Иван, Фросе те сака!

  • Креатор на темата Креатор на темата Froxy
  • Време на започнување Време на започнување
Леле само колку е најпрепреубо.:rolleyes: Слаткичко.
Со среќа проектов, баш им пишав меил на пријатели од Блиски Исток, Камбоџа и Непал па мојт и да се нафатат да ти свршат работа.
 
А да си направиш една екипа од Кајгана, од момциве/девојките овде секој да извежба да го каже тоа на некој јазик па ти за возврат по едно пиво да ги частиш?Ќе се снимат по дома и кој ќе ти примети разлика. :D
Ја мислам одлична ми е идеава. :icon_lol:
 
Јас на француски, англиски, германски и шпански можам. Да не сум се иста сталнинг да мењам? :-)
 
Јас да сум на негово место и ова да го направиш, ќе те откачам за 3 секунди ;)
 
Девојката си има идеја и не побара од вас да и кажувате дали е глупа идејата или не.
Дада, нејзиново барање е од критична важност и сосема во ред е да бара од форум луѓе да и бараат луѓе од странство што ќе се снимаат специјално за нејзе.
Ние што и укажуваме дали е добра идејата или не, вршиме богохулие :(
Треба да си ќутиме и да и бараме луѓе :icon_lol:
И убаво си ја пиша првата реченица, човек со вакви барања не треба да отвора тема.
Кога сме веќе кај што треба/нетреба да пишуваме, како твојов пост допринесува во темава?
 
Последно уредено:
Дада, нејзиново барање е од критична важност и сосема во ред е да бара од форум луѓе да и бараат луѓе од странство што ќе се снимаат специјално за нејзе.
Ние што и укажуваме дали е добра идејата или не, вршиме богохулие :(
Треба да си ќутиме и да и бараме луѓе
:icon_lol:
И убаво си ја пиша првата реченица, човек со вакви барања не треба да отвора тема.
Кога сме веќе кај што треба/нетреба да пишуваме, како твојов пост допринесува во темава?
Bad boy Anon...

Не не не... Недај боже да пишеш за тоа дека подржуваш јавно запросување, да напраиш (иако copycat) идеја со јавно покажување на љубов.. Одма експертите ќе те напраат ментален случај, дека тоа го правиш само за да привлечеш внимание кон себе но не и кон саканата личност, дека тоа е крајно егоистичен акт и треба што попрво да му раскинеш на типот и да бараш нов.
После истите ги гледаш постираат по хуманитарки дека се човечни, дека помагаат на лица со посебни потреби, дека подржуваат протести и плачат по погреби...
Се` со цел да бидат афирмирани во една поголема маса. Кое лицемерие и двојни стандарди. И што е најтрагично - тоа е право на изговор - животот бил нефер, вака било, онака било...

Не.. не треба да ќутиме и бараме луѓе.. Доволно е само првото ако не се сложуваме со истото.
 
Мене ме цитираш а 90% од тоа што го пиша не е поврзано со мене и моите размислувања. Како да не си прочитал што пишав јас во темава.
Тоа на крај само делумно ме засега. Треба да се ќути ако не се сложуваш со нешто?
 
Мене ме цитираш а 90% од тоа што го пиша не е поврзано со мене и моите размислувања. Како да не си прочитал што пишав јас во темава.
Тоа на крај само делумно ме засега. Треба да се ќути ако не се сложуваш со нешто?
Те цитирав тебе само заради болдот.
Не треба да се молчи, но ако се нема некој конкретен одговор, подобро е да се молчи. Пак ќе го повторам болдот кај тебе
Ние што и укажуваме дали е добра идејата или не, вршиме богохулие :(
Треба да си ќутиме и да и бараме луѓе
:icon_lol:
Вториот подвлечен дел значи, не мора од црно веднаш да се префрламе на бело. Значи, ако ќутиме тоа да значи дека мора по автоматизам да бараме дечки. Или па со молчењето веднаш се карактеризира дека сме против другите и дека мора по дифолт да бараме луѓе.

Ете, пак ќе кажам, можда ти не си напраил богохулие со кажување дали е добра идејата или не, но одредени постови што прочитав од одредени членови и тоа како покажуваат колку пробуваат да испаднат категорично истурвачи на памет само за да бидат се` повеќе етаблирани од постарите хејтери тука на форумот или па демек да искажат бунтовност зад тастатурата со по мене навредливи зборови кон новозачленетата. Затоа и синдромот на доктор хаус по форумот нема никогаш да се искорени и некој кој има малку поразлично мислење ќе си рече - па што се замарам јас со хаусовци на форум, имам попаметна работа.

Девојчето нит навреди некој со нејзиниот пост, нит имало намера тоа да го направи. Едноставно си праша за совет. Тоа што другите скокнаа (еве исклучувајќи те тебе) ме изреволтира да го пишам постот. И не е само за овој случај, константно се практикува.
 
Девојката побара помош, не ви нареди да и помогнете, туку кој сака/може и слично. Идејата е интересна, можда веќе видено, али мислам би му се свиѓала на него, поготово ако е поемотивен тип на личност. :) Плус што има врска ако не е нова идејата, битно е дека на него прв пат тоа му го прави некој (претпоставка).
 
Девојката побара помош и ние сме тука да и кажеме дали идејата и држи вода или не, што во случајот одговорот е НЕ.
За разлика од женските ние машките сме далеку далеку помалце комплицирани. Нас годишнината не ни значи ништо посебно за разлика од женските. Денот кога се запознавме е еден обичен ден од 365 други. Во глобала многу работи што на женските им е од врвно и приоритено значење за нас немаат никаква смислам ни важност.
Така да девојката цела работа ја гледа од женска гледна точка и сака да го изненади дечкото а уствари сака да му придаде значење на нешто што според неа е многу битно а не дека дечкото ке му придаде значење на тоа. Да беше ситуацијата обратна и да сакаше дечкото да ја изненади девојката со некое празнување на годишнината цел муабет ке имаше смисла, но вака се е бесцелно. Пошто сака да усреќи и да изненади машко треба работата да ја гледа од машка гледна точка за да има барем малце упех. Некој погоре спомна нешто со првенстовото и тоа е еден многу добар начин да му покаже колку го сака со тоа што ке го остави нарајат да гледа фудбал без да го замара со небитни работи како годишнини и други небитни јубилеи и дати.
Или наједноставно кажано едно машко можеш многу лесно ке го направиш среќно само треба да се придржуваш до овие две правила. Полн стомак и празни јајца. Толку. Ништо комплицирано, ништо тешко.
 
beware...trolls everywhere. Како што кажа и типацот над мене , немора да се одбележи како незнам што да е, доволно е едно минимално внимание - вечера или било шо и доста му е.
 
Во ред е идејава ама да беше автентична. Ова е да речам веќе видено и некако ми губи смисла бидејќи ако не живее на месечината познато му е ова.

Еве за пример ќе ги земам јавните запросувања, на почеток беше слатко после толку го исфорсираа што стана дури одвратно.
Мојот совет ако планираш нешто големо како ова барем гледај да е оригинално ако не направи му нешто „помало“ ама со умисла и со некоја порака позади гестот.
 
Мој предлог, ако сакаш вистински да го изненадиш направи видео со: "Иван, Фросе е трудна!"

Одма после тоа пушти му follow up видео со: "се шалев бе, засега те сакам само!"
 
Со среќа да ви е сакањето и вечно. Убаво е да се сака. Сакањето да донесе и рожба.
А нешто ново да пробаш,нешто за прв пат нешто невидено,такви идеи да побараш од нас.
А вака. Знаеш каде се движи Иван,каде заседнува,каде учи или работи и таму да му пратиш некое изненадување и тоа во живо.
На пример некој мали слатки деца како нешто цртаат и пишуваат,а тој тоа сосем случајно да го загледа а на цртежите со срциња и цвеќиња и прегрнати сакани,ем да пишува Иван, Фросе те сака. Верувај ќе се изненади.Секако и ќе се зачуди на тоа а вие сето тоа го посматрате од страна. Или во друга прилика ама неколку пати во денот на прославата му приоѓаат така слтки некој мали дечиња и му велат „Иван, Фросе те сака“(се се тоа за него непознати деца,а вие се правите дека ништо не знаеете),дури јас би направил и мал хор од тие мали слатки деца кој пред вас двајцата на некој вечера-ноќта че испеат некоја прекрасна љубовна песна,секако и таа со име
„Иван, Фросе те сака“- е бар такви песни имам полно,а би можеле и деца да побараме(дури може и една ваква група)Picture 050.png Picture 1625.jpg Picture 050.png Picture 1626.jpg Picture 050.png Picture 1624.jpg Picture 050.png Picture 1623.jpg
јас сепак би одбрал од помалата група-предшколска............................................па со среќа денот и веселбата и со љубов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom