Аман веќе од Бугарите, не им давајте веќе внимание. Темава е за клуч.
Ова е стара емисија, мислам пред година и кусур. Дајте веќе доста со вакви теми, во спротивност ќе ми стане нешто сомнително. Бидејќи ништо не е случајно. И се повеќе ќе мислам дека сите вакви појави се производ на грчките влијанија. Се со цел да се закараат Македонците меѓу себе (под Македонци подразбирам и ние т.е. припадниците на Македонскиот народ и оние кои се со потекло од Егејот а нивните предци се одселиле во Бугарија во 20-тите години на 20-от век
и во моментот се чувствуваат за Бугари, а има и такви кои не се изјаснуваат јавно за Македонци кои сум ги сретнал лично некои од нив во годините наназад кога одев на море таму, а кои лично ми кажале дека се чувствуваат Македонци по етничко потекло.) По мене ваквите пропаганди се со цел да се закараат оние кои се селеа во разни наврати од Егејот по разни места во светот, а се со цел да не се обединат и обединети заедно едно 2 милиони луѓе да си ги бараат имотите назад, плажите во Калитеа, Ханиоти, дуќаните на Цимитцки и Виа Игнација, а со тоа и грдни пари оштета.
И право да ви кажам....иако се сега чувствуваат за Бугари оние кои бегаа од Драма, Кавала, Серез, Солун, Постол, Ениџе Вардар, Негуш, Клисура, невеска, Костур, Гревена, Воден, Лерин, Меглен, Острово, од 1913 па наваму во Бугарија би сакал и тие заедно со оние кои се чувствуваат за етнички Македонци исто како и јас да си ги вратат со сите правни начини, имотите назад од Малоазиските Грци кои силум ги доселија во тој дел. Подобро би било и тие заедно со нас да го бараме она што беше наше пред само 80-десетина години, па без разлика кој како се чувствува сега. Само да со сите правни инструменти да се вратат тие имоти и Маџирите да се вратат на своето.
Мислам дека ме разбравте што сакам да кажам.
За овие некои дејствија кои се дешаваат, ме потсетува изјавата на Грчкиот премиер која ја прочитав пред некој ден за Њу Јорк Тајмс дадена по илинденското востание и ја парафразирам дека ,,грција ќе се здружи и со црниот ѓавол да ги истера волците кои се надвиле на Македонија,,. Ова волците бевме ние, Македонскиот народ, а тие се здружија и со црниот ѓавол и не истераа.