Јадење набрзинка

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Честопати каснејќи на работа или имајќи премногу обврски немаме време да зготвиме некое јадење, па колку да не седиме со празен стомак си подготвуваме некое јадење набрзинка.


Што јадете кога немате време да зготвите некое поголемо јадење?



Јас обично кога немам многу време си подготвувам или салата или тост или супа... :)
 
Ја обично имам време ама еве да речеме ме мрзи :D, а кога ме мрзи, богами и за тост ме мрзи, па тогаш најчесто јадам јаболко.
 
Овошје најчесто зимам кога сум во брзање. Брза храна никако. Понекогаш ѓеврек, лиснато со виршла...
 
Јас нашколо кога одам си купувам кифли од Гемиџии,имаат убави кифли и ефтини се.
 
dgH8ht8.gif
 
Шпагети со сирење и томатело сос:love:
 
Јаболко или банана ем убаво, ем здраво. А ако имате 1,2 минути, а сте дома исцедете си лимон/цитрон/портокал или комбинација од сите 3 + малку вода и милина :cool:. Исотака мусли јадете, ако ви е за насабајле, само турете муслите плус млеко, свретете еден круг низ дома и ќе се покиснат колку толку, ама глејте мусли насабајле да јадете само :)
 
Зошто си го барате банот? Сериозно не ми е јасно. Секогаш едни исти почнуваат сеир на теми што не се во ЧДА. Мислите дека сте интересни?
Затоа сега ќе си кркате бан и во иднина ко ќе видам дека уништувате и друга тема ќе го добиете истото.
 
Исто и јас кога брзам јадам најчесто тост,бисквити,млеко... :)
 
Зошто си го барате банот? Сериозно не ми е јасно. Секогаш едни исти почнуваат сеир на теми што не се во ЧДА. Мислите дека сте интересни?
Затоа сега ќе си кркате бан и во иднина ко ќе видам дека уништувате и друга тема ќе го добиете истото.
Па уште кога ќе видиш во водедниот пост кога немал време печел тостови и варел супа каква дискусија сакаш да се развие
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom