Ја оправдувате ли пиратеријата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Пиратерија, да!
Од повеќе причини.-Замислете, дали воопшто овој форум би постоел ако софтверската пиратерија не постоеше? Дали ќе слушавте толку музика ако аудио пиратеријата ја немаше? Да не помисливте можеби дека ди-џеите по најслушаните локални наши радија ви пуштаат само оригинали? Или ке гледавте филмови, ахааа...100%.

Регулирањето на авторските права во принцип ке го поддржам тогаш кога сопствениците и носителите на истите права ке бидат помалку алчни за профит и цените на своите производи ке ги сведат на ниво прифатливо за потребите и платежната моќ на просечен македонец, без оглед дали се работи за софтвер, музика или филм.
 
Mandrak напиша:
Пиратерија, да!
Од повеќе причини.-Замислете, дали воопшто овој форум би постоел ако софтверската пиратерија не постоеше?
E тука си се заебал. Форумов е лиценциран софтвер на vbulletin.
 
Mandrak напиша:
Регулирањето на авторските права во принцип ке го поддржам тогаш кога сопствениците и носителите на истите права ке бидат помалку алчни за профит и цените на своите производи ке ги сведат на ниво прифатливо за потребите и платежната моќ на просечен македонец, без оглед дали се работи за софтвер, музика или филм.

Дотогаш, чесно би било од твоја страна да се откажеш од малите задоволства што ти ги пружа пиратеријата.
 
Garfield напиша:
Мунгос, не знам зошто викаш (капс лок нели), покрај тоа твојот џепарлак е одличен, навистина, колку една плата на референт во државна институција. Во оваа беспарица, не би се бунел на твое место. Има луѓе коишто немаат што да јадат, живеат со многу помалку, а сепак почитуваат одредени вредности, туѓ труд и сл.
Туку се научиле сите дека е поедноставно да се стимулира корупција и криминал краткорочно оти очите им се затворени и не можат да ги согледаат далекусежните нешта кои дури и од ваков мал престап произлегуваат.
Гледам дека сум нападнат врз основа на сумата на пари која ја добивам месечно.Ја нареков џепарлак бидејќи не можам да се помирам со фактот дека морам за неа да работам по 8 часа дневно 7 дена неделно.И не знаев дека некој ќе се исфрустрира со тој мал пропуст кој си го дозволив.Плус за тој џепарац јас морам да се расправам со најпацерските фаци во мојот град .Од друга страна гледајќи ги трошоците кои ги имам месечно,за стан за храна за јавен превоз за струја,вода,интернет,кабловска за книги незнам на кој начин јас би можел да не ја подржувам пиратеријата.Па нели од системот зависи и тоа колку корупција и криминал има во него.Но сега зборуваме конкретно за пиратеријата.Кога луѓето би живееле во подобар систем,би имале подобри плати сигурно би земале оригинали,па кој не сака да има оригинал.Но кај нас за жал платите се мизерни а цените европски.Кога ќе бидат и едните и другите европски тогаш во потполност ќе се сложам со тебе.
 
Carlito Brigante напиша:
П.С.Имаше горе некое девојче што не сакаше да го персираат. И џоа не била достојна за тоа. Една молба: Ај не се трескај од земја

На ова девојче му велиш да не се треска од земја? Ај образложи што сакаш да кажеш со коментарот, за да не треба да објаснува некој што е трескање од земја - а ако не умееш пробај да го лишиш девојчето од просто-проширени реченици кои се само неуспешен обид за хумор.
Ај добредојде на форумот!
 
Мистичен напиша:
E тука си се заебал. Форумов е лиценциран софтвер на vbulletin.
Ок, софтверот за сајтот и форумот верувам дека се легални, не би ни можело поинаку. Не мислев на тоа, туку на мојот софтвер и на уште 1360 други членови на форумов кои учествуваат овде. :)
 
spooky напиша:
Дотогаш, чесно би било од твоја страна да се откажеш од малите задоволства што ти ги пружа пиратеријата.
Да, ама што да правам кога неможам да си дозволам оригинални изданија?...ете, не постапувам чесно според многумина, но дали мислиш дека не би купил оригинал кога би имал материјални услови за тоа? Ако мислиш дека не би го сторил тоа, тогаш не си во право. До тогаш ми останува да користам изданија „на црно” за да одржам чекор со новите трендови и за да ја спречам сопствената интелектуална пропаст.
 
сите сме пирати, сакале или не
Не верувам да има толку ортодоксни непријатели на пиратеријата, во денешно време и овде....
знаете самите зошто!
П.С. Гарфилде, да ти го изрежам цедето од Мишн или сам че го изрежиш :pos:
 
И пак, муабетов ќе заврши без заклучок. Ох мори мајкооооо....
 
Заклучок:

Пиратерија, Секако ДА!
 
Mandrak напиша:
Ок, софтверот за сајтот и форумот верувам дека се легални
Морам и тука да те поправам. "Софтверот" за сајтот не е нешто готованско или оупен сорс, сајтот е комплетно рачно кодиран. Труд, труд...:)
 
Мистичен напиша:
Морам и тука да те поправам. "Софтверот" за сајтот не е нешто готованско или оупен сорс, сајтот е комплетно рачно кодиран. Труд, труд...:)
Секоја чест, во ред е ако е така. Ценам уникатност во секој случај, иако некои од енџините на сајтов ми изгледаат како нешто веќе видено.
 
Мандраке Маџионичар, ќе повторам, софтверот за форумот (vBulletin) е лиценциран софтвер на Jelsoft Enterprises Ltd за кого (нормално) е платена лиценцата. Додека пак софтверот, односно CSM-от на Кајгана (kajgana.com) е производ на IBS, рачно куцан, домашно производство.

Ниту оупен сорс, ниту „позајмена” пиратска верзија.
Уникатноста и трудот има своја цена, значи сега доколку некој сака да го користи тој CMS, би го добил за соодветен надоместок. :wink:
 
Acid напиша:
Мандраке Маџионичар, ќе повторам, софтверот за форумот (vBulletin) е лиценциран софтвер на Jelsoft Enterprises Ltd за кого (нормално) е платена лиценцата. Додека пак софтверот, односно CSM-от на Кајгана (kajgana.com) е производ на IBS, рачно куцан, домашно производство.

Ova mozam da go potvrdam licno. :wink:
 
Наместо CMS сум пишал CSM :wink:
Инаку Спукс, фала што можеш да потврдиш (:wink:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom