Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Ами како ќе расчистиме со старите УДБА-ОЗНА структури,ако ако ги преферираме нивните деца на истите нивни поранешни функции?Или воопшто не сакаме да расчистуваме?Во што е штосот сега?Јас мислам дека треба за секое вработување во безбедносните служби во државава,основен предуслов да биде фамилијарна припадност кон старите разузнавачко-безбедносни структури на родителите од оние кој ќе се вработуваат,без разлика на партијската припадност.Само така Македонија засекогаш ќе остане Југословенска Република Македонија,никако поинаку.![]()
Мислам дека Боцинов-таткото беше Адмирал во поморските сили на ЈНА. Па Боцинов-синот по инерција не треба да биде „адмирал на поморската флота“ на АРМ.
Реков претседателот му дава шанса, а тој нека расчисти и нека службата ја постави на здрави нозе. Ни една работа во Македонија не оди лесно затоа што постојано некој некого уште на стартот деградира. Или упорно се сака уште на стартот да му се девалвира работата , за да секој превземен чекор од негова страна се окарактеризира како партиски или незнам каков, а со самото тоа смислено или не уште пред време да му се залепи етикета дека се што прави прави лошо, а не со желба работите да тргнат онака како што посакуваме. Трпението не напушта тогаш кога најмногу треба трпение, а трпиме тогаш кога најмалку ни треба трпение, ете во тоа е нашиот хендикеп.