Излегувате за да бидете видени или убаво да си поминете?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

Излегувате за да „бидете видени“ или за да си поминете убаво?

  • Поважно ми е да ме видат другите каде сум бил/а вечерта

    Гласови: 13 5,8%
  • Поважно ми е јас да си поминам убаво, без разлика каде сум

    Гласови: 207 92,4%
  • Поважно ми е јас да видам кој како е облечен и што прави

    Гласови: 4 1,8%

  • Вкупно гласачи
    224
Ќе гледам ако има што за глеање..:toe:
 
Дефинитивно за да си поминам убо.
Нешо слично ко вес, никош не одам на места кој шо се „сите“ само за да видет дек и јас сум од јакото друштво ако не ми е мене по мерка.
Не ми е битно кој имат таму туку со кој сум јас и никош исто не одам да видам некој таму шо ќе е. Аку не сум договорена со тој некој, не одам на карта „случајно“ да го видам.
 
Излегувам за да си поминам убаво.
Мразам гужви.
И мразам такви луѓе, што трошат два саати на спремање и шминкање, само за да одат на некое загушливо место, каде шминката ќе им се размачка во првиот пола саат, нема да можат асален муабет да напраат, ама битно ќе ги сликаат од кадевечер и останати такви кретенски сајтови, колку да се рече дека биле во Колосеум/Хард Рок/Наведи фенси место тука.
 
Излегувам за да се посмеам, повеселам, видам со пријателите, да утепам некој саат, евентуално да пивнам нешто, се со цел фино да ми помине времето. Одам на разни места, најчесто кај што сакам, а некогаш кај што ме одвлечкале, зашто мнозинството така сакало. Поради тоа имам отидено и на места кај што не сум сакала да одам.
На журки не одам, многу ретко, ако ете - ме одвлечкаат. Не сакам, а не ми се мотаат и нешто многу пари по џебовиве, па да ги фрлам кај стигнам. Плус, не ми се свиѓа атмосферата таму. Самонаречерните исфурани клабери и клаберки ме гушат. Само на статуси на мсн уште од пред месец дена ми ја отекоа дека ќе дошол Ван Бурен, на пример. Не сакам да сум опкружена со такви луѓе. Ако музиката ти прави задоволство, уживај во неа, не мора цел свет да знае дека ќе бидете „топ комбинација“ и дека ќе се начукате и дека ќе биде „најјако“, за утредента веќе да осамне и таков албум на Фејсбук.:uvo:
Журки љубам кога се на плажа, а вака „на суво“ најчесто сакам да одам свирки. Таму, ако ми е убаво, ни гужва не може да ме онерасположи... И така тоа... =)
 
Журки љубам кога се на плажа, а вака „на суво“ најчесто сакам да одам свирки. Таму, ако ми е убаво, ни гужва не може да ме онерасположи... И така тоа... =)


Е да си ми жива сестро... :)))

Има ли нешто поубаво од свирка?

Не мораш да се дотеруваш, не мораш да се замараш со тоа кој и зошто е околу тебе... едноставно си земаш едно пиво и целосно се опушташ со музиката. Најдобро потрошено време е свирка. Јас за тоа излагам, за добро да си го потрошам времето... дали ќе видам некого, дали ќе ме види некој сето тоа е попатно :)))
 
Одам за да си поминам јас убаво. Фармерки, патики, маица и сегде поминувам. Се скапав чудејќи кога видов во Кастро на рап свирка натокмени фуфици на штикли. Тоа е жив пример за девојче што оди да биде видено.
 
Сигурно некој ќе одговори - да ме видат хехе
Искачам зашто сакам убаво да си поминам и да се забавувам, играм, опуштам и видам со луѓе што си ги сакам и кои ги немам видено. Ако некој исчача да биде виден тоа одма се приметува по однесувањето на истиот.
 
Се разбира дека излегувам за да си поминам убаво каде и да одам ...
 
излегувам да си поминам убаво, што е можно поубаво. ич не ми е гајле дали ќе ме видат или не, или кој ќе ме види што ќе ме види. јас си излегувам мене да ми е убаво. и не познавам некој дека излегува да го видат, тоа е стварно глупост
 
излегувам за да си поминам убаво, а не за да ме види некој у последно врееме ама баш ич не ми е гајле кој што како рекол ..си фурам ко шо сакам и правам шо сакам за мене да ми биде убаво :)
 
Излегувам за да си поминам убаво да си се изнаиграм, да си слушам добра музика да си бидам во пријатно друштво едноставно да си уживам.Да си ги извидам тие што сакам да ги видам да си направам некој ред муабет и така да ми пројде вечерта.
 
во места како Картел,Колосеум,ХардРок,Тренд,кафулињата на кеј,Македонија,кафулиња поред улица од една страна а до нив одма се слуша бучава од работењето на мајсторите(Броз,Карма,дел од кафулињата до Дебар Мало) СЕ ИЗЛАГА за да НЕКОЈ БИДЕ ВИДЕН!!а тоа е околу 70% ос младинте кои излагаат во Скопјево???
-Колосеум- имаше порано добри техно журки,но последно време се поголем број на луѓе што идат,само шетаат по дискотеката,ич ку.. не ги боли за музикта,ДЈот,не гледаат да направат добра атмосфера за да дојде пак тој ДЈ,ЕДНОСТАВНО сакаа само да бидат видени,и после од нив произлегуваат мислењата од типот на Журката беше срање,имаше мн гужва,се било издрогирано итн
-ХардРок исти курац,но само во рап верзија,едино во оваа дискотека е тоа што има повеќе луѓе кои се журкаат на рап изведувачите отколку што има "шетачи",
-Картел,не можам многу да зборам за ова место,зашто многу ми е селјачко,на некој начин добро е тоа што не се плаќа влез и што цела турбо-фолк,селјачка и курвинска раја е собрана
-Тренд најпоштено си тера шема како најелитно место,почнаа да прават секој ден одредена забава/журка,но фаците што идат таму,повеќето се отидени да бидат дел од таа шема отколку да уживаат во добрите сетови и миксови на ДЈ што ја прават забавата
-Кафулиња на Кеј-многу добро место за лаф муабетсо друштво,едино што ме нервира е тоа лимовите што ги поставија и се загради погледот кон Вардар,но и многу високите цени што ги има,но тоа на некој начин е Ок,нешто во стилот на другите Европски градови,за да пиеш кафе во центарот ќе платиш малку солено,
-Кафулиња на Македонија се идеално место да те видат
-Кафулиња во дебар мало-не ми е јасно како можеш да седиш на улица каде што има прашина и бушава од коли и автобуси,слушање на бурмашини од околните згради кои се прават, и на најсмирен начин да си водиш лаф муабет......поубаво ќе отидам во,кафулињата кај млечен,Бисер,Матка,Ергела итн за да си направам релаксиран и убав муабет отколку таму да седам
-кафани- не можам за нив да зборам многу зашто таму 100% не идеш за да бидеш виден,туку да се начукаш
-Кастро,Хавана,Миднајт,Маракана се Ок клубчиња каде што пред се идеш за добра журка/провод и свирка отколку да БИДЕШ ВИДЕН
толку од мене:helou:
 
Јас на улица израснав, не излегувам за да ме видат или да видам некој, едноставно навикнат сум ден да го поминувам надвор од дома, таква ми е работата, што имам милион колеги, кој по кафулиња, кафичи, дискотеки работи, чисто од култура од поштовање поминувам на кафе, да го одрзам комуникацискиот однос, навечер не правам забави искацање, и пијанчење, бидејќи преку ташак ми е од тоа, и така секоја вечер работам во диско, и све сум прошол и сито и решето. а ќе бидам искрен да искачам на кеј и ул, Македонија на кафе, за да си ги видам луѓето со кој контактирам постојано, не сум од оние луѓе што се навикнати дома да пијат кафе, јас на улица пола зивот го поминав, па дали сум низ центар на поминување или цел ден исто ми е, а фактот дека има персони машки/ зенски кој се тип топ средени од глава до пети и се на кафе само за да бидат видени на прсти немозеш да ги изброиш, поготово преку ден на штикла 12ска, ми е смешно, како ќе ми пр*не така искачам, дали сум се дотерал или не е мој проблем, и дали ме видел некој или не па ич не се замарам..:helou:
 
Мразам гужви, па затоа ретко одам на некои побитни дешавки. Преферирам провод со луѓе со кои можам да направаат муабет, да се насмеам итн, а не да бидам исфотката од каде вечер или по ѕид да закачам карти од концерти на музичари од од кои 5 песни само ми прават мерак, ал битно не сум го пропуштила збиднувањето на годината и сите ќе видат што сум посетила. Woo-Hoo!

А за оние кои одат само поради светската слава на тој што настапува... нека ги трошат парите помудро, пошто после 5 минути од фалењето сите ќе заборават дека биле на Сантана во ВИП делот и му го фатиле левото колено и капка негова пот им капнала на чело.:toe:
 
Не излегувам за да видам некој посебен, а уште помалку за да бидам видена.Тој/таа што сака да ме види ќе ми се јави и ќе договориме кафе и слично, истото важи и за мене ако сакам јас некој да видам.
Искачам за да си поминам убаво, искачам за да разговарам на разни теми, да создавам нови пријателства, да се забавувам, па макар тоа да значи и една прошетка.
Ако сакам да играм и шизнам, ќе искочам во дискотека каде што пуштаат музика по мој вкус, не за да бидам фотографирана или да се фалам дека сум била на тој и тој настан.
Стрикно еве и пример, многу познати диџеи доаѓаат летово во Македонија, скоро сите млади ќе се испотепаат за да присуствуваат на сите тие журки.Океј, можеби затоа што навистина сакаат да ги слушнат и им се идоли, но тврдам дека барем 50% идат колку подоцна да се фалат, еј јас бев на Придз, јас бев на Дип Диш и слично.
Конректно за мене, еве иде журката на Армин Ван Бурен.Ќе идам затоа што сакам да го слушнам човекот во живо, да се изнаскокам и да си поминам одлично, не потоа да се фалам или да отидам за да бидам видена на тој настан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom