- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Ако помислиме малку, ќе дојдеме до лесниот заклучок дека Capcom и Konami се графичките специјалисти, а не Ubisoft, EA или сите други компании кои соработуваат со Nvidia, ATI, Intel и AMD.
Ми текнува уште на времето кога излезе PES 5 од Konami, графиката беше поим за FIFA, пред се заради одличните лица на играчите, верно пренесените стадиони и мрежите кои се тресеа правилно. Ова последново некако сеуште не го совладале EA.
Потоа дојде на ред Lost Planet од Capcom, која прва ја донесе правилната DirecX 10 графика, а се тоа без никакви сецкања дури и ако имавте просечен процесор и графичка. Да речеме, Assasins Creed немаше премногу разлика помеѓу Dx9 и 10, а EA сеуште ќе имаат тиња Dx10 наслови ако не ја откупеа Crysis.
Ако пак ја погледнеме Devil May Cry 4, тоа е игра која не може да ве остави рамнодушни, не само од убавината на графиката, туку и од феноменалната оптимизација. Додека GTA 4 и Crysis бараа нинџа-компјутери за да се пуштат и во 1024*768 резолуција (а и графичка со 2 гига VRam), DMC 4 ја продолжи традицијата на Capcom, па така играта вртеше во DX10 при резолуција од 1920*1080 пиксели со просечни 40/50 фрејма во секунда.
Најновите игри, како Resident Evil 5 пример, се едни од најубавите воопшто донесени на нашите PC-ја. Така, кога за првпат ја пуштив вчера, навистина не знаев дали гледам некој нов анимиран филм од Pixar или навистина играм при таква графика. Подобра графика и од Crysis, со три пати помали побарувања - јас одговорно ви тврдам.
KONAMI го донесе PES 2010 демото, кое покажува дека навистина дечките знаат што прават - графиката беше уште подетална, има додадена поддршка за Shader Model 3.0, реално осветлување на играчите...А од друга страна EA им вели на PC-гејмерите дека нивните компјутери се преслаби за да ја конвертира FIFA-та од Xbox360. Абе ај?
Колку за информација, Xbox-от има графичка од АТИ со 10 МБ меморија и 512 GDDR3 рам кој е shared. И три-јадрен процесор од IBM со 1 MB L2 кеш, кој е еквивалент на просечните Core 2 Duo просецори.
Што мислите, дали навистина Јапонциве се толку добри, или пак другиве компании имаат тивок договор со AMD/ATI/Nvidia да ги прават игрите со што поголеми побарувања, само колку луѓето да купуваат нови компоненти?

.