Сакам да бидам вљубен така како што бев вљубен во мојата прва љубов, сега бивша и сеуште во неа вљубен сум.
Сака да ме сака некој така како што јас сакав и сеуште сакам...
Сакам да сум пак тамо каде што се сопре... сакам да сум неколку метра пред чекорот по кој се тргна надолу ...
Сакам да можам барем барем малку малку да го врнам времедо да променам некои грешки ... сакам да имам љубов и да живеам со таква љубов, баш онаква каква што почувствував кога бевме заедно во почетокот ... еуфорија, радост, среќа, духовна и душевна исполнетост, живот, насмевка и смеа ...
Сакам срцево пак да биде среќно како шти беше кога ти беше до мене ... сакам господ пак да ми даде љубов иста, ако веќе не можеме да бидеме пак заедно... ако веќе твоето срце не ме осеќа така како некогаш, тогаш сакам небото пак да ми прати љубов која да има смисол да ја сакам така како што тебе те сакав ... сакам небото пак да ми прати срце за моето срце, душа за мојата душа ...
Јас сакам да љубам пак така како што љубев кога за првпат се заљубив, и тоа ако може пак да биде во тебе ...
но кога веќе не може пак, тогаш сакам да љубам пак на истиот начин и дури повеќе но да е во вистинскиот човек.
Јас сакам вистинска жена до мене, сакам вистинска душа да ја овене силата на љубовта во мене ...
јас сакам ... да сакам .. и да бидам сакан... така како што некогаш беше а сега е се пусто, штуро, безсмислено, безцелно, празно, чудно, понекогаш болно, тажно, хронично депресивно ...
Се што јас сакам е просто да живеам со љубов, за љубов и од љубов ..
Ти признавам дека сеуште те сакам и не знам дали некогаш ќе успеам да не мислам на тебе .. срцево ми е речиси целото празно без тебе и не знам што да правам ...
Мојата душа заслужува искрена љубов оти мојата душа знае да љуби колку за 100 срца, оти знае да даде нежност и романтика, страст и сила, емоции и разум, насмевка и радост, подкрепа и гнездо ...