Не си ми го разбрал постот. За жал стандардите во ИТ стварно се опаднати последниве 4-5 години.
Не ти е фирмата фамилија па ќе се бориш за неа да ја спасуваш и оправаш. Најголемата казна за една фирма е кога вработените си одат. Ако луѓето не ги толерираа фирмите што прават срања и си одеа кога срањата ќе почнат, немаше да има фирми што прават срања. Просто ко курац.
Го зборам ова затоа што сум го доживеал. Се ебавав и карав со менаџментот и ништо не се смени. Откако си заминавме 3-4 вработени, одма им ги подобрија условите на останатите. Ама за жал не траеше долго тоа, слушам пак се вратени на истото. И сеа кај и да е ќе почне нов циклус. За цело тоа време фирмата си тера и профитира. Само затоа што има луѓе што трпат и се "борат" за подобри услови.
Проблемот е што премногу гледаш низ твоја перспектива, што ти си доживеал и слично. No one cares за тоа.
Јас не реков дека фирмата е фамилија и ќе ја спасуваш или пак емотивно треба да се врзеш со неа. Таман работа. Баш напротив. Прецизно собираш факти, аргументи и wrongdoing од твојот работодавец за да ладно им го плеснеш у фаца кога ќе почнат да ти се закануваат.
Тоа да си дадеш отказ и ќе им направиш штета беше пред 4-5 години кога ИТ фирмите молеа за кадар па најголема казна беше да им заминеш.
Сега е друго време. Буквално ќе им направиш услуга ако си заминеш од прва и при првиот притисок/стега од HR и менаџмент.
Вештачка интелегенција, оптимизации и слично. Толку се перфидни што те тераат да работиш на автоматизација која ќе те замени за после да те шутнат и некој чат бот да ја работи работата.И треба да си глупа за да им прифатиш и стварно тоа да им го направиш, наместо да забушаваш.
А може да биде сосем поинаку на крајот на краиштата ако се има искрен, чесен и директен пристап од страна на фирмата.
На пример ти викаат немаме проекти, не можеме да те платиме, извини, ние зезнавме, Sales луѓето ни се крш, ќе одиме у стечај, ставаме клуч на врата таква е индустријата јебига, не е до тебе до нас е. Дали може да се најдеме некаде.Ова е сосем океј пристап.
Реалноста:
#1.Чекаат да ти заврши договор паралелно со завршувањето на твојот проект, да цицнат пари и да не ти го продолжат со изговор дека не си culture fit.Значи ти на улица, они со парите у џеб.
#2. После тоа се фалат по социјални мрежи дека се успешни а у исто време у позадина имаат layoffs
#3. Коваат планови со HR окулу омилени лица на менаџментот и прават списоци за отстрел со изговори кои се банални и немаат врска со договорот за вработување. Пример не си ја сакала розевата боја или не си у наш клан и ај чао.
Како бе така, чекајте малце другари.