Јадете ли магдонос?

  • Креатор на темата Креатор на темата честа
  • Време на започнување Време на започнување
темава ме потсети кога бев мала на моите караници со мајка ми за тоа колку ке ми порасне косата ако јадам магдонос- косата никогаш не ми порасна, а јас никогаш не сакав магдонос.:pos2: денес го јадам кога морам повторно по наредба на мајка ми.:jaj:
 
магдоносот е еменагог, односно го стимулира протокот на крв во карлицата и матката и ја стимулира менструацијата, друго, го контролира високиот крвен притисок, диуретик е, ги исфрла водата и натриумот, а го задржува калиумот.

БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ НЕ СМЕАТ ДА ГО УПОТРЕБУВААТ КАКО ЛЕК ИЛИ ДОДАТОК ВО ЈАДЕЊАТА. Во форма на масло, коренот, листови или семе, може да доведе до стимулација на матката и предвремено пораѓање.

Исто бидејќи содржи оксална киселина, придонесува за создавање на камења во бибрезите.
 
Секогаш

Јас обожавам магдонос, посебно во супа и салати ... мене ми дава многу свеж вкус на јадењата и специфичен мирис ...
Исто обожавам босилек и копер и сл. зачини ...
Овие зачини се добри во сосови посебно за тестенини и со моцарела сирење (пробајте во кафе фиренца тестенини со моцарела и босилек, а во далметфу шпагети со пармезан, тиквички и рукола) ... и едно винце .... ммм ...убавини

магдоносот е еменагог, односно го стимулира протокот на крв во карлицата и матката и ја стимулира менструацијата, друго, го контролира високиот крвен притисок, диуретик е, ги исфрла водата и натриумот, а го задржува калиумот.

БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ НЕ СМЕАТ ДА ГО УПОТРЕБУВААТ КАКО ЛЕК ИЛИ ДОДАТОК ВО ЈАДЕЊАТА. Во форма на масло, коренот, листови или семе, може да доведе до стимулација на матката и предвремено пораѓање.

Исто бидејќи содржи оксална киселина, придонесува за создавање на камења во бибрезите.
Магдоносот никаде не е докажано дека е штетен, доколку го консумираш во умерени колични .... нама ваљда само магдонос да јадеш ...:vozbud:
 
Не, мразам магдонос, а незнам зошто ама многу мразам
 
шопска јадам со повеќе магдонос, отколку другите состојки заедно :vozbud: во други јадења не го сакам многу.

инаку, непроценлив извор на минерали е...
 
Не дека сум голем љубител, ама кога има јадам. Не ми е посебно вкусен или одвратен. Како што ми кажале, магдоносот имал и лековити својства, го подобрувал варењето и сл.
 
Зелка со магданос ммм
 
Без проблем го јадам ништо посебно
 
Да. Највкусен ми е ако е дел од салта во комбинација со лук :)
 
Не ми е јасно зошто толку го хејтате...Шо има врска дека е ко трева да сте јаделе...Мене некогаш душава ми бара да каснам нешто такво зелено...
 
Само сув магдонос. Малку го исфорсирав кога го ставив во шопска и сфатив дека во салата сепак може да го двојам свежиот :D
 
Магданос ми е топ и го сакам скоро у секоја салата и супа. Плус здрав е, не праам муабет за тоа.
Плус речено ми е да јадам магданос (од извесно место).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom