Во денови со вишок енергија одам по кафиња, ги малтретирам комшичињата, слушам музика, гледам филмови. Во последно време почнувам да цртам некои парчиња облека кои сакам да ги имам...
Кога имам вишок енергија,не седам дома тоа сигурно.
Обично идам на кафе и зборам како навиена,тешко човек да ме сопре.
Или пеам и играм.(иако тоа не е баш подносливо за ушите на другите )
Уфф ја таква сум и морам да се издувам на секој пола саат , што да праам ? хах, кога сум у школо , професорите ме пуштаат да се прошетам низ училница а кога сум дома идам на балкон и гледам накај крстот и најчесто онака си се ослободувам психички од сите проблеми и многи ми е убаво
Претпочитам да излезам и да се прошетам во моментите кога имам вишок енергија или да најдам некое друштво, што не го гледам секој ден и да испијам некое кафе. Ако не го бива тоа, пуштам музика во соба и цртам или пишувам (или си пеам без врска). Иако ретко се случува да имам вишок енерија во последно време.
Излагам надвор и заборавам да се вратам...најчесто трчам или пешачам со музиче додека не папсам...најубаво ми доаѓа,после туш и како бебенце си...ах лето
Не сум по спортот значи ништо не вежбам,туку кога имам вишок енергија ги замарам сите оклу мене,не прекинувам да зборам,играм,закачам едноставно ме "фаќаат будалите".
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.