Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер денеска го предупреди светот да се подготви за најлошото - за војна со Иран, и ја повика ЕУ да и воведе санкции на Исламската Република Иран откако земјата не се откажа од процедурата на збогатување ураниум.
Кушнер истовремено се заложи преговорите да продолжат до крај за да биде спречено добивањето на Иран со атомска бомба.
„Во моментов во светот нема поголема криза од онаа со иранската атомска програма“, подвлече Кушнер во една радио емисија, пренесе АФП.
Кушнер појасни дека е побарано од француските компании да не инвестираат во Иран.
„Сметам дека гласот ни беше слушнат и не сме единствени кои така постапија“, рече Кушнер.
Реториката на Кушнер за Иран е слична на претседателот Никола Саркози, забележаа АФП.
Претходно американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс истакна дека во моментов дипломатијата останува најдобар приод кон решавањето на иранското прашање, иако потенцираше дека и воената опција останува на маса.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=83957