Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
нема крај на абсурдите... наводно имало случај во Хрватска, штедач на банка од сфрј, по распадот на СФРЈ, укинувањето на Ју динарот и негово континуирано обезвреднување, банката да го најде должен (трошоци за затварање на книшка и сметка) и со камати од разни врсти да остане БЕЗ Куќа !!!
 
А за ова јас што викам по неколку години иако се тужени, да се сметаат за застарени и да се бришат што мислите и каде да се обратам? Ако може и искуство со странски земји и те како ќе помогнете со примери.
 
Мислев ако е ТУЖЕНА, ама сепак не успеале да наплатат толку време. Има некој дела кој застаруваат нели. Епа треба и ова да застарува по некоја проста логика.

Штом е тужена па уште ако стана извршно - то е вечно како Македонија, нема да застари.
 
За застареност погледнете ги членовите од 349 па натаму од Законот за облигациони односи
http://www.cdhv.mk/Dokumenti/Zakoni/zakon_za_obligacionite_odnosi.pdf

Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.

Според мене најголем проблем е што вкупната каматата не е ограничена па топлификација наплатува многу повеќе на име камата одколку за основниот долг. Затоа намерно одолговлекуваат за да наплатат што повеќе за камата
 
Imam edno prasanje> Dali ima osnov da se tuzi za steta onoj koj protivpravno ziveel na tvoj imot i pri toa si dobil na sud za iseluvanje od imotot.Dali za toj period dodeka ziveel bespravno na imotot moze da se tuzi za osteta?
 
За застареност погледнете ги членовите од 349 па натаму од Законот за облигациони односи
http://www.cdhv.mk/Dokumenti/Zakoni/zakon_za_obligacionite_odnosi.pdf

Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.

Според мене најголем проблем е што вкупната каматата не е ограничена па топлификација наплатува многу повеќе на име камата одколку за основниот долг. Затоа намерно одолговлекуваат за да наплатат што повеќе за камата

Сакаш да кажеш ако имам сметки за струја тужени од 2004 немам право да платам и да се повикам на ова?
 
Сакаш да кажеш ако имам сметки за струја тужени од 2004 немам право да платам и да се повикам на ова?

Обавезно повикај се. Зошто да не се повикаш.
 
На страницата на Основниот суд 2 од Скопје најдов Пресуда за долг од 1999 година, Македонски телеком против граѓанин. Судено е во ноември 2011 и судот пресудил против граѓанинот и не прифатил засатреност
http://osskopje2.mk/Odluki.aspx?odluka=2304
 
Зошто погрешно ги толкувате законите и пресудите! Значи, Предлогот за извршување до Судот е поднесен на ден 18.07.2000 год., а се однесува за месеците 09, 10, 11 и 12 од 1999 година и 01, 02, 03, 04 и 05 од 2000 година. Значи, сметките СЕ НАВРЕМЕ УТУЖЕНИ, ниту една од овие сметки НЕ е утужена по рокот од 1 година од денот на втасаноста. Поднесениот ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ се смета како ПОДНЕСЕНА ТУЖБА! Крај на муабетот. Друго е прашањето што предметот стоел 10 години и повеќе во фиока, што Предлогот со Решението му се доставени на тужениот после 10 години и што расправа е одржана после 10 години. За тој пропуст си постои друг вид на одговорност.
 
Мое мислење е дека ако се постари повеќе од 7/10 години и не успеале да се наплатат за сите тие години дека треба да се сметаат за застарени и да се избришат. Треба измени, дефинитивно!
Во оваа банана држава во која владеат криминалци,олигарси и лопови седнати на некој к*р ќе бидеш среќен ако не ти ја пресметаат каматата.
Не треба измени.
ТРЕБА РЕВОЛУЦИЈА (ама со кого ќе правиш кога сите сме пи*ки)
 
Зошто погрешно ги толкувате законите и пресудите! Значи, Предлогот за извршување до Судот е поднесен на ден 18.07.2000 год., а се однесува за месеците 09, 10, 11 и 12 од 1999 година и 01, 02, 03, 04 и 05 од 2000 година. Значи, сметките СЕ НАВРЕМЕ УТУЖЕНИ, ниту една од овие сметки НЕ е утужена по рокот од 1 година од денот на втасаноста. Поднесениот ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ се смета како ПОДНЕСЕНА ТУЖБА! Крај на муабетот. Друго е прашањето што предметот стоел 10 години и повеќе во фиока, што Предлогот со Решението му се доставени на тужениот после 10 години и што расправа е одржана после 10 години. За тој пропуст си постои друг вид на одговорност.

Јас воопшто не толкував закони ниту пресуди, туку постирав пресуда.
Од оваа пресуда е очигледно дека според денешната регулатива на овој начин, со повикување на застареност, не можеме да се одбраниме, во слични ситуации.
Мое мислење е дека, во слични ситуации, одбраната треба на сосема други принципи да се базира
А тоа е да го негира побарувањето и да се повика дека договорот е раскинат поради неисполнување на обврската на должникот после првата или втората фактура.
Ако забележа тука се работи за побарувања по месеци. За секој месец должникот бил во обврска да плати во рок од толку и толку дена, но тој не платил и не ја извршил обврската а тоа значи автоматско раскинување на договорот, поради неисполнување на обврска. Зошто Доверителот продолжил да му пружа услуги? Дали со тоа се согласил со неплаќањето?
Какво е твоето мислење околу ваквиот концепт на одбрана? @Sase_Ohrid, ме интересира и твоето мислење околу овој концепт?
Уште те молам да ми објасниш што конкретно мислиш со: „За тој пропуст си постои друг вид на одговорност.“
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION

Твојот метод на одбрана во слични ситуации пред Судот е сосема погрешен! Значи, ќе повторам, на ЗАСТАРЕНОСТ на сметките ДОЛЖНИКОТ МОРА да се повика, ако сите сметки или дел од нив се застарени. Меѓутоа, очигледно дека не можеме да се разбереме околу институтот ЗАСТАРЕНОСТ и околу наведената ПРЕСУДА. Инаку, тужениот и да се повика на тоа дека еве „договорот е раскинат“ сепак ОБВРСКАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ на сметките за извршени услуги му ОСТАНУВА, услугата е извршена и за таа извршена услуга тој должи пари. И тоа секако НЕ претставува автоматско раскинување на договорот, тој може да се раскини по барање на едната или двете страни, а не и по автоматизам. Бидејќи, нема барање од едната страна или двете страни за раскинување на договорот, тој сеуште е правно полноважен! Тој ја извршил услугата и ти должиш за таа услуга, не постои тука „простување“ на долгот, тоа свое побарување тој ќе си го оствари преку Суд, во судска постапка! Иако не ти се платени некои сметки, тој и понатаму, согласно договорот, МОРА да го исполнува својот дел од обврската т.е. да врше услуги.
 
Јас воопшто не толкував закони ниту пресуди, туку постирав пресуда.
Од оваа пресуда е очигледно дека според денешната регулатива на овој начин, со повикување на застареност, не можеме да се одбраниме, во слични ситуации.
Мое мислење е дека, во слични ситуации, одбраната треба на сосема други принципи да се базира
А тоа е да го негира побарувањето и да се повика дека договорот е раскинат поради неисполнување на обврската на должникот после првата или втората фактура.
Ако забележа тука се работи за побарувања по месеци. За секој месец должникот бил во обврска да плати во рок од толку и толку дена, но тој не платил и не ја извршил обврската а тоа значи автоматско раскинување на договорот, поради неисполнување на обврска. Зошто Доверителот продолжил да му пружа услуги? Дали со тоа се согласил со неплаќањето?
Какво е твоето мислење околу ваквиот концепт на одбрана? @Sase_Ohrid, ме интересира и твоето мислење околу овој концепт?
Уште те молам да ми објасниш што конкретно мислиш со: „За тој пропуст си постои друг вид на одговорност.“
Многу добро го разбирам твоето размислување и колку и да се чини логично, сепак, според мое мислење @Gjoksi е потполно во право. Договорот не може да се смета за раскинат доколку некоја од странките не платила за услугата која ја добива, освен во случаите кога токму тоа е предвидено и во самиот договор. Меѓутоа, во овие договори никогаш не се предвидува такво нешто, а според Законот за облигациони односи договорот останува во сила и да важи се додека тој не се раскине по барање на некоја од странките (односно договорно) и договорната странка која ја пружа услугата мора да продолжи со пружање на услугата без разлика што за таа услуга не наплатила (за што има право да поднесе тужба и да бара исполнување на договорот - односно плаќање на неплатените фактури). Иако Телеком не успеал да ги наплати доброволно своите побарувања не можел самоволно (без раскинување на договорот) да престане со испорачување на услугата на корисникот бидејќи на тој начин се изложува на ризик од предизвикување на штета на корисникот, но тоа не значи дека ќе се откаже од наплата на своите побарувања кои ќе ги остварува во судска постапка (како во конкретниот случај).
Инаку кога Gjoksi споменува дека поради неажурноста на судот и водењето на постапката повеќе од 10 години и дека за тој случај „постои друг вид на одговорност.“ Претпоставувам дека мисли на тоа дека странките во ваквите случаи можат до Врховниот суд на РМ да поднесат барање за заштита на право на судење во разумен рок со кое ќе бараат соодветен надоместок поради пропустот на судот. Имено, тоа право е гарантирано и со членот 6 од Конвенцијата за заштита на човековите права и фундаментални слободи, па на секој кому му е повредено правото на судење во разумен рок (се разбира по вина на судот) му следува и правичен надоместок.
 
@Goksi @ Sase_Ohrid
Мислев на одредбите од глава 3 од Законот за облигациони односи, а ги подвлеков одредбите кои сметам дека се битни: Еве како гласат тие одредби:

III. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР ПОРАДИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ
Права на една страна кога другата страна не ќе ја исполни својата обврска
Член 113
Во двостраните договори, кога една страна не ќе ја исполни својата обврска, другата страна, ако не е определено нешто друго, може да бара исполнувањето на обврските или под условите предвидени вонатамошните членови, да го раскине договорот со проста изјава, ако раскинувањето на договорот не настапува според самиот закон, а во секој
случај има право на надомест на штетата.
Кога исполнувањето во рокот е суштествена состојка на договор
Член114
(1) Кога исполнувањето на обврската во определениот рок е
суштествена состојка на договорот, па должникот не ќе ја исполни обврската во тој рок, договорот се раскинува според самиот закон.
(2) Доверителот може да го одржи договорот во сила, ако по истекотна рокот, без одлагање, го извести должникот дека бара исполнување на договорот.
(3) Кога доверителот барал исполнување, па не го добил во разумен рок, може да изјави дека го раскинува договорот.
(4) Овие правила важат како во случај кога договорните страни предвиделе дека договорот ќе се смета раскинат ако не биде исполнет во определениот рок, така и тогаш кога исполнувањето на договорот во определениот рок е суштествена состојка на договорот според природата
на работата.
Кога исполнувањето на рокот не е суштествена состојка на
договорот
Член 115
(1) Кога исполнувањето на обврската во определениот рок не е суштествена состојка на договорот, должникот го задржува правото да ја исполни својата обврска и по истекот на рокот, а доверителот да бара нејзино исполнување .
(2) Ако доверителот сака да го раскине договорот, мора да му остави на должникот примерен дополнителен рок за исполнување.
(3) Ако должникот не ја исполни обврската во дополнителниот рок, настапуваат истите последици, како и во случај кога рокот е суштествена состојка на договорот.
Раскинување на договор без оставање на дополнителен рок
Член 116
Доверителот може да го раскине договорот без да му остави на должникот дополнителен рок за исполнување ако од должниковото однесување произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Раскинување на договор пред истекот на рокот
Член 117
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.
Раскинување на договор со последователни обврски
Член 118
(1) Кога во договорот со последователни обврски едната страна не ќе исполни една обврска, другата страна може во разумен рок, да го раскине договорот во поглед на сите идни обврски, ако од дадените околности е очигледно дека и тие нема да бидат исполнети.
(2) Другата страна може да го раскине договорот не само во поглед на идните обврски, туку и во поглед на веќе исполнетите обврски, ако нивното исполнување без изостанатите исполнувања нема интерес за неа.
(3) Должникот може да го одржи договорот ако даде соодветно обезбедување.
Должност за известување
Член 119
Доверителот кој поради неисполнување на должниковата обврска го раскинува договорот, должен е тоа да му го соопшти на должникот без одлагање.
Кога договорот не може да се раскине
Член 120
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на
незначителен дел од обврската.
Дејство на раскинувањето
Член 121
(1) Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета.
(2) Ако една страна го извршила договорот целосно или делумно има право да и се врати она што го дала.
(3) Ако двете страни имаат право да бараат враќање на даденото, заемните враќања се вршат според правилата за извршувањето на двостраните договори.
(4) Секоја страна и должи на другата надомест за користа што во меѓувреме ја имала од она што е должна да го врати, односно да го надомести .
(5) Страната што враќа пари е должна да плати затезна камата од денот кога ја примила исплатата
............
Ако пред судот се покаже дека договорот е раскинат, по сила на законот, поради неисполнување, тогаш настанува сосема различна правна ситуација. И од должникот ќе може да се бара само надомест на штета. - Тоа ми е идејата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom