Се е ова кул што го пишуваш
@Lester Freamon. Генерално се слагам дека треба да се има одредено ниво на професионализам и дека треба да се има предвид дека има и те како фаќачи на кривини.
Но, ти исклучиво ја зборуваш страната на компанијата (цело време имаш као суптилен "антагонизам" кон вработени куцачи на код). Немам проблем со тие алатки за мониторинг, и у случај ако работиме различни временски зони, да имаме 4-6 саати overlap, пример со аус или уса.
Мене како родител, ми е битно да имам флексибилност и да можам да имам да завршувам/довршувам покасно и тн, секако не испуштајќи состаноци, пазејќи на deadlines и аутпут и тн. Секако, тоа, remote и кешот.
Но, каде е заебот овде...
Ајде еве, од старт на вашава кариера па до ден денес... колку од вас сте дремеле после работа, за викенди и сте/сме гинеле по Х саати за ич пари ?
Во короната кога луѓе очите си ги оставаа за corporate tech overlords, а они мрсија бркови со рекордни профити ?
Сме останувале покасно за да научиме некој tool кој и те како е од потреба на компанијата, за да на компанијата олеснуваме процеси, штедиме трошоци и носиме пари ?
Треба да се биде реален и да се каже дека огромен дел од компанииве мали, големи, продуктни, сервисни небитно експлоатираат до ниво на бесвест.
И баш таа одбивност се јавува откако новиот вработен мотивиран дава огромни напори во новата компанија, не знаејќи дека од тоа што останува по 10+ саати нема ништо да добие освен тапшање по рамо. Тие ја искористуваат љубопитната природа на луѓето во индустријава и желбата за учење кај работниците во технолошкиот сектор.
Компаниите буквално растат и профитираат на грбот на луѓе кои работат прекувремено, без да бидат платени за тоа. Тоа се прави суптилно, со култура на dedication, ownership, или we’re a family реторика, каде што реално се очекува секој да даде повеќе од она што е во договорот.
Ќе земе Ленче 2-3-4 години ќе се остави од работа по 10 саати, на 100 release calls, ќе гасне пожари константно, за да добие 5% raise и ќе гледа како Сузица станува lead пошто го пушела на шефот, голем викиншки европеец, градско дете од факинг Бристол, Ајндховен или Штутгарт
Иронично, токму тие најпосветени вработени — кои остануваат по 10+ часа, кои одат екстра и кои сакаат да докажат дека вредат — најчесто се оние кои подоцна завршуваат со брнаут, или со чувство дека колку и да даваат, никогаш не е доволно. А компанијата, наместо тоа да го награди или барем препознае, го претвора во стандард.
Што правиме со таквите луѓе ?
Верувам дека ваквиве се горе доле во ист број како и фаќачите на кривини.
Недај боже да спомнеш да ти платат пари затоа што си останал подолго на работа и да средиш нешто, документираш или што год. Очи ќе ти извадат.
И се тоа за мочани 5% raise годишно.
Се супер, ама треба да се истакнат и двете страни од монетата.