А знаеш зашто Crysis не доби награда за "Најдобра графика" во 2007ма?
Бидејќи не постоеше PC на кое можеше да се игра со сите детали.
Исто така, што се случи со Unreal Tournament 2007? Да не можеше случајно да се игра на просечен PC?

Секако дека има и издавачки куќи надвор од Азија кои направиле оптимизирана графика (како CoD Modern Warfare), но мнозинството со Nvidia "Meant to be played" се тешки неоптимизирани срања. А и тие што соработуваат со Ati не се подобри.
Ај најди ми една игра со DirectX 10, која ќе се врти во 1920*1080 при сите детали во 50/60 фрејма* - тогаш ќе признаам дека некој им е рамен на јапанциве
*на single core процесор од 3 гигахерци, со 2 гига рам и 256 MB графичка HD3850 или било која во иста класа.
Баш правев некој сличен муабет со еден другар како ова што ќе го пипшам сега. Технологијата треба да оди цело време напред, што побрзо, тоа подобро. Можеби не сакаш твојот компјутер да изгуби 4/5 од цената за 1 година, но гледај од друга страна, сакаш ли во текот на твојот живот ствари кои денес ги гледаш на сф филмови да бидат реалност, и ствари кои уште ги нема на сф филмови да бидат реалност? Јас сакам, затоа кога купувам компјутер никогаш не жалам што со истите пари за една година би купил 2-3 пати појак. Сега да се надоврзам на темата, ги поштувам Crytek бидејќи со нивните игри барем малку поттикнуваат побрз развој на технологијата, конкретно графички карти.
А за тоа колку е оптимизиран нивниот енџин, те молам спореди screenshots од Crysis и било која игра (јапонска или не) разликите се очигледни. Јапонците многу добро ги користат сите добри работи кои можат да се искористат и знаат каде да заштедат. Пример види ја Resident Evil 5 има катаљарда зомбиња и сите изгледаат феноменално добро, ефектите изгледаат одлично, ама погледни ја малку околината. Се е замачкано, не се познаваат никакви детаљи. Така добиле толку добра оптимизација.
Истото е со Far Cry 2, преда да излезе беше најавувано дека ќе биде со исто добра графика како Crysis а ќе бара послаба конфигурација. Стварно се играше на послаба конфигурација, ама спореди ја графиката. Спорери ја тревата, огнот, експлозиите, сенките. Тие ситни детаљи ја прават Crysis да има најдобра графика, а во исто време и да бара најјака конфигурација
И за крај оптимизирани DX10 енџини од нејапонско потекло: UT3 веќе го спомнав што според мене е најдобар енџин во однос графика/побарувања денеска. Исто би го спомнал Ego енџинот на Codemasters (GRID и DIRT 2 се некои од игрите кои го користат).
P.S. Заборавив нешто, кога излезе Lost Planet (што толку ја фалиш дека е добро оптимизирана) не постоеше компјутер кој можеше да ја врти со сенки пуштени на најјако. I'm just sayin'.
Одговор: Source Engine (Half-Life 2, Portal, HL2 Episode 1, 2...)
HL2 Source Engine е DX9.0c
Тука си во право, али што ќе биде со Crysis 2?
Истото срање како со Crysis и Crysis Warhead, ќе нема машина на која што ќе може да да се игра на најаки детали и да вади 40-50 FPS
Затоа ќе ја извадат и за xbox360 и PS3.
Фино што ја спомна Crysis 2, гледав клипчиња на youtube со споредба на CryEngine 2 со CryEngine 3 (со кој веројатно ќе биде Crysis 2). Бидејќи CryEngine 3 треба да работи и на конзоли, графиката беше
полоша отколку на CryEngine 2. И да се надоврзам на тоа што пишав погоре. Подобро е да излегуваат игри во иднина со полоша графика од денешните игри отколку да излегуваат игри кои ќе бараат прејаки конфигурации, но ќе можат да се играат и на нормални компјутери на medium сетинзи? Јас мислам дека втората опција е подобра.