Јавно запросување

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Дојде денот кога се случи запросување преку ФБ па и го ставил на зидот. Појавно од ова има ли? Цел свет ќе го гледа на јутјуб. :tapp:
До каде отиде светот еј? o_O Замислите после 3 дена да се вклучила на ФБ овој сиротиот ќе си чекал или пак некои од нејзините пред неа го изгледале видеото. :pos:

 
Добра забелешка од Ставро кон Крејзи. Едно време паѓаше во несвест дури и ќе ти напнеше ако хејташ. Ама тоа е, како што дува ветерот а ветерот најлесно ги дува најлесните ;)

Отсекогаш значи ми било лигаво, гнасно, патетично, сељачки, нападно итн....и засекогаш такво и ќе остане.

Запросувањето во јавност не е изјавување на љубов кон партнерот туку очаен обид да го убедиш истиот користејќи ја толпата дека во тебе има одредени т.н. љубовни чувства кои страшно недостасуваат во четири очи а посебно во дадени животни ситуации, а истовремено убедување и на самиот себе - сам себе силувал. Која претстава бе ејј, величенствена хипокритска досетка за ќарување жени...

Сега баш ми текна слична ситуација со јавен притисок за "судбоносно" Да, каде потенцијалната невеста рано утрото го врати прстенот по такси. Е сега покрај притисокот на традицијата, родителите и комшиите - општо толпата, посебно во мали градови како нашиве, е сега да си замислиме колку има што не вратиле прстен па трпат и ќутат со надеж дека пак ќе бидело исто како после првиот секс или бакнеж, или дека некој ќе се сменувал после 25/6тата :facepalm:
 
Јавното запрсување стана истрошена и дегутантна медиумска финта за кревање на гледаност. Треба едно јавно одбивање и плукање у фаца за да престанат со вакви глупости.
 
Се сеќаваш кога Шаше бубамарата ја просеше Трпана во емисија?

Тогаш јас бев хејтер, а ти ја бранеше романтиката. Кога премина на темната страна?

:icon_lol:
Да и тогаш стварно мислев дека е симпатично. Ама едноставно последниве месеци, почнаа од сите страни да бомбардираат со јавни запросувања, до моментот дека “тоа е вистинска љубов“, демек ако не е јавно запросувањето, не е вистинска љубовта.

Немам против, кој како сака нека се запросува, не е мое да се мешам, ама не сакам некој да ја вулгаризира и етикетира љубовта само затоа што истата не е јавно покажана.

Мора све да е “уникатно“, само што не ми е јасно зарем самиот факт што сите почнаа да го прават тоа, зарем не ја убива по дифолт “уникатноста“. Демек ако не ја побараш девојката за жена во интимен круг на најблиските, не си доволно креативен и уникатен. Се искривува тотално перцепцијата за љубов и стабилна врска.
 
Си патат од комплекси повеќето.Повеќето во оваа Македонија имаат во животот само една цел: да се во центарот на вниманието, сакат секогаш да ги викаат своите пријатели на трпеза само кога има некаква причина, нели зошто чашката ракија и шопската нема да „лизгаат“ низ хранопроводникот ако нема со нешто што ќе го подмачкаат сето тоа, нешто со кое ќе можат да се чаталат за да види светот „кои се тие“.
Такви се тие луѓе.
 
Добра забелешка од Ставро кон Крејзи. Едно време паѓаше во несвест дури и ќе ти напнеше ако хејташ. Ама тоа е, како што дува ветерот а ветерот најлесно ги дува најлесните ;)

Отсекогаш значи ми било лигаво, гнасно, патетично, сељачки, нападно итн....и засекогаш такво и ќе остане.

Запросувањето во јавност не е изјавување на љубов кон партнерот туку очаен обид да го убедиш истиот користејќи ја толпата дека во тебе има одредени т.н. љубовни чувства кои страшно недостасуваат во четири очи а посебно во дадени животни ситуации, а истовремено убедување и на самиот себе - сам себе силувал. Која претстава бе ејј, величенствена хипокритска досетка за ќарување жени...

Сега баш ми текна слична ситуација со јавен притисок за "судбоносно" Да, каде потенцијалната невеста рано утрото го врати прстенот по такси. Е сега покрај притисокот на традицијата, родителите и комшиите - општо толпата, посебно во мали градови како нашиве, е сега да си замислиме колку има што не вратиле прстен па трпат и ќутат со надеж дека пак ќе бидело исто како после првиот секс или бакнеж, или дека некој ќе се сменувал после 25/6тата :facepalm:



Ха ха, коа више збориме за уникатност... :pos:


Него, шо напињате сите со тоа дека е лигаво ваквото лигавење у јавноС...шо друго би не' насмеало овие денови, сеа поготово коа рано се стемнува?
 
Искрено,мене повеќе ми личат овие јавни запросувања на циркус,а не на нешто што според мене треба да биде посебен момент. Не мора да биде ништо специјално,вечери,вина,свеќи и слично. Да,во почетокот беа интересни неколку оригинални запросувања,меѓутоа тоа веќе стана нешто со кое се добива на популарност и слично,и најлошо сето тоа станува премногу клише.;)
 
Мајка на клишеата е јавното запросување. Нормално запросување во нормални услови ќе биде реткост во иднина.
 
Дојде денот кога се случи запросување преку ФБ па и го ставил на зидот. Појавно од ова има ли? Цел свет ќе го гледа на јутјуб. :tapp:
До каде отиде светот еј? o_O Замислите после 3 дена да се вклучила на ФБ овој сиротиот ќе си чекал или пак некои од нејзините пред неа го изгледале видеото. :pos:



:pos:хахааааа Овој го знам асистент е на економски факс во Штип
 
Јас сум против тоа, мислам којшто сака нека прави, ама не ми се допаѓа тој начин на запросување, дури и му реков на дечкото ако планира да ме запроси нека биде нешто поинтимно а не јавно:pipi:
 
Јас сум против тоа, мислам којшто сака нека прави, ама не ми се допаѓа тој начин на запросување, дури и му реков на дечкото ако планира да ме запроси нека биде нешто поинтимно а не јавно:pipi:

Да го извади прстенот од гаќи?
 
Сите што запросуваат јавно или се егзибиционисти (а тие се мал дел) или не се сигурни во одговорот на девојката па преку притисок од околината да потклекне и прифати во еуфорија..;)
А незнам што ќе им е јавно кога девојката ке преспие го врака прстенот ако не е сигурна во одлуката ради еуфорија......Али ете некои сакаат да ја фатат во тесно на финта...
А ги има и оние кои сакаат да се фалат со својата големаааа љубов и дека највеќе се сакааааат и мора ситеее да знаааат дека ете решиле да влезат во мрак упс брак:P Тие ми се неподносливи..
 
Јас сум против тоа, мислам којшто сака нека прави, ама не ми се допаѓа тој начин на запросување, дури и му реков на дечкото ако планира да ме запроси нека биде нешто поинтимно а не јавно:pipi:

А ако не планира да те запроси?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom