очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос,
 
Јеховините сведоци шират невистини, немојте да ги читате нивните книги! :nenene:
 
Јеховините сведоци шират невистини, немојте да ги читате нивните книги! :nenene:

Зошто? Па православните шират 10тина пати повеќе невистини па сепак ги читаме нивните книги, тогаш зошто да не ги читаме и тие на Сведоците?
 
Зошто? Па православните шират 10тина пати повеќе невистини па сепак ги читаме нивните книги, тогаш зошто да не ги читаме и тие на Сведоците?

не си во право, никој не смее да шири невистини за господ, тоа е на некој начин богохулење...не сакам да кажам дека и Јеховините сведоци го прават тоа, но нивната христијанска определба е поинаква, нели христијанството се дели на повеќе..гранки..но сепак, ние сме православни христијани,..не ни требаат такви Јеховински секти кои не припаѓаат на никои цркви..
 
Ако не сум во право, повели демантирај ме. Без разлика дали некој смее или не смее да шири невистини за Господ, со законот за верска толеранција и верска рамноправност, секој смее да шири какви било "вистини" за Господ и тоа се практикува на велико.
Јас не сум ниту православен, ниту сведок, но велам и аргументирано можам да потврдам дека православието шири 10 пати повеќе невистини од Јеховините сведоци.

Еве, лесно ќе ти го докажам тоа. Повели почни да ги наведуваш невистините што ги шират Јеховините сведоци, а јас на секоја една нивна невистина, ќе ти наведам 10 православни невистини. Повели, ако имаш време, започни со листата ;)
 
Преку кур од религија и секти! Разочаран сум многу од тие нешта и не планирам многу да навлегувам во тие нешта бидејќи се е само криминал. Бог постои и Божјата сила е голема, ама слепо да ги следам правилата кои некоја црква или секта ми ги сервира, тоа никогаш. Тоа е чисто перење на мозокот, на пример зошто мора да се плати да крштевање или за венчавање, мислиш ова е кафич па има такса одредена и мора да се плати.

Еднашка правев муабет со еден од православната црква и му велам: Православен христијанин сум но иако сум православен цел живот посетував католичка црква, таму ја развив свесноста за Бога, и мислам дека нема врска тоа дали е православна или католичка Бог е насекаде и ако сме искрени ќе не чуе, ако од срце го сакаме.

Добив вакоФ одговор: И католиците веруваат во Бога ама БЛАГОДЕТТА Е МНОГУ ПОМАЛА ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА!!! Демек мора да идам во православната црква ако сакам да се спасам, додека Бог во католичката не дал ‘толкав‘ благослов! Каков расизам!!! Па добро луѓе овие нешта искрено никако не можам да ги сфатам и смешни ми се. Мислиш ова се две политички партии и едниот ми вика не оди кај нив ние даваме повеќе!! Катастрофа! Затоа се разочарав многу. Останав православен бидејќи тоа одсекогаш сум бил, но сменив многу мислење за православната црква, за жал...

А јеховините сведоци, тоа е една потполно искривена секта, уште коа прочитав шо велат дека само 144.000 души ке биле спасени наидов на тешка иронија и ограниченост, кои се граничат со глупавост и неразумност. :tapp:.

Треба да си бидеме тоа што сме ние македонците, православни христијани, иако поповите се најголеми лопови, нив Бог ке ги казни дебело, важно нашите души да бидат чисти од грев.Поздрав
 
Ако не сум во право, повели демантирај ме. Без разлика дали некој смее или не смее да шири невистини за Господ, со законот за верска толеранција и верска рамноправност, секој смее да шири какви било "вистини" за Господ и тоа се практикува на велико.
Јас не сум ниту православен, ниту сведок, но велам и аргументирано можам да потврдам дека православието шири 10 пати повеќе невистини од Јеховините сведоци.

Еве, лесно ќе ти го докажам тоа. Повели почни да ги наведуваш невистините што ги шират Јеховините сведоци, а јас на секоја една нивна невистина, ќе ти наведам 10 православни невистини. Повели, ако имаш време, започни со листата ;)

не мора да наведувам,..сигурно веќе знаеш и ги имаш прочитано тие примероци што ги носат по вратите па доволно е да сватиш дека има голема разлика од тоа што го пишува во библијата, не сакам да кажам дека имам нешто против овие сведоци па нити дека ги поддржувам, смао кажувам дека во тие примероци има такви работи кои можат да те навлечат да им се придружиш во нивните секти што нив тоа
им е целта, па ако тоа го сакаш..повели! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom