Јавен интерес

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе законски се одредува ? На оваа тема барам подлабоки и пошироки размислувања за тоа зошто се креира јавниот интерес...

Така. Ако е од јавен интерес, ќе дојдам, ќе ти ја срушам куќата откако ќе ти ја купам по пазарна цена и на нејзино место ќе изградам голф игралиште. Подлабоки размислувања? Што сакаш да ти кажам? Дали медитираат пред да ги донесат измените?
 
Се читаш ли што пишуваш бе ? Експропријацијата скоро секогаш се извршува со подпазарна цена која проценителот ја смета за пазарна ...
 
Се читаш ли што пишуваш бе ? Експропријацијата скоро секогаш се извршува со подпазарна цена која проценителот ја смета за пазарна ...
Друже пазарна цена е пазарна цена нема тоа мое твое.
Пример да речеме квадратен метар во центар на Скопје е 1000евра(од ракав е бројкава ако не се лажам повисока е цената)
Не може тој да те лаже дека е 500 евра кога е 1000.
Се прават малверзации пошто судството кај нас е жива пропаст ама сега тоа е друга приказна.
 
Се читаш ли што пишуваш бе ? Експропријацијата скоро секогаш се извршува со подпазарна цена која проценителот ја смета за пазарна ...

Легендо! За експроприраната недвижност припаѓа праведен надоместок кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста.
 
Легендо! За експроприраната недвижност припаѓа праведен надоместок кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста.

Абе Пирате , зошто мора преку мојот имот на пример да минува патот. Кој е интересот на јавноста ( т.е ЈАВЕН ИНТЕРЕС ) патот да минува преку мојот имот.
 
Абе Пирате , зошто мора преку мојот имот на пример да минува патот. Кој е интересот на јавноста ( т.е ЈАВЕН ИНТЕРЕС ) патот да минува преку мојот имот.

Под основ изработување и донесување на урбанистички план, што е дејност од јавен интерес.
 
Абе Пирате , зошто мора преку мојот имот на пример да минува патот. Кој е интересот на јавноста ( т.е ЈАВЕН ИНТЕРЕС ) патот да минува преку мојот имот.
Епа нема сега баш заради тебе да менуваат урбанистички планови,проекти и слично.Државата е застапник на интересите на народот и како таква носи одлука и ја спроведува.
Иако и јас не се согласувам со ова и е дупење у здрав мозок,сепак така стојат работите.
 
Нема регулирано законски кои дела се од јавен интерес?
Мислам дека автопат, хидро, термо или атомска централа, граничен премин, караула и слично се објекти од јавен интерес.
Не знам дали конкретно на ова се однесува темата? :confused:
 
Вака сега стојат работите: Волјата на државата е поголема од волјата на обичниот граѓанин и институтот експропријација е класичен пример на колизија на војли. Државата треба да настапи како купувач а не како присилувач и запленувач за "праведен паричен надоместок" или замена на "земјиште со слична вредност".
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 17:05 ---
Размислете на темата од поширок аспект , и ќе видите дека никој нема интерес од Јавниот интерес освен гарнитурата секако.
 
Член 56 од Уставот вака ги дефинира добрата од општ интерес:
.........................
Член 56
Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата
во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско
значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат
посебна заштита.
Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и
уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите, како и на добрата
кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.
Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес
за Републиката можат да се отстапат на користење.
........................
Meѓутоа под јавен интерес не се само ствари, туку и човечки активност.
На пример, дали некој наш спортист ќе победи или изгуби на некое такмичење - тоа за сите нас значи.
Затоа предлагам Litajko да поблиску дефинира за што ќе дискутираме
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom