James Webb (Вселенски телескоп)

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
James Webb е "последниот збор" на инфраред оптичката технологија што ќе му овозможи на човештвото да погледне 13.5 милијарди години назад во времето, да ги види првите ѕвезди и галаксии што се оформиле во најраната фаза на универзумот. (во превод: ќе ја улови светлината на која и требаат 13.5 милијарди години да стигне до нас)

Главниот адут на овај телескоп ќе биде 6.5 метарското примарно огледало тешко 700кг, направено од берилиум и обложено со злато,
За споредба, примарното огледало кај Хабл беше 2,4 метри.

На неговата реализација работат над 1000 научници од 17 земји ширум светов. НАСА, Канадската и Европската вселенска агенција се основата на овај проект кој се очекува да чини над 9 милијарди долари.

Телескопот ќе биде главна вселенска опсерваторија во следнава декада, и ќе им служи на илијадници астрономи ширум светот. Примарна задача ќе му биде да ги анализира сите можни фази од раниот универзум, почнувајќи од светлината и ултра-топлите гасови кои се појавиле одма после Биг Бенгот.
Во исто време ќе ги анализира сите потенцијални ѕвездени системи во кои орбитираат "earth-like" планети откриени од претходните вселенски опсервации.

Неговото лансирање во вселената се очекува во Октомври 2018, со користење на ракетата Ариана 5 ECA.
Мисијата би требало да трае од 5 до 10 години, во зависност од стабилноста и издржливоста на инструментите кои се вградени во него.
Тежи скоро 6 тона, вклучувајќи го и сончевиот штит, адаптерот и антените за комуникација со Земјата.

James Webb вселенскиот телескоп е во суштина микс од неговите претходници.
Ќе ја има оптичката острина на сликите што ја имаше Хабл, и ќе го има зумот односно "deep-field" от од Спитцер, инфраред вселенскиот телескоп.

JWST ќе орбитира во таканаречената L2 линија, односно на далечина од 1,5 милиони километри од Земјата. Ќе ја користи Земјата и Месечината како додатни блокатори на сончевата светлина, што е од суштинско значење за неговата оптичка моќ.

За да ги пронајде првите галаксии, James Webb телескопот ќе прави ultra-deep near-infrared снимки на универзумот, проследени со ниска и висока спектроскопија и средна-инфраред фотометрија. Практично, тој ќе ја види светлината од 200 милиони години после биг бенгот, што се очекува да биде "врела супа", односно моментот кога честичките почнуваат да се комбинираат во јонизирани атоми на водород, и некои на хелиум. Овие атоми ги привлекуваат електроните и преминуваат во неутрални атоми - односно за првпат му дозволуваат на светлината да патува низ просторот. Од тој момент натака, универзумот не е веќе само темен простор. (Ова е најприфатената теорија за почетокот на светлината, а со анализите од опсервациите на телескопов се очекува да биде потврдена или негирана)

Освен неговата примарна задача, JWST ќе помогне во дешифрирањето на илјадниците планети и нивните сончеви системи кои ги пронајде КЕПЛЕР при неговата мисија.
JWST ќе биде додатно опремен со алатки за целосна анализа на планетите кои орбитираат, нивниот состав и маса, и потенцијалот што би го имале за формирање на базните честички - носители на животните форми кои ние ги познаваме.

До неговото лансирање во 2018 преостануваат уште над 1500 тестови на кои ќе биде подложен телескопот. НАСА има специјална комора во која ќе бидат тестирани сите негови технички способности во вселенски услови. (-270 степени во вакум простор)

Рандом галерија од телескопот и локациите на кои работат научниците:

Извор: http://www.jwst.nasa.gov/

п.с. Во комбинација со ЦЕРН, СЕТИ и мисијата КЕПЛЕР.... ова чудо на денешницава треба да даде одговор на најсуштинските прашања што постојат.
Да се надеваме дека ние како генерација ќе сме сведоци на најголемите откритија што човештвото може да ги оствари.

How everything began, and are we alone? :)
 
Последно уредено:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Некои од неговите претходници:

1. Хабл (Hubble Space Telescope)

2. Спитцер (Spitzer Space Telescope)

3. Кеплер (Kepler Space Telescope)

4. Хершел (Herschel Space Observatory)

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Ова огромно бе бравос напредуваме оддамна немаше нешто вакво ново од НАСА. :bravobe:
BTW не не сме сами.Еве проценете дали сме сами по ова.

Ова е нашиот дом dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-27.png
Ова е сончевиот систем dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-28.jpg

Соседни системи dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-29.jpg
Млечен пат dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-30.jpg
Други dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-31.jpg
Понатака dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-32.jpg
Универзумот dali-seuste-mislite-deka-sme-sami-tamu-nekade-novo-34.jpg

Уште мислите дека сме сами? :unsure:
 
Attachments

Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653

Покрај JWST oва е уште еден амбициозен проект на НАСА - Wild-Field-Infrared-Survey-Telescope (WFIRST), кој ако е одобрен во 2016 треба биде лансиран во 2024. Со примарно огледало од 2,4 метри во дијаметар и голема инфрацрвена камера, неговата мисија ќе биде освен проаноѓањe на егзопланети, подобро разбирање на темната енергија, преку проучување на нејзините ефекти во универзумот. Еден од неговите инструменти - The Wide Field Instrument ке има видно поле 100 пати пoголемо од тоа на HST.
 
Последно уредено:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Неколку фактори кои се клучни во потрагата на earth-like планети:

1. Иако нашата галаксија изобилува со ѕвезди, сепак најголемиот дел од нив се "џуџиња" во споредба со нашето. Енергијата претворена во топлина и светлина е предуслов за создавањето на потенцијално населливи планети што орбитираат во ѕвездениот систем.
* Потребно е да се најде ѕвезда, со големина горе/долу на нашето Сонце.

2. Ѕвездата треба да биде на половина од нејзиниот живот. Тогаш ослободува количина на енергија која не е премала или преголема, и директно влијае на сите планети кои орбитираат околу неа.
* Ѕвездата мора да биде на половина од својот животен рок, за водородот што преминува во хелиум да ослободува нормална количина на енергија во ѕвездениот систем.

3. Најголемиот дел од планетите што орбитираат околу сопствените ѕвезди се гасовити џинови (слични на Јупитер и Сатурн).
* Потребно е планетата да биде со камена кора.

4. Големината на планетата е клучна. Живот се очекува на планети не помали од Марс, и не поголеми од 10x големината на Земјата.
* Потребно е големината на планетата да биде не премала или не преголема, поради сопствената гравитација која игра улога во (не)задржувањето на сопствената атмосфера.

5. Планетата треба да орбитира во таканаречениот златен појас, односно на толкава оддалеченост од сопствената ѕвезда каде водата би била во течна состојба. Малку поблиску - пареа, малку подалеку - мраз. Досега на Земјата не е пронајдена форма на живот која егзистира без вода.
* Потребно е планетата да орбитира на таква далечина од сопствената ѕвезда, каде водата ќе биде во течна состојба.

6. Битно е планетата да има природен сателит како нашата Месечина, која учествувала во скоро сите процеси што се предуслов за нашата планета да опстане низ времето. Нејзината гравитација делува директно и индиректно на Земјата, не штити од помали астероиди, не држи во правилна орбита, ја оддржува плимата/осеката, итн итн.
* Добро би било планетата да има една или повеќе месечини.

7. Хемискиот состав на планетата е основа за создавање на обични животни форми. Тоа сепак не значи дека со сигурност тие форми од обични ќе преминат во комплексни. Спој на околности е тоа што на Земјата се развил интелегентен живот. Сепак, основата е за почеток е планетата да има атмосфера со хемиски состав подложен на меѓусебна интеракција.
* Хемискиот состав на планетата е предуслов за добра интеракција помеѓу елементите.

8. Ѕвездата со нејзиниот планетарен систем треба да се лоцирани во средишниот дел од галаксијата. Значи не многу блиску до центарот, но не и премногу далеку.
* Галактичката средина е најповолна област за развој на животна форма бидејќи во тој појас се случуваат најголем број на супернови кои се главен извор на тешките елементи: жива, злато, ураниум, итн итн.

Значи не е баш така едноставно. Не само што треба да се пронајдат планети слични на Земјата, туку тие мора да ги поседуваат горенаведениве предуслови за да бидат потенцијални кандидати каде би имало некаква животна форма.

Едно е сигурно. Во овај момент човештвото е во врвот на таа потрага. Ги има потребните ресурси и научно познавање на тоа - што треба да се бара, и каде. Целата потрага е базирана на животни форми какви што ги има Земјата. Тоа нормално не значи дека само планети слични на Земјата се населливи.
Но кога сеуште не знаеме што всушност значи животот, и каде е неговиот дом... тогаш најпаметно е да започниме со потрага на она што веќе го знаеме. А тоа е дека нашата Земја е место каде што се развил не само живот, туку и негова интелегентна форма.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716

Штотуку ги наброи условите во кои се наоѓа нашата планета.
За да постои живот не мора да бидат стриктно исполнети сите овие услови.
Доволно е вселенското тело (кое може да биде планета, сателит на планета, дури и планета која не орбитира околу ѕвезда) да поседува вода во течна состојба и извор на топлина.
Имајќи ги овие услови, ќе постои динамичност на околината (атмосферски појави, воздушни и водени струи) доволна за да опстои живот на истата.

Но Џејмс Веб нема да бара траги од живот по егзопланети.
Тоа ќе биде мисија на три нови телескопи што треба да бидат завршени во следните 7-8 години. Сите со примарни огледала околу 30 метри. Или поточно, 25, 30 и 40 метри во дијаметар,
И покрај ваквите моќни телескопи (кои споредени со моментално најдобрите изгледаат како револуција) Џејмс Веб ќе биде најмоќниот телескоп само заради тоа што се наоѓа во вселената.

Трите телескопи се најголемите од десно, Џејмс Веб е долу лево.

Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Штотуку ги наброи условите во кои се наоѓа нашата планета.
За да постои живот не мора да бидат стриктно исполнети сите овие услови.
Доволно е вселенското тело (кое може да биде планета, сателит на планета, дури и планета која не орбитира околу ѕвезда) да поседува вода во течна состојба и извор на топлина.
Имајќи ги овие услови, ќе постои динамичност на околината (атмосферски појави, воздушни и водени струи) доволна за да опстои живот на истата.
Услови за опстојување на живот =/= услови за создавање на живот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Услови за опстојување на живот =/= услови за создавање на живот.
Да, намерно пишував опстојување на живот наместо создавање, бидејќи е многу полесно животот да се одржува еднаш кога ќе се рашири, отколку да биде создаден, соодветно на условите.
И ретко каде научниците бараат планета каде има услови за создавање живот, туку бараат планети со услови за постоење живот.
 
Мислев дека пробуеш да стаиш тежина на погорните аргументи за тоа дека не сме сами и ванземаљци постојат за што се големи шансите поради тоа што постојат многу планети кои „имаат услови за живот“.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Никој не знае дали постојат и други платформи погодни за создавање и одржување на живот. Ниту пак знаеме дали постојат и други животни форми освен тие што ни се познати. Затоа кога не знаеш како стојат работите, најдобро е да бараш од она што веќе го знаеме. Тоа е Земјата, и сите нејзини карактеристики на кои се базира животот што ние го познаваме.
Мислам дека допрва работите ќе станат појасни. Сеуште не се довршени анализите од Кеплер, а сега и Џејмс Веб е тука да потврди или отфрли дел од шпекулациите. Ќе видиме..
Многу е тешко да се анализираат тие нови егзопланети со оглед на тоа што директно не ги гледаме. Ама полека...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Мислев дека пробуеш да стаиш тежина на погорните аргументи за тоа дека не сме сами и ванземаљци постојат за што се големи шансите поради тоа што постојат многу планети кои „имаат услови за живот“.
Да, лично сметам дека околу секоја ѕвезда постојат барем 2-3 вселенски тела каде постојат услови за живот. Вклучително и нашата ѕвезда.
Дали постои живот е сосем друго прашање.
Интересното е што, еднаш кога животните форми ќе се појават некаде, многу е тешко да исчезнат.
 
Единствен пример којшто го потврдува твоето тврдење е биосферата тука.
Немаме доволно примероци за да знаеме првенствено што би се случило со условно создавање на други форми на живот на други места и колку такви неуспешни форми на живот биле ерадицирани, а колку успеале да еволуираат.
Друг проблем којшто го имаме е со јасно диференцирање на живот од „неживот“. Тоа „способност за репродукција/вршење на метаболични активности,“ е малце сувопарна дефиниција. Еволуцијата исто така не мора да биде карактеристика за сите видови на „живот“ доколку се појават што би укажало на помала флексибилност на промена на амбиентот и полесно исчезнување на новонастанатите биокибернетски системи.
 
Точно, единствен пример е биосферата на Земјата, на самата била неколку пати изложена на настани кои го донеле под знак прашалник опстојувањето на животот во неа. И секој пат животот преовладувал.
Но тоа чинам се должи на големиот биодиверзитет.

Можеби е потешко животот да се развива онаму каде што постои помала динамичност на околината, но помалата динамичност значи поголема стабилност на околината, т.е. помалку настани што би довеле до нагла промена на биосферата.
 
Има тука и друга теза. Самата структура на ДНК-та и РНК-та во прокариотните и еукариотните организми, доведува до таков тип на биосистеми коишто се флексибилни на различни промени за што е пример алопатриската специјација, појава која го потврдува фактот дека организмите можат да преживеат и при нагли промени на биосферата. И од тука стигаме до тоа дека големиот биодиверзитет е всушност резултат на таа особина на клетките кои се настанати поради случајно погодување на катаљон фактори.
Основните фактори коишто се потребни, е да се погодат коцките како услови за создавање на биокибернетски систем кој ќе има повратни спреги и други комплицирани, забавни и интересни ствари. После тоа, тој биосистем треба да е способен да се адаптира на одредени промени кои се стандардни за амбиентот во кој се создал, односно да е во тек со таа амплитуда на промена без разлика на тоа дали промените се мали/големи според некој референтен систем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom