Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога слаткиов дебелко ќе поддржи некого одма знам дека се работи за штетник. Ќе прашате како знам?
А исто и

Воопшто нема ни да те (за)прашаме..оти и нам ни е однапред (скоро) се јасно..како бел ден...

:pos2:
 
Професор, со докторат за политички науки??? Пицо бе... :pos2:

Еееееееј стварно беее ете гледаш и тој ни бил учен бе.:pos::pos::pos:хаха

колку ги има такви со лопата да ги ринеш

Зборот ми беше за ВО политика


И јас гледам фудбал ама не сум фудбалер!
 
ФАКИНГ ДЕЖА ВУ! Истиов муабет, ама буквало истиов го имам слушано и читано многу пати! И сега ми текна за кого - Бране, државникот наш. Само што сега не е државник туку е дипломат. Ох, отидовме колективно на едно место... Нема да кажам каде, погодете си:)
p.s. У, морбидно у пм! Веќе си ги визуелизирам и постерите, и песната можам да ја замислам.. :)

грешиш девојко, разликата меѓу др. керим и бране е како небо и земја, или како кавијар и ослич, или како хамбургер и fillet mignon или како балтик водка и smirnoff
 
грешиш девојко, разликата меѓу др. керим и бране е како небо и земја, или како кавијар и ослич, или како хамбургер и fillet mignon или како балтик водка и smirnoff


Ми се свиѓа последнава компарација. Точно, едното е можда поскапо, пофенси, повеќе се цени... Ама на крајот двете се сведуваат на истото. Истото ѓубре го продаваат во две различни амбалажи. После литар Смирноф не земам никаква друга водка зошто јасно ќе ми е дека пак ќе сум мамурна и никаква. Така, после неколку години со Државникот, не го гласам Дипломатот. Макар и Др. кратенката пред името на овој да би стоела...
 
За Иванов, партиски чист. Мислам дека никогаш немал мислење за кое не бил во право многу добар професор и мислам прав избор. Иванов е човек со свои ставови и многу образуван мислам дека тешко ќе се влијае врз него. ПЛУС КОНЕЧНО МАКЕДОНЕЦ!!! Ако не го кандидераат Иванов за Керим за кого имав намера да гласам мислам дека досега беше најподготвуван за оваа функција. Бошковски никако, треба да си стане министер за внатреешни и крај. Воопшто не ми се допаѓа неговото мешање во политика, а уште помалку менувањето на ставовите се за една цел да се биде во таа фотеља. Јас не сум член на партија и мислам дека најголемата грешка беше до сега што се бираа партиски членови.
 
дајте пишувајте сите на оваа тема, 10 теми ли ќе отвараме за еден кандидат, една кукла и еден кловн
Дечково е гение.
Подобра и пократка дефиниција никој не дал.
ШАМПИОНЕ !!! :back:
Керим-кандидат
кукла-Иванов
кловн-Љубе
 
Овие што мрчат што постојано бараат нешто ново, да се кладиме и Исус да се симне да каже јас ќе ве водам дека ќе плукнете на него ?
Аманте со тие нови опции, створи ја, биди ти новата опција.

Сум имал прилика на неколку пати да го слушнам Иванов и ми се допаѓа по начинот на кој размислува, едноставноста на решавањето на проблемот и патриотизмот кој е постојан и не е од маркетиншка природа.

Имам големи симпатии за Љубе Бошковски тој е наш голем Македонец, патриот, но мислам дека ова време не е погодно за негова кандитура.
Во некои идни времиња, да.

За Керим, јас луѓето ги ценам по делата кон својата татковина.
Мислам дека Керим не ја искористи позицијата во ООН за да ја афирмира Македонија.
Можда грешам, можда не знам се, но ете има време, ќе дознаеме повеќе работи за секого.
И неговаата позиција во деловниот свет, не ми дава сигнали дека прави нешто посебно за Македонија и Македонците.
Напротив, еден нов весник како што е Нова Македонија денеска има многу поголема улога во афирмацијата на здравата македонска национална мисла, одколку сите тие весници на ВАЦ.
 
Керим-кандидат

На Керим повеќе му одговара Консултант...неговото удбашко име

По осамостојувањето на Македонија не се враќа на повикот на владата да помогне. Од 103 Македонци во тогашниот ССНР (Сојузниот секретаријат за надворешни работи) во Македонија се враќаат само 23. Истовремено, Керим преку кругови во „Генекс“ (во поранешна СФРЈ, фирма на сојузната УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство) се вдомува во Париз, во фирмата „Копешим“ на босанскиот Србин Борис Вукобрат, доверлив човек на Слободан Милошевиќ. Вукобрат во тоа време ја турка идејата на Милошевиќ и тајната полиција за обнова на Југославија по некаков кантонален принцип од триесетина кантони.


Македонец да гласа за Керим??? Е тогаш навистина Македонецот не заслужува држава...
 
На Керим повеќе му одговара Консултант...

Македонец да гласа за Керим??? Е тогаш навистина Македонецот не заслужува држава...
Македонија ќе го изгласа Керим.
И тоа ќе биде почетокот на крајот на фашистите од дпбне. :wink:
 
На Керим повеќе му одговара Консултант...неговото удбашко име

По осамостојувањето на Македонија не се враќа на повикот на владата да помогне. Од 103 Македонци во тогашниот ССНР (Сојузниот секретаријат за надворешни работи) во Македонија се враќаат само 23. Истовремено, Керим преку кругови во „Генекс“ (во поранешна СФРЈ, фирма на сојузната УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство) се вдомува во Париз, во фирмата „Копешим“ на босанскиот Србин Борис Вукобрат, доверлив човек на Слободан Милошевиќ. Вукобрат во тоа време ја турка идејата на Милошевиќ и тајната полиција за обнова на Југославија по некаков кантонален принцип од триесетина кантони.


Македонец да гласа за Керим??? Е тогаш навистина Македонецот не заслужува држава...


Е по ова горенаведеново кој знае дали ке гласам за него:toe:
Ова стварно не вреди:nenene:
 
Ја потценуваш силата на растечкиот здрав македонски интелектуален потенцијал кој е отпорен на перачи на мозок, фабриканти и остала помагала на странските интереси.
Керим нема да биде претседател.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom