Ќе треба да одбирам некоја релација тука во МК, надвор не пуштаат тенеќиња,
то само ти се присторува, не е баш така.
а и не ми се верва дека ќе го качи Плетвар.
Плетвар... try to beat that
Мајтапот на страна, убав е Мерцедесот твој за ќеф, за шминкање. Ама не ми се верва дека би тргнал со фамилијата некаде подалеку, пример до Хрватска на море.
Мајтапот со шминкањето не ти го сфаќам. Инаку, моментално стојам на лоши гуми, стари се баеги. Да ставам 4 нови, би тргнал и до Хрватска на море. Под услов да не се жалат на недостатокот на клима.
За споредбата на Фабија 2007 и Ауди А4 1997 - јас лично многу гледам до годината на прозводство. Никогаш не би го зел Аудито, па каков шо сака нека има мотор...
Фабиата е малишан, градски. А4-ката шо ја имам јас (потенцирам караван) пример еве шо се деси лани: тргнав на одмор со шатор (читај, шатор со 2 соби + ходник + балдахин, мини фрижидерче, боца плинска, 5 вреќи за спиење, алишта) + 5 души. Пробај само шаторот да го сместиш во Фабиата (ако ме цитираш со муабет дека ти си господин и дека се возиш в кола со торба 20х20 багаж ќе те бришам одма ти кажвам пред време

). Или еве ти друг пример: имам клаено држачи за скии на кола, в кола 5 души + чизми, штеки, секој по 1 ранец глупости за преслеквање + јадење. И тоа неможиш никако да го сместиш во Фабиа. Така да не е само 2007-ката пресудна во случајот, мада на таквите како тебе му значи многу. Познавам баеги луѓе шо ко ќе кажам дека Аудито не е над 2000-та прат фаци. Мене годината не ми игра апсолутно никаква улога се додека возилото ми е од некаква корист, Фабиа во мојот случај не ми брка работа (а такви случаи има уште миљарда, само фрлам в караван работите и не се мислам дали ги бери). Уште еден пример: немав возачка во то време и се возев назад, пред едно 12-15 години имавме комбе фичо. Грдо, бавно, брчеше како хеликоптер ама ја направивме цела куќа (колку тули и цименто пренеси и само незнај) и го продадовме 1800 марки. Чоеко шо го зеде и ден денес го вози (го познавам по регистрацијата).
Муабето ми е секој со идејата и потребата шо ја има, такво си купува и возило. Како што ти бараш понова година, јас барам практично решение
п.с. Мерцедесот ми е практично решение за намалување на манијачењето по коли на нет и потрошеното време пред п.ц. Пошо е 99% комплет, се думам да зеам уште еден
