Иванов го разреши Димовски, нов директор на Агенцијата за разузнавање е А. Боцинов

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Иванов го разреши Димовски, нов директор на Агенцијата за разузнавање е Александар Боцинов
image1.jsp
Скопjе, 9 јуни (МИА)
- Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го разреши Виктор Димовски од функцијата директор на Агенцијата за разузнавање, а на негово место го именуваше Александар Боцинов, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Димовски беше прв човек на Агенцијата од септември 2007. Беше именуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски како наследник на дотогашниот директор Кире Наумов кој поднесе оставка на функцијата. Димовски на десетиот вонреден конгрес на СДСМ, што се одржа викендот во Охрид стана член на Централниот одбор на партијата.
Новиот директор на Агенцијата за разузнавње Александар Боцинов досега работеше во Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Тој е син на поранешниот началник на Генералштабот на АРМ генерал - полковник Драгољуб Боцинов. ев/11:25

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=65281663&lId=1
 
Па како тоа го сменил??!?! Ете - партизацијааааа :pos2:
А овој Боцинов е член на ВМРО-ДПМНЕ?

Размонтирувањето на структурите на Б.Ц. е во завршна фаза.

Остана уште една институција.
 
Не дека не е ова очекувано или невообичаено ама... ќе дојде ли ден кога нема сите директори и личности на јавни функции да се менуваат како што се менува власта туку според нивните (не)заслуги?
 
е не бе .. ќе остане тој истиот ем директор на Агенција за разузнавање ем у ЦО на сдсм .. :tapp::tapp: ...

Димовски на десетиот вонреден конгрес на СДСМ, што се одржа викендот во Охрид стана член на Централниот одбор на партијата.

Ова докажува само дека бил послушен партиски војник на сдсм :toe:
а пази функција директор на агенција на разузнување ...
се гледа дека вршел работи значајни за партијата а НЕ за државата .. штом дал оставка трчајќи кон местото во ЦО :tapp:
 
Александар Боцинов,да се надеваме дека нема “одлични перформанси“ како таткото Драгољуб,кој беше единствениот адмирал во светот што ја предаде својата флота, која всушност го создаде и го постави на тоа место.Си велам дека е само случајност со припремите за “разумен компромис“,или го собраа од улица?:toe:
 
Димовски на десетиот вонреден конгрес на СДСМ, што се одржа викендот во Охрид стана член на Централниот одбор на партијата.

Независен беше.
 
Александар Боцинов,да се надеваме дека нема “одлични перформанси“ како таткото Драгољуб,кој беше единствениот адмирал во светот што ја предаде својата флота, која всушност го создаде и го постави на тоа место.Си велам дека е само случајност со припремите за “разумен компромис“,или го собраа од улица?:toe:
Затоа се смеев. :)
Али тоа депебене-овците се све јунак до јунака,
кога објаснуваат со некоја чаша ракија и поготово со добра салата!
:pos2:
 
Претседателот на Република Македонија го назначува директорот на агенцијата за разузнавање, што тука не е јасно. и да не го избраа во ЦО и што и да беше господинот ќе беше разрешен.
Претседателот врз овие две институции, АРМ и агенцијата за разузнавање, има потполна контрола и преку таа контрола ја практикува моќта која што сме му ја доделиле на избори. Што е тука спорно? И, кој ви е тој маскираниот?
Никој не бара од директорот на агенцијата за разузнавање да биде независен, и што точно значи тој термин [ молам некој да ми објасни ].
А ти другарче продолжи да си се смееш
 
Иванов го разреши Димовски, нов директор на Агенцијата за разузнавање е Александар Боцинов
image1.jsp
Скопjе, 9 јуни (МИА)
- Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го разреши Виктор Димовски од функцијата директор на Агенцијата за разузнавање, а на негово место го именуваше Александар Боцинов, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Димовски беше прв човек на Агенцијата од септември 2007. Беше именуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски како наследник на дотогашниот директор Кире Наумов кој поднесе оставка на функцијата. Димовски на десетиот вонреден конгрес на СДСМ, што се одржа викендот во Охрид стана член на Централниот одбор на партијата.
Новиот директор на Агенцијата за разузнавње Александар Боцинов досега работеше во Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Тој е син на поранешниот началник на Генералштабот на АРМ генерал - полковник Драгољуб Боцинов. ев/11:25

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=65281663&lId=1

A ovoj go unapredile za dobro obavjen posao! :salut:
Otvori se zemjo, goltni me! :kesa:
 
Мијалков,Боцинов,.....се “ежам“ кога ќе слушнам вакви УДБАШКИ презимиња во службата,ама што да се прави кога сето тоа е само случајно.:toe:
 
малку почит ако може ако не здравје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom