Bitcoin
₿
- Член од
- 24 мај 2005
- Мислења
- 5.530
- Поени од реакции
- 13.903
James Webb е "последниот збор" на инфраред оптичката технологија што ќе му овозможи на човештвото да погледне 13.5 милијарди години назад во времето, да ги види првите ѕвезди и галаксии што се оформиле во најраната фаза на универзумот. (во превод: ќе ја улови светлината на која и требаат 13.5 милијарди години да стигне до нас)
Главниот адут на овај телескоп ќе биде 6.5 метарското примарно огледало тешко 700кг, направено од берилиум и обложено со злато,
За споредба, примарното огледало кај Хабл беше 2,4 метри.
На неговата реализација работат над 1000 научници од 17 земји ширум светов. НАСА, Канадската и Европската вселенска агенција се основата на овај проект кој се очекува да чини над 9 милијарди долари.
Телескопот ќе биде главна вселенска опсерваторија во следнава декада, и ќе им служи на илијадници астрономи ширум светот. Примарна задача ќе му биде да ги анализира сите можни фази од раниот универзум, почнувајќи од светлината и ултра-топлите гасови кои се појавиле одма после Биг Бенгот.
Во исто време ќе ги анализира сите потенцијални ѕвездени системи во кои орбитираат "earth-like" планети откриени од претходните вселенски опсервации.
Неговото лансирање во вселената се очекува во Октомври 2018, со користење на ракетата Ариана 5 ECA.
Мисијата би требало да трае од 5 до 10 години, во зависност од стабилноста и издржливоста на инструментите кои се вградени во него.
Тежи скоро 6 тона, вклучувајќи го и сончевиот штит, адаптерот и антените за комуникација со Земјата.
James Webb вселенскиот телескоп е во суштина микс од неговите претходници.
Ќе ја има оптичката острина на сликите што ја имаше Хабл, и ќе го има зумот односно "deep-field" от од Спитцер, инфраред вселенскиот телескоп.
JWST ќе орбитира во таканаречената L2 линија, односно на далечина од 1,5 милиони километри од Земјата. Ќе ја користи Земјата и Месечината како додатни блокатори на сончевата светлина, што е од суштинско значење за неговата оптичка моќ.
За да ги пронајде првите галаксии, James Webb телескопот ќе прави ultra-deep near-infrared снимки на универзумот, проследени со ниска и висока спектроскопија и средна-инфраред фотометрија. Практично, тој ќе ја види светлината од 200 милиони години после биг бенгот, што се очекува да биде "врела супа", односно моментот кога честичките почнуваат да се комбинираат во јонизирани атоми на водород, и некои на хелиум. Овие атоми ги привлекуваат електроните и преминуваат во неутрални атоми - односно за првпат му дозволуваат на светлината да патува низ просторот. Од тој момент натака, универзумот не е веќе само темен простор. (Ова е најприфатената теорија за почетокот на светлината, а со анализите од опсервациите на телескопов се очекува да биде потврдена или негирана)
Освен неговата примарна задача, JWST ќе помогне во дешифрирањето на илјадниците планети и нивните сончеви системи кои ги пронајде КЕПЛЕР при неговата мисија.
JWST ќе биде додатно опремен со алатки за целосна анализа на планетите кои орбитираат, нивниот состав и маса, и потенцијалот што би го имале за формирање на базните честички - носители на животните форми кои ние ги познаваме.
До неговото лансирање во 2018 преостануваат уште над 1500 тестови на кои ќе биде подложен телескопот. НАСА има специјална комора во која ќе бидат тестирани сите негови технички способности во вселенски услови. (-270 степени во вакум простор)
Рандом галерија од телескопот и локациите на кои работат научниците:
Извор: http://www.jwst.nasa.gov/
п.с. Во комбинација со ЦЕРН, СЕТИ и мисијата КЕПЛЕР.... ова чудо на денешницава треба да даде одговор на најсуштинските прашања што постојат.
Да се надеваме дека ние како генерација ќе сме сведоци на најголемите откритија што човештвото може да ги оствари.
How everything began, and are we alone?

Последно уредено: