- Член од
- 14 јули 2017
- Мислења
- 692
- Поени од реакции
- 1.415
- Возраст
- 23
И баш би сакал да има build in public форум кај што ќе си отвори тема секој што почнува нешто да прави и ќе прима сугестии, критики, насоки и помош. Од кај знаеш можда ќе изникне некој јуникорн на кајгана.
За вакво нешто скрос се слагам, пошто повеќе пати сум имал идеи за продукт кој што мислам дека би успеал, и не само јас туку и други околу мене на кој што сум му а пичувал идеата, ама на крајот ништо од тоа не стигнало ни до MVP верзија, чисто од причина што по одредено време ми стануе досадно да работам сам на нешто и да градам сам, а втора работа е сум ударал во ѕид некаков и после тоа не знам како да продолжам. Под воа ударање во ѕид не значи дека не сум можел да најдам решение, сум можел, ама не решение со кое што би бил јас задоволен и решение кое што е добро.
Од друга страна пак, за воа последното што го пишав погоре, изгледав интересно видео каде што нема потреба за почеток да се праве overengineering на ствари, се дур немаш клиентела поголема, нема потреба од микросервиси и не знам какви комплексни архитектури.
Инаку, колку и да е лоша моментално индустријата, сепак мислам дека програмирањето/софтверското инженерство како струка вреде сеуште да се уче баш од таа причина што во иднина би а имал слободата да пробаш да изградиш свој продукт.