Јанко Јади Бурек Is losing it!

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен лошо било од порано, па сеа немале пари да средат дупката. А спомениците и раскошот од кој буџет доаѓа, од украсниот? Политикава кај нас е толку дебилна, што и не можам поинаку да се изразам како што треба...

За големит број кои викаат „sto zborite za debilov go praite popularen“, имам нешто да кажам:
Aко не збориш ништо против нешто што ти смета - ќе стане нормално и во иднина ќе доаѓаат луѓе кои ќе мислат дека така треба да се однесуваш и ќе имаш милион Јанковци, Миленковци и Латасовци. Затоа боље да се критикува, за луѓето никогаш да не помислат дека некој тоа го смета нормално. Додека ние си ќутиме за некои дебили, тие дебили ќе немаат никаков отпор и ќе стигаат до работи за кои културен и образован народ нема да може да стигне, бидејќи сите ги оставаат и не зборат за нив.
 
Ваше мислење?
Го гледав прилогот и скратената верзија од 3 минути и подолгата верзија од 19 минути и не ми остави впечаток. Нислам дека тој лажно и извештачено се прикажува дека е “ револтиран “ и „огорчен “ и „ бесен “од приватизацијата. Кога кажува дека луѓето наводно умирале од рак и од инфаркти и се пропиле и сето тоа било наводно последица од приватизацијата.
Мислам дека ова нема да има било какви последици ниту на него ниту на било што. Се работи за вообичаена пропаганда.
 
Јанко, на страна тоа што не знае да се искаже како што треба, е во право за времето на грабежот во 90-те и за тоа кој го направи. За тоа не треба да има никаква дилема. Дека се случи масовен грабеж, дека илјадници семејства завршија од средна класа во бедотија, дека судбини беа уништени, дека државата беше уназадена со децении... кој го негира тоа си има некаков психички проблем.

Но не може ова вечно да се користи оправдување на сегашната гарнитура. Луѓето не можеле да ја оправат работата зошто мртвото влакно било мртво. Ајде де? Па што си играме држава тогаш, ако не можело да се оправи? Држави биле разрушени до темел па се подигале од мртвите. Да функционираше правен систем, да беше законот еднаков за сите, да можеа луѓето да тргуваат без страв дека нема да можат да си ги наплатат побарувањата заради неспособно судство, да се вложуваше во здравство и образование наместо во споменици и барок, да имавме територијална организација која не го ебе здравиот памет., да се вработуваа луѓе поради способност и знаење наместо лепење плакати и етнички клучеви... ќе се оправеше и тоа како. Без разлика за колку време, но ќе одевме во некоја позитивна насока.

Но некој треба да го направи тоа. Некој треба да има визија, стратегија и да се фати за работа.

За жал, а од таму доаѓаат и фрустрациите, ние немаме власт со капацитет за тоа, немаме опозиија со капацитет за тоа и немаме трета опција.

Ние сме длабоко сјебани. Навикнете се.
 
Цело зло што го направи СДС изгуби на смисла откако Јанко, Миленко, Мирка и Латас почнаа да вадат леб на таа тема.
Ефтктот што овие вакви патетични изблици на револт што кобајаги ги имаат овие четворица скотови, иначе своевремено јако учмарени со СДС се само показател колку ние живееме во аут со мозокот овде.

Нејќам да распрдувам со теории на заговор, ама ова срцепарателно џафакње на Јанко треба да му дојде ко некој одговор на истото џафкање на Саше Политико на таа комисијата.
 
да ве прашам нешто,сдсм направил зло со приватизацијата 90-те години...

што ке направеше вмро да беше на нивно место?

имаше друг избор?

денес ке беше обратна сликата

чао пријатно
 
Ова ми е најјако СДСМ биле криви за букурешкиот договор :pos: . Па уште го вади договорот од полица го треснува на биро и покажува со прст кон него ко во стил "еве вие што направивте". Абе ќе си умрам млад :icon_lol:
 
Згуснало,каснела платата и мора од партија некако да се извадат 200-300 еуриќи.

Срамота е што вакви пробуваат да го претставуваат народот ама ние сме криви.
СДСМ се криви за многу работи ама и денешниве не се поарни со сигурност.

Прееска имав дешавка у суд кај што на дело се виде дека евра+власт можат да напраат чудо.
 
Апдејт: Бурекот штотуку објави на ФБ дека инспирација за неговиот ватрен говор вчера била изјавата на Заев дека приватизацијата била корисна за граѓаните. Значи се започнало со ова
 
Го разбирам Јанко, а и сам си кажа зошто е изреволтиран од претходните режими и не сосем, ама во право е за некои работи, само не ми е јасно како не сфака колку истиот овој народ е изреволтиран и од овој режим.
Зошто нема политичка дебата на ниеден медиум во последниве години? Ако јас сум толку чист, а другиот толку валкан со душа ке чекам да излезам на дебатна емисија мамицата да му ја за*бам. Ама сите се исти го*на помалку или повеке, само време треба да помине за да си го покажат лицето. 4 дена со ред ми е пуштен парламентот на МТВ3, алал да им е на политичариве ке почнат саат време и некој крајно револтиран демек или во знак на протест !!! ке бара пауза од саат време, ке се вратат уште малку па пауза за ручек во 15 часот. 30 души вкупно во парламентот, не можат да ги намолат да гласаат, дневница поголема од просечна месечна плата, ке си повикаат саат време да ги видат на телевизија и правец кафана, а ваму луѓе немаат никогаш во животот отидено на одмор, немаат леб да јадат, не знаат кога последен пат пробале сладолед на пример, немаат новогодишно пакетче на детето да му купат од 100 денари , стари луѓе ке дојдат во аптека ке праша колку и се лековите и на крајот ке ги купи само тие што се најефтини.:confused: :place:
 
да ве прашам нешто,сдсм направил зло со приватизацијата 90-те години...

што ке направеше вмро да беше на нивно место?

имаше друг избор?

денес ке беше обратна сликата

чао пријатно
Сосема надвор од здраворазумското размислување е бранењето на СДСМ и покрај сите гомнарии на ВМРО.
 
Се глеа Јанко дека пиел живи јајца, коа ќе рикне се се тресе. Страв ме фати богати...

Јанко си е појава сама по себе, не знам зошто уопште се отвара тема за него...
Ако сакаш да видиш колку Јанко е паметен изгледај целосно една негова емисија и ќе видиш дека прво збори како е за ЕУ, за да у нареден моменат рече еве ги ЕУ со двојни стандарди и после се враќа на тоа ЕУ е најубавото нешто што му се случило на човештвото..
Збори дека сдсм била концентрационен логор, а заборава пример дека Фрчковски го има пишувано Уставот, дека Глигоров е тој што издржал притисоци и што на мирен начин ја осамостоил државава, кога сите околу нас се тепаа, ама битно Јанко и народот се памтеле...
Е сеа видиш ако некој од сдсм му стегне тужба за навреда, тоа е притисок врз новинарите, а кога Груевски го тужи Саше, тоа е демократија..
Јанко и ваквите како него направија зборовите Македонија, патриотизам, народ, демократија да станат зборови курви, сегде се употребуваат, а губат значење...
Има уште многу да се збори за ваквите шалабајзери, ама доста е.



Јанко: татко ти кога пиел и се карал со мајка ти тоа го правел од шо бил лош човек ?
Не, зошто опозицијата таков го направила...
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Значи интервјуто на Заев ја „изнервира свињава“. Во наводници го ставив нервирањето оти некои од нас не пасат трава јасно ми е мене дека свињата ова паѓање у несвест го прави по директива, па еве за вечер најавува уште, па уште вика не се симнувале од ТВ, кој бре, СДСМ, опозицијата, и народ па верува у вакви глупости.

Никој, верувам ни самите членови на СДСМ не викаат дека приватизацијата била добра, безболна, совршена, дека немало трауми, стресови, криминал и се друго, и самата изјава на Заев како и се во итрервјуто е вадена од контекст од дежурните спинери.

Но и после толку години, со неговиот сељачки речник истата ебана тема да се вергла веќе е дегутантно. Немам зборови да опишам колку ќе ми биде мило еден ден да го видам без оние кои го штитат, без владините пари, без спонзорите како ќе ја води ова дебилна емисија, е тогаш вистински ќе се нервира.
 
Јанко го разнесе Шаше. Тоа е таа битка што ни фалеше во медиумскиот простор. Сега сме комплетни. :D

А почнавте значи малку посериозно да го сваќате Шаше штом го уклучивте на тројка дебелиов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom