Иванов: Македонија напредува во исполнувањето на Милениумските цели

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Овој дел со инвестициите ми е некако симптоматичен. На страна странските инвестиции кои поголем дел се покажаа обична пљачка од странски лопови (вклучувајќи и Свидмилк, поврзани со нивната влада)...дали не е можно, за да се одржува постојан притисок врз името и сиромаштијата на населението (за да потклекне под сиромаштијата и да го смени мислењето и резигнираноста за промена на името), дали не е можно сето ова да е организирано/планирано од повисоки (ЕУ) инстанци? Поготово што добар дел од ЕУ членките (или нивните претставници) се ЗА да промена на нашето име. Можеби параноја, но гледајќи ги колку "не почитуваат", не е мисла за отфрлање.

Кога на сето ова ќе се додаде дека приватизацијата (каде беа вмешани и странски чинители), ембаргата, притисоците од сите видови, конфликтите каде се умешани одредени лица...сето тоа не поминува без европски (или американски, не сум сигурен) амин...не знам дали и економските состојби не се производ на нечија уценувачка политика кон нас.

Се согласувам со тебе, можеби е така.
Но на пример да е така, тогаш зошто ние не им покажуваме на западните инвеститори дека секој ден губат пари затоа што немаат фабрики во Македонија.
Верувај профитот ќе им е посладок од гејските фустрации. :)

Ама ако е така...
 
Гаф. Најголемиот инвеститор во Мк ни го кочел економскиот развој.
 
Добар говор, кому смета Сител, еве и од Канал 5
Кому смета канал 5...па нека чита Шпиц и острилка :)

Говор кој патем го слуша светот за разлика од тет а тет и билатералните средби.
Овој дел со инвестициите ми е некако симптоматичен. На страна странските инвестиции кои поголем дел се покажаа обична пљачка од странски лопови (вклучувајќи и Свидмилк, поврзани со нивната влада)...дали не е можно, за да се одржува постојан притисок врз името и сиромаштијата на населението (за да потклекне под сиромаштијата и да го смени мислењето и резигнираноста за промена на името), дали не е можно сето ова да е организирано/планирано од повисоки (ЕУ) инстанци? Поготово што добар дел од ЕУ членките (или нивните претставници) се ЗА да промена на нашето име. Можеби параноја, но гледајќи ги колку "не почитуваат", не е мисла за отфрлање.

Кога на сето ова ќе се додаде дека приватизацијата (каде беа вмешани и странски чинители), ембаргата, притисоците од сите видови, конфликтите каде се умешани одредени лица...сето тоа не поминува без европски (или американски, не сум сигурен) амин...не знам дали и економските состојби не се производ на нечија уценувачка политика кон нас.

Па само ќоравиве Македонци неможат да го видат тоа.Најголем процент од земјите што не не признаваат под уставното име се членки на ЕУ.А ние како коњи ќе тераме сојуз со тие што не ни го признаваат постоењето.Ова се поважните - Англија,Германија,Италија,Шпанија и секако проститутката франција.

--- надополнето ---

Гаф. Најголемиот инвеститор во Мк ни го кочел економскиот развој.

Па ако Русија инвестира во Црна Гора не значи дека може да прави што сака со неа.Секако ќе инвестираат грците со туѓи пари (од европските фондови).Нашиве гомнари им ги продадоа фирмите како Окта за џабе и сега треба јас да им бидам благодарен на грците што инвестирале во Македонија?Поголемите инвестиции како Окта и Прилепски мермер беа само купување фирми за евтини пари и чист профит.Да не изградиле некоја фабрика кај нас?Од 2004 па наваму секоја година се намалуваат грчките инвестиции во МК,а сега со грчката криза и нагло почнаа од Космофон.
 
Преговорите во Њујорк доживеаа колапс, сметаат експертите

За да не отварам нова тема во продолжение на оваа еве ги денешните вести!

Со последните њујоршки средби преговорите за името доживеа вистински колапс.

nimic_29573.jpg
Паушалните изјави на Нимиц за засилен дијалог, наспроти реафирмирањето на црвените линии од страна на Скопје и Атина, ги отворија картите дека спорот со името се движи во ќорсокак, каде и медијаторот ја губи контролата.
- Мислам дека тие средби се за да и се покаже на јавноста дека нешто се движи дека нешто ново може да се случи, а во принцип напредок нема. Грчката позиција е крајно радикална, и грчките политичари и дипломати многу добро знаат дека тоа што тие го бараат тешко ќе се прифати во Македонија - смета Јоргос Пападакис, аналитичар.
- Она што се случи во њујорк не неочекувано, ниту изненадувачки за сите нас. Ги знеме грчките ставцови, така да најверојатно ли ке почекаме некои нови иницијативи или олабавување на грчкиот став. Додека тоа не го добиеме ние не може да продолжиме со преговорите, или пак да ги прекинеме - изјав Јован Донев од ”Евробалкан”.
Посилниот не попушта, а македонската Влада децидно се изјасни дека не се откажува од членство во ЕУ и НАТО. Алтернативни патишта без решение на спорот, според аналитичарите не постојат.
- Алтернативи нема, тоа најдобро го кажа еврокомесарот Фуле. Не сум уверен дека Грција сака искрено да се реши спорот, а од друга страна најголема штета трпи Македонија - вели Јоргос Пападакис, аналитичар.
- Премиерот Груевски излезе со некои идеи за евентулано изнаоѓање на алтернативни решенија. Меѓутоа крај на светот не е ако не влеземе во ЕУ и НАТО. Во крајна линија ние немаме рокови. Сами си ги посатвуваме и сами го правиме тоа што сакаме да го напаравиме во државата за да имаме подобро утре - смета Јован Донев,”Евробалкан”.
Времето покажа дека меѓународен притисок или не постои или нема ефект.
Брисел ја истроши енергијата, а САД после Косово повеќе нема интерес на Балканот. Сепак според истражувањата евроатланската изолираност на Македонија , освен како мотив за меѓупартиски препукувања , реално не се одразува на внатрешен план. Граѓаните се изјаснија дека името нема да го жртвуваат за членство во ЕУ и НАТО.

Извор: Сител ТВ

--- надополнето ---

Шефот на македонската дипломатијата изјави – “Не е принципиелно поради еден ирационален грчки спор, на Република Македонија да и се дозволува да го брани НАТО кампот, а во исто време, да не и биде дозволено да спие во НАТО шаторот.”

374-milososki_29541.jpg
Скопје и Атина брзо да се договорат за заеднички прифатливо решение за името - ова е пораката на американскиот потпретседател Џо Бајден по средбата со грчкиот премиер Папандреу.
Проблемот со името бил една од темите на синоќешната тет-а-тет средба со вториот човек на САД.
Индиректно, ставот на Вашингтон го пренесе и Даниел Сервер од Американскиот институт за мир.
Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, Сервер не убедува дека Македонија, Македонците и македонскиот јазик нема да исчезнат поради како што вели - “Неколку збора на хартија...”
“Во Уставот е наречена Соединетите Американски Држави, но некои ја нарекуваат Америка, некои Соединетите Држави, некои пак се противат што се нарекува Америка – сето тоа мене не ми значи многу. Во мојот начин на размислување, ниту едно парче хартија не одредува дали постои Македонија, дали постојат Македонци, дали постои македонски јазик. Сите тие постојат и нема да исчезнат поради неколку збора на парче хартија. Мислам дека Македонците мора да имаат повеќе самодоверба”.
И додека Сервер ни препорачува поголема самодоверба, истовремено признавајќи дека притисокот на САД врз Грција е премал, негира и дека е дел од фамозниот американски тим кој задкулисно бара решение за името - кое ќе му биде директно доставено на Нимиц.
Паралелно со Сервер, во Њујорк се обрати и министерот Милошоски. На работната Трансатлантска вечера на министри од земјите членки на НАТО и ЕУ, на кои Хилари Клинтон ги покани и Макеоднија и Швајцарија, шефот на дипломатијата изјави – “Не е принципиелно поради еден ирационален грчки спор, на Република Македонија да и се дозволува да го брани НАТО кампот, а во исто време, да не и биде дозволено да спие во НАТО шаторот.”


Извор: Сител ТВ

--- надополнето ---

Спорот за името била една од темите за кои синоќа во Вашингтон разговараа старите пријатели, грчкиот премиер Јоргос Папандреу и американскиот потпретседател Бајден.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу по средбата изјави дека во разговорот со Бајден биле отворени прашањата за економската криза, Блискиот Исток , проблемот со Кипар како и проблемот со името меѓу Македонија и Грција.

Според соопштението на Белата куќа, потпретседателот Џозеф Бајден ја нагласил потребата за брзо решавање на проблемот меѓу двете земји.

„Потпретседателот Бајден ја нагласи потребата лидерите на Атина и Скопје брзо да се договорат за заедничко прифатливо решение за надминување на разликите околу проблемот со името”, се вели во соопштението од Белата Куќа.

Папандреу во Вашингтон се среќава и со членови на американскиот Конгрес

Извор: Канал 5 ТВ
 
Убаво кажано, само така и никакво попуштање...може понекогаш вода да им се пуште, па да се лизнат малку и ништо повеќе од тоа.
Требало дури и поостро да реагира нашиот претседател.

Поостро да реагира?
На кого? Мислиш некој го слушал, мислиш некој пет пари давал и ќе дава за тоа што Иванов има да каже?
Говорите на претедателите се пишувано во нивните кабинети од страна на советниците (во случајот на Иванов од кабинетот на Груевски), претедателите се марионети, не очекувај ништо од нив, можат само да зборуваат и блаботаат, никаков ефект немаат врз иднината на оваа земја, посебно кога ќе им се земат од малкуте ингеренции што им останаа.
 
Поостро да реагира?
На кого? Мислиш некој го слушал, мислиш некој пет пари давал и ќе дава за тоа што Иванов има да каже?
Говорите на претедателите се пишувано во нивните кабинети од страна на советниците (во случајот на Иванов од кабинетот на Груевски), претедателите се марионети, не очекувај ништо од нив, можат само да зборуваат и блаботаат, никаков ефект немаат врз иднината на оваа земја, посебно кога ќе им се земат од малкуте ингеренции што им останаа.

Ејј благодарам што ми кажа, стварно не знаев.:nesvest:
 
Иванов: Медиумите создаваат поинаква реалност

Сафет Бишевац Коментари (1)
prazno.gif
prazno.gif
26.09.2010 16:42
intervju-ivanov.jpg

Претседателе го продолживте престојот во Њујорк за да ја одработите агендата предвидена за премиерот Груевски. Побаравте средба со грчкиот премиер Папандреу, говоревте предмалку во ОН.
Вие го пишувавте говорот или го читавте говорот што требаше да го каже премиерот Груевски?
-Да ви одговорам на последново - во принцип никој пат не читам туѓи говори, говорот го пишувавме тука со моите советници, на лице место, на основа на тоа што го имавме и како искуство од минатата година.
-Вообичаено и во последно време има многу такви навредливи прашања во македонските медиуми, има многу лаги, многу инсинуации, што се не се случува.
-Би сакал јавно да им порачам на сите тие душегрижници, сето тоа не допира до мене, јас сум се посветил на она за кое добив доверба од граѓаните, да го правам сето она што е во интерес на оваа држава.
Рековте дека медиумите создаваат една поинаква реалност, тоа подразбира дека другата реалност е она што вие треба да ја создавате и она што вие велите дека е така. Сега велите дека Македонија нема проблем, дека ЕУ има проблем со тоа?
-Не, членка на Унијата, да бидеме појасни.
Да бидеме до крај чесни, ние имаме проблем.
-Трпиме ние поради проблемот што ја има една членка на Унијата со нас, да бидеме попрецизни.
Мислите дека Унијата толку ќе води грижа за нас, што трпиме проблем или ќе ги гледа своите интереси и интересите на земја-членка?
-Веќе се менуваат состојбите и во самата Унија. Се погласни се критиките кон однесувањето на една нејзина членка, гледате веќе откажуваат послушност одредени членки кои требаше да исполнат обврски кон таа земја. Веќе и таму не се состојбите како што биле порано.
-Живееме во свет во кој има динамика, не може статус кво состојба да се одржува, се менуваат состојбите. Тука треба да биде јасна ситуацијата.
-Други се одредени позиции на одредени субјекти кои сакаат да наметнат дека е наша вината. Со што сме направиле ние да се доведеме во ваква состојба, во која сме. Замислете да попуштиме и да го прифатиме она што го бара другата страна. Никој пат таа листа нема да биде затворена.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=127927

Od den na den se poveke go pocituvam pretsedatelot Ivanov...Odlicna rabota zavrsi vo New York a poleka i domasnite dusmani gi pravi smesni, kako naprimer onie "eksperti" od postot pogore koi tvrdea deka Makedonija dozivea poraz vo New York...
 
Па не знам што требаше Иванов да стори. Да ги киднапира факторите, прилепи до ѕид и уценува? Се што може се прави...неколкупати на слични собири му се претставува на светот вистината за уцената врз Македонија, притисоците и манипулациите од соседите. Прашањето е што другите (ОН и другите фактори) имаат сторено освен што не удираат по раме и велат -ние ве поддржуваме, вие имате право. Добро е што сеуште се со цврсти позиции/изјави во однос на ова прашање -и владата и претседателот.
 
Ivanov kako lichnost i karakter e fantasticen...go imam slushano mnogu odamna pred da stane pretsedatel...e sega sto taka nabrzina i nepodgotven go predlozija za kandidat toa e drugo...
izvinete za latinicava
 
Ivanov kako lichnost i karakter e fantasticen...go imam slushano mnogu odamna pred da stane pretsedatel...e sega sto taka nabrzina i nepodgotven go predlozija za kandidat toa e drugo...
izvinete za latinicava

Tocno e deka na pocetokot deluvase zbunet , pa duri i sega mu se slucuva...No so tek na vremeto vleguva vo sema i sto e najvazno na povrsina izleguva negovoto znaenje a toa mnogu se ceni vo razvienite drzavi...pa taka i negoviot zbor koj sekogas e podkrepen so inzvoredno poznavanje na sustinata na problemite za koj zboruva , vredi mnogu poveke odkolku papagalsko povtoruvanje na onaa sto e napisano od sovetnicite...
A najdobra potvrda na toa e deka Ivanov vtoriot govor go pripremil zaedno so sovetnicte i toa za vreme na prestojot..A toa e mnogu golema prednost zatoa sto neprijatelot (vo slucajot Gejland) nikogas nemoze da te iznenadi...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom